Здраво драга не е комплетно природен како производ има и по некој силикон. Не се во голема количина, ама сепак се присутни. Изборот е твој.
Здраво драга базата е многу мнгоу агресивна. Има преголема измивачка моќ и може да ти направи проблем. А да не правам муабет за хемиските состојки и силикони во самата формула. Ја лично за ебе не би го земала, а ти секако имаш право на избор.Поздрав.
@Biodevojka што мислиш за овој состав? Се работи за путер за тело, имам сува кожа склона кон акни на грб, гради, раменици..(дополнително ја досушив кожата со препаратите против акни, моментални користам само дове сапун поради тоа што не содржи сулфати и 2\3 пати во неделата пилинг со шекер,мед,сода и кокосово масло понекогаш и лимон.
@Biodevojka ако може да ми кажеш дали се добри состојките на гелот за чистење и за каква кожа е наменет?
Драга да бидам најискрена мене не ми се допаѓа воопшто како производ. Може да најдеш многу подобро. Драга за акни на грбот земи го ова за миење. Одлично е не ја суши кожата и доста помага Ова што ми го покажа за нега на телото ок е. Поздрав
@Biodevojka ако може твој предлог за чистење на лице за сува и дехисрирана кожа? @Biodevojka по грешка го земав наместо тој за опаѓање на косата.Дали е добар или да со го купам и тој пеотив опаѓање?Кои се бенефитите од овој и дали му е добар составот?
Драга шампонот е ок користи го слободно. Инаку за миење на лице земи го млекото на Натура Сиберика феноменално е. Го има на Bellina.mk.
И јас го имам моментално, супер е тоникот. Целата линија со бреза е многу убава (гел за миење, тоник, серум и крем).
Девојки, страницата подолу е како речник за состојки, не знам дали некој ја прикачил претходно тука. Сите можни состојки што ги има во производи за кожа (и коса) ги има по азбучен ред, а лево од нив пишува дали се best, good, average, bad и сл. Се надевам ќе ви биде корисна https://www.paulaschoice.com/ingredient-dictionary
За сончање е ова? Јас не би, има октокрилен, другото така така. Има доста лосиони без оваа состојка за која е докажано дека е канцерогена под дејство на УВ зраците.
Изборот секако е твој. Јас лично не користам средства за сончање што содржат октокрилен, генерално избегнувам средства со хемиски филтри.