Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Декларации на козметички производи и анализа на состојки

Дискусија во 'Тело' започната од Biodevojka, 6 декември 2015.

  1. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга тоа за миење малку е агресивно според мене. Има само два сурфактанти и тоа не се најдобро избалансирани. Од кремите првиот е ок иако не е комплетно природен ама барем формулата е ок, а вториот сигурно има СПФ ама со оглед на тоа што е хемиски би ти рекла не. На крај одлуката е твоја.
     
  2. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka може мислење за составот. Се работи за крема против стрии, бремена сум, дали е сигурна за користење.
    IMG_20201106_141429.jpg
     
  3. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Доколку си бремена наједноставно бадемово масло ќе заврши работа. Овој има петролатум на втора позиција што значи дека и базата е таква. Верувај ми може да земеш било кое масло на благо навлажнета кожа двапати дневно или сама да си направиш маслен крем односно путер. Земи 100 гр. шеа путер и почни да го работиш со помош на еден миксер (како оној за шлаг за торта). Кога малку ќе омекне додади 35 гр. масло (маслиново, арган, авокадо...она што сакаш). Продолжи да работиш со миксерот додека сѐ убаво да се спои. Стави ја смесата во едно празно кутиче и твојот путер е готов.
     
    На senza.parole, Thallia и IRBBB им се допаѓа ова.
  4. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka ти благодарам до бескрај! :sun:
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Во секое време драга. Поздрав
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  6. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    Ја направив смесата, прекрасна е на кожата.
    Имам еден проблем. Многу ми е силна миризбата на шеа путерот. Советувај ме каква арома да ставам за да ја прикријам?
     
  7. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Кој месец си бремена?
     
  8. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    Утре во втор триместар влегувам.
     
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    Каков шеа путер купи?
    Имав едно малечко 100% шеа од L'Occitаne, апсолутно никаков мирис немаше. Мислам, ептен треба да го вдишуваш за да осетиш блааага оревкаста миризба, инаку ништо.
    Баш мислев да купувам поголемо а поисплатливо, пиши ми да знам од кој да не земам штом мириса.
     
  10. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    IMG_20201109_142111.jpg
    Органски сиров шеа путер на био космос. Многу интензивно и тешко мириса.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  11. skin.aficionado

    skin.aficionado Активен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2020
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Да се убацам и јас, во последно време го растопувам шеа путерот со малку бебешко масло за тело. До некаде го маскира мирисот. :)
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга лично не ти препорачувам етерични масла и мириси...Сигурно го имаш земено на Биокосмос путерот тој мириса затоа што е чист нерафиниран. Ако сакаш да не мириса тогаш земи го на Институт органика чист е ама рафиниран (избелен и без мирис).

    п.с. откако го пишав ова видов дека од биокосмос си го купила. Мене лично ми се допаѓа мирисот воопошто не ми смета. Го користам за сѐ...
     
  13. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    Штом е така, ќе морам да земам нов и одново да ја направам смесата. Кожата ми е милина, ама ептен ми е тешка миризбата. :|

    Ти благодарам во секој случај. :*
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    2.601
    @Biodevojka
    Што мислиш за составот на маската за коса и овие тоници за лице?

    Aqua/Water, Cetearyl Alcohol, Prunus Amygdalus Dulcis Oil/Sweet Almond Oil, Helianthus Annuus Seed Oil/Helianthus Annuus (Sunflower) Seed Oil, Cetrimonium Chloride, Macadamia Ternifolia Seed Oil, Chenopodium Quinoa Seed Extract, Cocos Nucifera Oil/Cocos Nucifera (Coconut) Oil, Gardenia Taitensis Flower Extract, Rosmarinus Officinalis Leaf Extract/Rosmarinus Officinalis (Rosemary) Leaf Extract, Tocopherol, Behentrimonium Chloride, Isopropyl Alcohol, DPanthenol, Parfum/Fragrance, Ethylhexylglycerin, Propanediol, Sodium Phytate, Citric Acid, Sodium Benzoate, Phenoxyethanol, CI 16035 (Red 40), CI 19140 (Yellow 5).

    Aqua, Glycerin, Propylene Glycol, Citrus Grandis (Grapefruit) Seed Extract, Hamamelis Virginiana Leaf Extract, Centella Asiatica Extract, Phenoxyethanol, PPG-1-PEG-9 Lauryl
    Glycol Ether, PEG-40 Hydrogenated Castor Oil, Citric Acid, Sodium Benzoate, Potassium Sorbate.

    Aqua, PEG-6 Caprylic / Capric Glycerides, Triethyl Citrate, Mandelic Acid, Panthenol, Niacinamide, Aloe Barbadensis Leaf Juice, Parfum, Lactic Acid, Glycolic Acid, Citric Acid, Malic Acid, Salicylic Acid, Glycerin, Hydrogenated Castor Oil, Melaleuca Alternifolia Leaf Oil, Propanediol, DMDM Hydantoin, Iodopropynyl Butylcarbamate, Cetrimonium Bromide, Sodium Benzoate, Potassium Sorbate, Sodium Hydroxide, Hexyl Cinnamal.
     
  15. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга маската е ок ми се допаѓа не е комплетно природна ама не е лоша. Има огромно омекнувачко дејство врз косата. Тониците не ми се допаѓаат. Поздрав
     
    На ana-sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.630
    Допаѓања:
    106.636
    Пол:
    Женски
    Драга @Biodevojka го порачсв овој серум од deciem , ме интересира што мислиш за составот и дали може да се нанесува заедно со хијалуронската киселина ?

    [​IMG]
    Ingredients
    Aqua (Water), Glycerin, Lactococcus Ferment Lysate, Copper Tripeptide-1, Acetyl Hexapeptide-8, Pentapeptide-18, Palmitoyl Tripeptide-1, Palmitoyl Tetrapeptide-7, Palmitoyl Tripeptide-38, Dipeptide Diaminobutyroyl Benzylamide Diacetate, Acetylarginyltryptophyl Diphenylglycine, Sodium Hyaluronate Crosspolymer, Sodium Hyaluronate, Allantoin, Glycine, Alanine, Serine, Valine, Isoleucine, Proline, Threonine, Histidine, Phenylalanine, Arginine, Aspartic Acid, Trehalose, Fructose, Glucose, Maltose, Urea, Sodium PCA, PCA, Sodium Lactate, Citric Acid, Hydroxypropyl Cyclodextrin, Sodium Chloride, Sodium Hydroxide, Butylene Glycol, Pentylene Glycol, Acacia Senegal Gum, Xanthan Gum, Carbomer, Polysorbate 20, Dimethyl Isosorbide, Sodium Benzoate, Caprylyl Glycol, Ethylhexylglycerin, Phenoxyethanol, Chlorphenesin
     
  17. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Драга како производ не е комплетно природен ама не е ни лошо формулиран. Која е цената на производот? Прашувам бидејќи мојата главна преокупација е следново, доколку производов има навистина ниска цена во тој случај дека процентот на пептиди е толку низок што присутни се траги од пептидите. Јас пред извесен период купив пептид (чист) шишенце од 10 мл. го платив 15 евра (во кремот се става од 2 до 5% значи шишенцето ми е за две до три креми максимум). Гледајки ја целата формула на производот има многу други состојки,сметам дека пептидите не се во голема количина и нема некој виден ефект да имаш. Ама ако цената е многу висока во тој случај грешам. Поздрав.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.630
    Допаѓања:
    106.636
    Пол:
    Женски

    22 евра, со попуст :) инаку шишенцето е од 30мл
     
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    Не сум стручна за составот, но од искуство - производот е предобар и видов ефекти после неколку месеци употреба. Нема да видиш од едно шишенце, но дефинитивно ја обновува кожата и ја прави понежна. Сега сум на пауза, ама ќе си го нарачам за во залиха. Сега го има и во некоја гел-формула, би требало да е поконцентриран така ама е и поскап.

    Инаку, баш нивната препорака е да се користи ова, па хијалуронска, па hydration vaccine.
     
    На thelittle17 и koritsaki им се допаѓа ова.
  20. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    И јас како @LivingGlam не можам да ти кажам ништо околу целокупниот состав и формулација, но во однос на прашањето за комбинирање со хијалуронска киселина, би ти рекла дека веќе во самиот производ ја има - Sodium Hyaluronate Crosspolymer и Sodium Hyaluronate, а плус и втората состојка ти е Glycerin, што е исто хидрирачка состојка. Има уште неколку други хидрирачки состојки, ама еве овие ги издвоив. Така што, не е дека не би можела да ги користиш заедно, туку не знам дали има потреба, да не го трошиш серумот со хијалуронска киселина беспотребно, наместо да го користиш во комбинација со други производи кои не ти нудат многу хидратација.

    Инаку, во многу голем дел од производите што се рекламираат дека содржат хијалуронска, не содржат чиста хијалуронска киселина, туку нејзината сол - Sodium Hyaluronate, која има помала молекула (може подлабоко да навлезе во кожата) и е постабилна од чистата хијалуронска киселина, па затоа и се користи повеќе. Sodium Hyaluronate Crosspolymer е полимер (ланец) со повеќе молекули на состојката.

    Всушност, конкретно за сите производи од ТО каде што се вели дека содржат +HA (Hyalyronic Acid), содржат Sodium Hyaluronate, ова ти е дури и втора состојка во Hyaluronic Acid 2% + B5. Сигурно можеш да ја најдеш истата состојка и во хидратантната крема, како и во други производи што тврдат дека содржат хијалуронска киселина. Веројатно овде не споменуваат дека ја има во името на производот бидејќи приоритет во рекламирањето им се пептидите.

    Но, тие што го пробале серумот можат да ти кажат дали имаат потреба за дополнителна хидратација или не, можеби не им е доволна хидратацијата само од овој серум, особено ако имаат сува кожа :).
     
    На koritsaki и LivingGlam им се допаѓа ова.