Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Декларации на козметички производи и анализа на состојки

Дискусија во 'Тело' започната од Biodevojka, 6 декември 2015.

  1. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Се работи за овој производ:

    Water, Cetearyl Alcohol, Cetrimonium Chloride, Glycerin, Hydrolyzed Ceratonia,Siliqua Seed Extract, Zea Mays Starch, Hydrolyzed Keratin, Phenoxyethanol,Disodium EDTA , Parfum, Sodium Benzoate, Potassium, Sorbate, Citric Acid, Vanilyl Butyl Ether, Capsicum Frutescens Resin, Linalool.
     
  2. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, од декларацијава сигурно станува збор балсам или маска за коса. Не е комплетно природно како формула, ама не е лошо. Нема силикони како кондиционатор употребен е Cetrimonium Chloride (мене лично повеќе ми се допаѓа роднината Вehentrimonium Chloride) благодарение на кој одлично ја омекнува косата. Многу подобра варијанта во секој случај од силиконите (за среќа нема силикони). Замислата е убава содржи кератин, Наместо Disodium EDTA можеле да стават Еtidronatе ама како што кажав не е лош. Како и да е ќе ти даде убав ефект врз косата, ќе ја омекне и ќе ја направи посвиленкаста на допир.
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20200919_141537.jpg @Biodevojka sto mislis za ovoj sostav na kremava Pantenol? Pozdrav:)
     
  4. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга може ли комплетната декларација на латински? Така многу подобро можам да видам која состојка во кој процент е употребена. Вака поделени на активни и пропратни состојки можно е и да не се наредени по ред. МНогу мразам вакви декларации. Сакам онаа класична декларација каде состојките се ставаат од онаа со најголемо прсуство кон онаа со најмало присуство итн. Убаво наредени. Постирај ми декларација и сѐ ќе ти кажам но проблем.
     
  5. papillonP

    papillonP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.544
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka ако може мислење за составот, едното е мицеларна вода другото крема за лице.
    119811924_414339076198130_9105461686278669518_n.jpg
    119774407_3280277002009028_228556503636243543_n.jpg
     
  6. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга мицеларната е ок не е лоша, состојки и комбинации. Нека не те плаши пентилен гликол не е исто што и пропилен гликол (кој апсолутно треба да се избегнува) во овој случај е ставен како помош на конзервансите.
    Вториот не ми се допаѓа воопшто затоа што има силикон, има ПЕГ кој иако се во мала количина сепак, подобро е да не ги нанесуваме на кожата.
     
    На papillonP му/ѝ се допаѓа ова.
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.630
    Допаѓања:
    106.638
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    @Biodevojka може мислење за рол онот на сликата? Мм го купил за ќерка ми , каков е составот?
     
  8. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга моја, како производ не е лош. Би требало да биде како рол он (барем според составот со оглед на тоа што е емулзионирано). Функционира преку синергија на две прекрасни состојки zinc ricinoleate и Triethy citrate. Ова е класичен микс на состојки кај природни деодоранси поради фактот што триетил цитрат, кога ќе дојде во контакт со нашиот организам при зголемување на пХ вредноста (при потењето) се разредува на две молекули односно: етил алкохол и лимонска киселина.
    Етил алкохолот го намалува размножувањето на бактериите, додека лимонската киселина ја спушта (намалува) пХ вредноста и со тоа го спречува дејството на бактериите. Цинк рицинолеатот од друга страна пак е познат како “апсорбирач на мириси“ и негова цел е да го апсорбира лошиот мирис на бактериите кој потоа е неутрализиран од страна на триетил цитратот преку намалување на пХ вредноста. Затоа многу често овие две состојки одат заедно во еден убаво формулиран деодоранс, бидејќи се надополнуваат.
    Системот на конзервирање е феноксиетанол и етилхексил глицерин кој е сосема ок (до пред извесен период не се знаеше дали феноксиетанолот е добар како конзерванс за децата, меѓутоа потоа излезе науќно истражување кое потврди дека е ок нема никаков проблем да се користи во козметика за деца). Има екстракт од камилица и бисаболол (кој кас лично го обожавааааааааам, кој ито така е добиен од етеричното масло на камилицата) го прават овој производ убав и нежен. Јас би ти рекла ок. Поздрав.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    45.164
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20200923-213512_Gallery.jpg
    Screenshot_20200923-213524_Gallery.jpg
    @Biodevojka како ти изгледа составот?
    Спреј за коса е, мислам за заштита од топлина.
    Ме загрижува алкохолот малку, да не ми ја суши косата?
    Ти благодарам.:f:
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    За жал драга можно е. Во производи за коса каде нема масна квота можно е да суши. Зависи од процентот во кој е ставен, ама овде гледам дека е на доста висока позиција.
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    45.164
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на мислењето. :)
    Јас ставам малку масло на врвовите на косата додека е сеуште влажна, по миењето, па прснав од спрејот потоа, и не забележав дека ми ја суши. Но тоа можеби поради маслото.
    Мислам дека ќе го користам така, по маслото, само кога ќе ја сушам со фен/пеглам, па ќе видам како ќе биде.
    :hai:
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. A&A

    A&A Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2020
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka moze malku pomos dobra li e deklaracijata na samponot; go zemav za zastenje na kosata,za rast na novi vlakna no dobiv kontra efekt,pocna mnoguu da mi paga,gi deklariraat kako prirodni?!?!?!?? FB_IMG_16010150005534753.jpg
     
  13. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга има силикони, има кокамид МЕА кој е доса агреивен во една формула (овде се обиделе да го ублажат со иликони...формулата не е природна и не би можела да ти кажам ок. Ти секако доколку сакаш користи го, ама јас за себе лично не би го земала.

    Драга сигурно маслото прави еден вид на дополнитела заштита. Ако е ок така користи го секако. Поздрав.
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Aqua, Sodium Ascorbyl Phosphate, Aloe Barbadensis Leaf Juice, Dimethyl Sulfone, Citric Acid, Phenoxyethanol, Sodium Hyaluronate, Ethylhexylglycerin, Citric Acid, Sodium Benzoate, Potassium Sorbate

    @Biodevojka се работи за витамин Ц серум :inlove:
     
  15. papillonP

    papillonP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.544
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka што би рекла за овие?

    1. Body Cream
    Ingredients: AQUA/WATER/EAU, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, GLYCERIN, PRUNUS AMYGDALUS DULCIS (SWEET ALMOND) OIL, HYDROGENATED POLYDECENE, GLYCERYL STEARATE CITRATE, AMMONIUM ACRYLOYLDIMETHYLTAURATE/VP COPOLYMER, BUTYROSPERMUM PARKII (SHEA) BUTTER, DECYL COCOATE, PARFUM/FRAGRANCE, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE, ALPHA-ISOMETHYL IONONE, ALTHAEA OFFICINALIS ROOT EXTRACT, CAPRYLYL GLYCOL, CITRAL, CITRONELLOL, COUMARIN, SOYBEAN) OIL, HEXYL CINNAMAL, LACTIC ACID, LIMONENE, LINALOOL, MAGNESIUM PCA, MANGANESE PCA, METHYL 2-OCTYNOATE, OLEA EUROPAEA (OLIVE) FRUIT OIL, OLEA EUROPAEA (OLIVE) LEAF EXTRACT, PANTHENOL, PHENOXYETHANOL, POTASSIUM SORBATE, ROSMARINUS OFFICINALIS (ROSEMARY) LEAF EXTRACT, SODIUM BENZOATE, SODIUM GLUCEPTATE, SODIUM PCA, ZINC PCA.

    2. Cleansing Gel
    Ingredients: Aqua/water/eau, methylpropanediol, chamomilla recutita (matricaria) flower water, sodium laureth sulfate, hydroxyethyl cellulose, cocamidopropyl betaine, peg-7 glyceryl cocoate, xanthan gum,sorbic acid, parfum/fragrance, tetrasodium edta, allantoin, macadamia integrifolia seed oil, limonene, sodium hydroxide, citric acid, chamomilla recutita (matricaria) flower extract, sodium benzoate, potassium sorbate
     
  16. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга не знам каде ја имам видено оваа декларација сигурно некоја членка ми ја има покажано од форумов, ми изгледа многу позната како декларација. Идејата е убава сакале убав серум да направат, единствено нешто што неми се допаѓае MSM или Dimethyl Sulfone. Прво и основно според мене нема потреба да се стави во еден ваков серум, второ има дејство на солвент, односно разредувач (овде процентот не е висок ама ајде мора да го напоменам и тоа). Како производ не можам да кажам дека е тетен, само нема многу смисла таа состојка. Секако изборот е твој. ПОздрав.

    Драга и двата не се природни, ама од аспект на формула комплетно земено подобар е вториот. Првиот е многу синтетеички (дури и акрилати содржи) а со оглед на тоа што не е природна ниту пак органска козметика, мислам дека полидеценот е од нафтено потекло. Вториот производ не е комплетно природен, ама за еден производ на измивање најважен е миксот на сурфактанти кој овде е одлично искомбиниран, што значи дека производот не е воопшто агресивен. Има еден пег (кој за среќа е низок број) и што е важно системот на конзервирање е природен. Во целост земено како производ не е лош. Поздрав
     
    На papillonP и ladydy13 им се допаѓа ова.
  17. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    45.164
    Пол:
    Женски
    ingr.PNG
    @Biodevojka ќе може мислење за декларацијата?
    Се работи за крема за лице. Прв пат се сретнувам со брендот па ме интересира. Благодарам.:)
     
  18. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    525
    Пол:
    Женски
    Извини што ќе ти упаднам, ако мислиш на i+m feuchtigkeitscreme hydro perform, можам да ти кажам дека е одлична.
    Општо брендот i+m има многу квалитетни креми со убави и делотворни формули и нешто нетипични формули за „Германската козметичка школа“. :)
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    45.164
    Пол:
    Женски
    Точно така, на i+m е кремата. Преубаво ми го прави лицето, екстра хидратација, плус меко. :inlove:
    Дефинитивно размислувам да ги пробам и другите производи од оваа линија. Туку, во тоникот има алкохол на така повисока позиција, па се плашам да не ми ја иритира кожата.:(
    Ова е декларацијата од тоникот:
    INGREDIENTS (INCI): AQUA, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE * ( ALOE VERA *), GLYCERIN * (VEGETABLE *), ALCOHOL *, POLYGLYCERYL-10 LAURATE, ROSA CANINA FLOWER EXTRACT * ( ROSE *), CITRUS PARADISI FRACTU * ( GRAPEFRITU. *) *), CARICA PAPAYA FRUIT EXTRACT * ( PAPAYA *), PERFUME **, SODIUM PCA, SODIUM PHYTATE, CITRIC ACID, CITRONELLOL **, GERANIOL **, LIMONENE **, LINALOOL **

    Ти благодарам на мислењето!:)
     
  20. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Се соглаувам со Ева ова е нетипична формула за германски проиавод, воопшто не го следи шаблонот на сите германски марки (Др. Хаушка, Алверде, Weleda). Многу убаво формулирана, изборот и комбинацијата на масла е прекрасна што е многу важно за еден производ, потешки со полесни масла и путери. Најискрено немаше никогаш да кажам дека станува збор за германска марка, повеќе ми личи на француските формули за органска козметика од типот На Гамард, Флеуранс итн...
     
    На eva993 и Luminary им се допаѓа ова.