@koritsaki драга кога ја видов апликацијата помислив да не треба да си нарачам нешто ахахаххаа. шала на страна, кремава е без силикони и нафтени деривати, солидно формулирана (има и синтетички состојки). Е сега, на втора позиција има алкохол кој не знам во колкав процент е ставен, ама глицеринот кој во кремите за масна кожа, (а ова ми излгледа на крем за масна кожа) е најчесто околу 3%, (секако не можам а кажам со прецизност колку ставиле) значи дека алкохолот може да е од 5 до 7% (секако ова е прогноза може и помалку а може и повеќе). После конзервансот phenoxyethanol кој во козметиката се користи најмногу 1% (а може и помалку, 1% му е лимит дозволен од ЕУ) сѐ што гледаш во кремата односно сите состојки под овој конзерванс се под 1%. Така да маслата, екстрактите, хијалуронската киселина, вит. Ц сѐ е помалку од 1% а можеби и 0,5% во целата крема. Поздрав.
Ти благодарам на брзиот одговор @Biodevojka сега имам крема моментално таа на La roche posay но бидејки ти ми имаше кажано дека има силикони , кога ќе ми заврши сакам да земам некоја друга а оваа ми изгледа примамливо инаку да за комбинирана до мрсна кожа е. Исто така што претходно заборавив да го наведам , имам читано по блогерки дека несмее кремава да се користи преку ден поради витаминот ц , а па од друга страна продавачката ми рече дека нема врска може и ден и ноќ да се користи. Ама штом викаш дека нема многу витамин ц внатре тогаш не би преставувало проблем за утринско користење.
Здраво драга, ако ја користиш летно време без разлика на составот сепак ти препорачувам заштитен фактор врз неа. јас и кога ставам најобични креми (во смисла фотостабилни) секогаш ставам фактор 50 затоа што сонцето може да направи вистинска штета на кожата. Или пак користи ја само навечер. Поздрав.
Формулата на производот е блага, не е агресивен СЛЕС е избалансиран со бетаин па потоа доаѓа солта во декларацијата. Лично не ми се допаѓаат ПЕГ (нормално нафтени деривати се) особено оној високиот 120 ама ова е мое лично мислење, можеби во оваа формула се неопходни. Според мене овој гел има функција само да измива (да го отстрани вишокот на себум), затоа што не гледам некои екстракти кои ќе делуваат на проблематиката на масна кожа склона кон акни. Поздрав.
@Biodevojka, еве ја декларацијата на рол-онот од Yves Rocher. Парабени најверојатно нема (или се лажам?), но ете гледам алуминиум и во овој состав. А баш е погоден за осетлива кожа, не се случило никогаш да ме пече по нанесување или да ми направи иритација, за разлика од рол-оните на Алверде кои очигледно не ми одговараат. Spoiler: Со блиц
Здраво, за жал има алуминиум и тоа алуминиумова сол која побрзо се таложи во организмот за разлика од потасиум алум кој побавно се таложи ама крајниот ефект е ист. Парабени нема, меѓутоа воопшто не ми се допаѓа (мене лично) антиоксидансот односно BHT при крајот на декларацијата наместо кој можеле да стават витамин Е. Поздрав. п.с. жал ми е што алверде не ти одговараат секако една козметика не може да биде супер за сите, ама пробај некој друг рол он без алуминиум како ла сој или др. хаушка. Видов нова линија на деодоранси и рол он на санте имаа и органски парфеми (на штандот на логона во Сити Мол), немав време да ги разгледам, ама прва прилика и дефинитивно нешто ќе пробам. Санте е доста поевтина од логона на пример балзамот за коса помнам дека беше 350 денари за разлика од логона кој кошта околу 700.
@Biodevojka Дали можеш да го разгледаш овој состав? Се работи за антиперспирант на Nivea Pure and natural action, без алуминиум. Ingredients: Butane, Alcohol Denat, Isobutane, Propane, Butyloctanoic Acid, Ethylhexylglycerin, Methyl Phenylbutanol, Octydodecanol, Propylene Glycol, Aqua, Linalool, Butylphenyl Methylpropional, Alpha-isomethyl Ionone, Geraniol, Citronellol, Parfum
Не е секако природно, ама за Нивеа не е лошо. Ми се чини дека ова е најсолидна декларација на традиционален деодоранс што ја имам видено до сега. Секако има и подобри, ама има и полоши. Поздрав.
@Biodevojka, ова е декларација од крема за лице. Ја добив на поклон од другарка, па дали вреди да се користи или има штетни состојки? Имам проблематична кожа и ми е страв да експериментирам.
Здраво драга секоја кожа различно реагира и дури и најдобрата органска крема би можела да ти даде реакција, тоа е индивидуално и за тоа не може да говорам. Кремов има сѐ она за кое многупати имам говорено: има течен парафин, има петролатум, има ПЕГ 100 има силикон, има ланолин, има парабени и плус 2-BROMO-2-NITROPROPANE-1,3-DIOL испушта формалдехид, а штета затоа што има и убави состојки како секрет од полжав, екстракт од камилица. Јас лично не би го користела затоа што е спротивно на она за што се залагам, меѓутоа не би можела да ти кажам дали да го користиш или не, затоа што одлуката треба да биде твоја. Поздрав.
Здраво, оваа веќе ја имам видено ми се чини во темата за мајки ако не се лажам. Кремава е сосема ок, единствено е што има Sodium Acrylates/C10-30 Alkyl Acrylate Crosspolymer, кој не е баш најдобар, ама е во ептен мал процент. Инаку другите состојки се сите ок. Како и да е подобра е од многу други традиционални креми кои сум ги видела. Поздрав.
Здраво драга ја префрлам овде твојата порака да може и другите да ја видат. Од декларацијата што ми ја приложи, да немаше кремава три четири состојки кои не ми се допаѓаат затоа што не се во склад со она за кое се залагам, овој производ ќе беше супер. Има прекрасни состојки како козјо млеко, витамин А, маслиново масло, меѓутоа штета што има присуство на ПЕГ, силикон (диметикон), и секако DMDM hydantoin кој испушта формалдехид. Има два хемиски филтри едниот е Butyl Methoxydibenzoylmethane кој е нестабилен меѓутоа во формулата е стабилизиран благодарение на octocrylene, значи од аспект на фотостабилност односно заштитни филтри, кремов е стабилен, односно ок (иако јас лично секогаш претпочитам физички филтри наместо хемиски). Како и секогаш, изборот е твој. Поздрав
@Biodevojka Што мислиш за составот на оваа крема за околу очи на Алверде: AQUA HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL* PRUNUS AMYGDALUS DULCIS OIL* GLYCERYL STEARATE CITRATE CETEARYL ALCOHOL SUCROSE STEARATE RHIZOBIAN GUM XANTHAN GUM OLEA EUROPAEA* CENTAURIUM UMBELLATUM* QUERCUS ROBUR* CARPINUS BETULUS* ALCOHOL* SODIUM HYALURONATE PHYTIC ACID TOCOPHEROL CITRIC ACID SODIUM BENZOATE POTASSIUM SORBATE BENZYL ALCOHOL *ingredients from certified organic agriculture И дали може да се користи од 26 години, зошто гледам има хијалурон?
Здраво драга, кремов е супер, јас го немам видено со оваа декларација, оние кои ги имам видено беа со друг состав. Го има кај нас во Ск? Како му е името? Многу убава комбинација на масла, омекнува, храни, хидрира и можеби има блага избелувачка моќ за темните кругови, со еден збор дава свежина на кожата. Хијалуронската киселина има функција да ја задржи хиратацијата во кожата и нели има и анти ејџ ефект. Кремов како состав многу ми се допаѓа. Е сега што се однесува до твојата возраст, јас лично не би препорачала хијалуронска пред 30 години (по 30 години се намалува производството на колаген и кожата има потреба од одредени состојки надворешно), според мене нема потреба. Доволно е да ја хидрираш кожата со некој крем кој е едноставен, меѓутоа одлично хидрира и храни. Секако ова е мое мислење, доколку професионалец како дерматолог ти рече да користиш нешто слично секако послушај го. Јас за себе кога би требало да бирам на таа возраст би одбрала нешто поедноставно кое ќе ја оддржува еластичноста на кожата, а за три години може слободно да почнеш да ја користиш. Поздрав.