Декларации на козметички производи и анализа на состојки

Дискусија во 'Тело' започната од Biodevojka, 6 декември 2015.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.170
    Допаѓања:
    19.124
    Пол:
    Женски
    ethyl acetate, butyl acetate, nitrocellulose, adipic acid/neopentyl glycol/trimellitic anhydrite copolymer, isopropyl alcohol, acetyl tributyl citrate i inne

    Дали може некој да ми помогне со анализа на овие состојки?
    Или проверен вебсајт да проверам сама?

    Или доколку имате, предлог за зацврстувач на нокти. Благодарам.
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.883
    Допаѓања:
    83.252
    Пол:
    Женски
    Ако никој не се јави со објаснување, симни ја INCI Beauty апликацијата, можеш да го најдеш продуктот и да ѕирнеш анализа. Не е нешто детална, со бои сд обележани различните категории на состојки.

    Од зацврстувачи за нокти, барај Catrice. Не им се сите во иста категорија, но се наоѓаат често кај нив лакови со поокеј состав.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.393
    Пол:
    Женски
    Не сретнав ваква тема, а често низ дискусии се коментира составот на производите кои ги користиме.

    Мислам дека ваква тема ќе ни биде од корист и од интерес на сите членки.
    Ја отварам темава со цел да дискутираме и да се информираме кои производи се со природен, а кои со не толку природен состав и со цел членките кои повеќе се разбираат да можат да нѐ советуваат за тоа каков состав најмногу одговара на одреден тип на кожа.
    Иако темата ја сместив во категорија лице, би сакала во оваа тема да дискутираме и за производи за нега на тело и коса, за буквално сѐ што спаѓа под декоративна и препаративна козметика.

    Исто така, може и да си препорачуваме апликации за следење на состојките, како што е на пример Inci Beauty.

    Модератор: Споена дупла тема.
     
    На SummerGirl, eliesaab, LibreGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.520
    Допаѓања:
    111.785
    Пол:
    Женски
    Лично претпочитам составот да е колку може поприроден , ама зависи, и од природните производи не ми одговараат доста работи.
    Порано ги користев Dr.Hauschka но баш и не ми одговараат по според типот на кожа (мрсна кожа имам) .

    Кога сум во Македонија, купувам од
    Alverde , скоро сите производи ги имам пробано. Доста работи ми се имаат погодено од нив, hydro кремата , чистачот, линијата со q10 за возраст од 30+ , шампоните, геловите за туширање, исто и од декоративата има доста работи што ми се допаѓаат.
    Единствено кремите со спф фактор ги немам пробано.

    Наредно кога се работи за околу составот сакам да пробам производи од Efi natural cosmetic (или поранешно esoapery) , би сакала да поддржам македонски производи , би им дала шанса.

    Инаку користам корејски производи во последно време и искрено не знам колку им е ок составот , зависи од производот.
     
    На SummerGirl, LibreGirl, Panda00 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.185
    Допаѓања:
    8.839
    Пол:
    Женски
    Искрено ми значи многу составот меѓутоа читав и зборував со различни претприемачи што имаат свои производи природни за козметика дека таквите апликации и не се секогаш баш најточни и најрелевантни, па не им верувам слепо иако ги проверувам продуктите секако.

    Јас долги години користев шампон на Пантене, пред да сфатам дека е толку неквалитетен во состојките, ми ја правеше косата буквално пластика и сите локни ги изгубив, откако почнав да ги проверувам продуктите искрено не сум налетала на такви лоши продукти и ми требаше скоро две години да си ги вратам локните.

    Да ја цитирам @koritsaki, од на Ефи производите сум презадоволна, особено шампонот за коса ми ја врати косава во живот. На природна база се, и супер алтернатива се ако сакаш да се осврнеш кон поприродно. Плус на сето тоа е дека амбалажата е повратна и добиваш попуст кога ќе ја вратиш на наредното шишенце, а и Ефи самата е пресрцка, ја препорачувам ептен за било каков совет ако ти треба.

    За корејскава козметика што ја користам со години најчесто и не проверувам, ми значи да ми лежи на кожа ама знае некогаш од време на време лудилото да ме фати и да искенирам сѐ на Inci Beauty за да видам што користам.
     
    На dromka, SummerGirl, JoyJoy и 3 други им се допаѓа ова.
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.520
    Допаѓања:
    111.785
    Пол:
    Женски
    @bookslover

    Супер, наредно доаѓање ќе ја исконтактирам да ми предложи производи за лице , јас и пишував едно време ми рече дека и во Грција праќаат со тоа што ќе отиде во некој град и ќе ми испрати пакет со брза пошта , ама не сакав да ја малтретирам , а многу ценам што така се понуди.
    Ми даде бројче па здравје јули ќе и се јавам.
     
    На bookslover, LibreGirl и Panda00 им се допаѓа ова.
  7. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.393
    Пол:
    Женски
    Фала ви девојки на споделените искуства и мислења. :f:

    Да споделам и јас искуство за производите кои ги користам и кои порано сум ги користела.
    Што се однесува до шампоните, делам исто искуство со @bookslover
    Јас искрено не сум обрнувала внимание на состав, сум пробувала сѐ што ми препорачувале и сѐ што ќе видам на Тик Ток, не е за пофалба, знам. :rofl:
    Долги години користев агресивни шампони од типот на Лореал, Пантен, Гарниер, Глис, Wash & Go, Head & shoulders и слични.
    Навидум одлични, а кога ќе им го прочиташ составот и не баш.
    Конкретно за Лореал, воопшто не ми ја миеше косата. Кога ќе ја исушев со фен, веќе беше мрсна.
    Со другите шампони кои ги набројав, веќе наредниот ден косата ми беше за миење, а некои ми ствараа и првут.
    Е сега, сѐ зависи и од типот на коса, како што рече Koritsaki не значи дека и природен шампон ќе одговара на секој. Други членки што ги читав, беа презадоволни од истиот шампон и од регенераторот на Лореал кој мене не ми беше погоден. Не го оспорувам Лореал како бренд, други нивни производи ми биле океј. На пример, спрејот за расчешлување, маските за коса и коректорот. Но, сепак доколку на некој му значи составот, не би му препорачала да користи нивни производи.

    Приметувам и јас разлика во косата откако користам природен шампон, изгледа доста посјајно и поздраво за разлика од периодот кога користев агресивен шампон.
    Голема штета е што не сум обрнувала внимание на марката Алверде, искрено не сум ни знаела дека се природна козметика. За шампоните, ја читав @koritsaki и други членки, па така се заинтересирав да пробам.
    Го користам можеби повеќе од пола година и стварно сум презадоволна.
    Не знам зашто имав предрасуда дека природен шампон нема да врши работа и дека нема да ми ја исчисти косата, супер ја чисти и издржува три дена чиста што за мојов мрсен скалп е премија.
    Ги имам пробано и гелот за миење лице Ultra Sensitive и лабелото од невен. Морам да го пофалам лабелото, најискрена препорака од мене ако имате сува и испукана уста. Мислам дека е едно од ретките лабела што делува и хидрира, би рекла и подобро и поефикасно од Еуцерин лабелото кое толку многу го фалев на форумов. Притоа цената е смешна.

    Друг природен бренд (веројатно е природен, има добра оценка на Inci Beauty но, не знам ни јас колку е релевантно и веродостојно, така да се извинувам ако сум грешка) што ми се допаѓа е Органик Шоп.
    Користам пилинг за тело, одличен е. Супер негува и кожата ја прави многу мека.
    Користам и две нивни спрејчиња за тело, едното е од ванила, другото кокос. Не се воопшто трајни, не ни очекував трајност за таа цена, ама ги користам после секое туширање за по дома, да не си ги трошам поскапите парфеми и спрејови кои секако се наменети за излегување. Супер се за освежување.
    Лосионот за тело од ванила не ми се допадна, некако не е тип на мирис на ванила кој го барам.
    Следно би сакала да пробам и некој производ за коса од нив.

    Што се однесува до производите за лице, тука сѐ уште се немам пронајдено.
    Не се разбирам многу во состојки, ама сум приметила дека скоро на секој производ за лице кој е наменет за мрсна кожа пишува дека содржи салицилна киселина, а вчера коментиравме во друга тема со членките @fbaby и @Abel дека таа состојка можела да ја влоши мрснотијата. Јас искрено тоа не сум го знаела, затоа и ја отворив темава за да се советуваме и информираме.

    За лице, ќе гледам и јас да користам што е можно поприродни и нежни продукти затоа што имам прилично осетлива кожа.
    Искрено моментално користам само гел за миење, крема не затоа што не знам која. Отворена сум за препораки за некоја СПФ крема за мрсна кожа, со подобар состав.

    Не сум многу по шминката, се шминкам минимално ама на апликацијава Inci beauty секоја пудра, бб крема, сјај за усни, маскара и коректор што сум ги користела се со ниски оценки.
    На пример, бб кремата на Кико Милано која толку многу ја сакав и ја фалев на форумов е оценета со 0.
    Пудрите на Катрис, Лореал, Мејбилин и слични се исто така со ниски оценки.

    Погоре ги спомнав производите за коса на Гарниер, да се надоврзам и на тоа. Од шампонот не сум воопшто задоволна, ама маската од банана и портокаловата leave in крема за коса ми се многу погодени и косата ми ја прават многу мека и сјајна, а мирисот се задржува долго. Ама сепак, не знам колку е природен составот (веројатно не е) и не би ги препорачала на некој што пази на состав.

    Производите на Лаш што исто така ги открив од форумов, поготово спрејовите за тело, некои од нив се со солидни оценки на Inci.
    Ако не се лажам, Супер милк прајмерот и Стики дејтс не беа лошо оценети.

    Сепак, криво ми е што толку производи што ми се допаѓаат важат за производи со лош состав.
    На пример, Дав. Нивните дезодоранси ми се најубави и на Нивеа, најдобро штитат а составот не е сјаен.
    Купката на Афродита од ванила и лосионот за тело со истиот мирис мирисаат и негуваат супер, ама оценети се со 0.
    Производите на Викторија Сикрет и некои парфеми што ги користам, исто така.

    Испаѓа како што рече членката, на кој што му одговара.
    Од друга страна, некои производи од медицинска козметика имаат солидни оценки на апликацијава.

    Иначе, @bookslover и @koritsaki, ме заинтересиравте за девојкава што ја фалите. Каде можам да ја најдам?
     
    На dromka, MiloMalo, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.185
    Допаѓања:
    8.839
    Пол:
    Женски
    Еве ѝ го профилчето, има и веб страна можеш да си ги видиш продуктите што ги има.

    IMG_8723.jpeg
     
    На LibreGirl, koritsaki, Panda00 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.919
    Допаѓања:
    9.873
    Пол:
    Женски
    Оваа Ефи не ја знам ич, а немам Инста. Произведува одреден тип козметика, нешто конкретно?
    Инаку за салицилната киселина. Можеби не сум во право, најмногу зависи до типот на кожата, но мастењето и одредена реактивност на кожат мислам дека ги стекнав "благодарение" токму на неа. Удел имаат веројатно и годините, хормоните, воздухот, но сигурно и салицилната. Особено што откако престанав да ја употребувам, кожата се враќа во нормала. За мастењето не знам летово како ќе биде бидејќи многу се потам и секој ден вежбам па се потам и ради тоа, но до есен очекувам стабилизација, скоро една година мислам дека не користам ништо со салицилна, освен еден гел за бањање на QA, ама и тој не планирам нон стоп да го користам.
    За состојките: важни ми се, но не давам секогаш предност на "природните", ако производот што ги содржи ги исполнува моите очекувања. Немам проблем со декоративна, ретко ја користам, иако на пример Алверде нема трајни или интензивни сенки/маскари, ги користам и ми се океј зашто шминкањето ми е стварно минимално и поретко, дури и за свечености се шминкам кажуал, колку да се каже, не уживам во шминкање, па задоволна сум. Со шампони исто, ако ми е мрсна земам шампон кој најмногу ми завршува работа, ако ми опаѓа тогаш најдобриот за таа намена. За лице имам состојки на кои сум алергична/осетлива, на пример ланолин или алкохол ми е биг ноу. Крема за лице гледам да биде најчиста, но сепак да ми одговара на типот на кожа. Со гелчиња експериментирам, во најлош случај имам кому да ги дадам или ги користам за тело, за купка за нозе, наоѓам решение :D:D Најпроблематични се креми со фактори и пудри/бб/цц креми. Или ништо не ми прија на кожа, или се со слаб фактор, или со лоша нијанса. Така да тука имам најмалку прилика да пребирам.
    пс. Еве сајтот на Ефи го пишувало, не го видов. Интересни работи има.
     
    На SummerGirl, LibreGirl, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.185
    Допаѓања:
    8.839
    Пол:
    Женски

    На Ефи продуктите се супер, природни се она самата ги прави. Јас конкретно го користев овој шампон за косата https://efinatural.com/shop/kosa/shampon-za-kosa-bez-sulfati/

    Меѓутоа после 3 години изгледа косава ми се навикна и некако веќе немаше ефект па морав малку да сменам. Инаку ѝ ги пишува состојките кај секој продукт.

    IMG_8728.jpeg

    Јас кога имав проблем со косава од пантенот ѝ пишав да ми препорача што да правам и така уствари си го нарачав шампонов.
     
    На Eunoia, Abel, Panda00 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. LibreGirl

    LibreGirl Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2026
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    16
    Здраво, ме интересира дали штетните состојки во козметиката би можеле да имаат влијание врз здравјето односно дали би можеле да предизвикаат некој здравствен проблем и компликации?
     
    На Abel му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.185
    Допаѓања:
    8.839
    Пол:
    Женски
    Не сум стручна да одговорам на прашањево меѓутоа од тоа што имам читано е дека да, одредени состојки во козметиката можат да имаат влијание врз здравјето, но најчесто тоа се манифестира како локални реакции на кожата, како иритација, црвенило или алергии, особено кај чувствителни лица, а не како здравствени проблеми.

    Во ЕУ козметичките производи се строго регулирани и состојките се дозволени во безбедни концентрации, па сериозни здравствени последици од нормална употреба се ретки, така што мислам дека такво нешто е доста ретко.

    Ако имаш опција да внимаваш на составот, тоа е најдобро.
     
    На eliesaab, LibreGirl и Panda00 им се допаѓа ова.
  13. LibreGirl

    LibreGirl Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2026
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    16
    Благодарам. Кружеа информации дека некои продукти содржеле канцерогени состојки но не знам дали е вистина.
     
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.919
    Допаѓања:
    9.873
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека да, кожата е најголемиот човечки орган и сѐ се апсорбира преку неа и оди во крвта и во органите. Но, во кој степен е потребна концентрацијата на штетни состојки, колку реално се апсорбира, колку оди во крвотокот и се исфрла, тоа искрено не знам. Убаво е да се користат што почисти состојки таму каде што може, но форсирање органско таму кај што е потребен медицински препарат, тоа не ми се допаѓа. Ако може да не се користат парабени, силикони, зошто да не. Но, некако имам предвид дека воздухот и почвата глобално се премногу загадени, премногу се апсорбира микропластика преку сѐ што користиме, презагадена е планетата за да се враќаме назад и сѐ си мислам дека трудов за органско (козметика, храна, материјали) е само привиден.
     
    На dromka, LibreGirl, bookslover и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.497
    Допаѓања:
    206.961
    Пол:
    Женски
    Голем дел од најчесто застапените состојки во козметиката се ендокрини дисруптори, односно можат да предизвикаат хормонални нарушувања. Локални реакции не се толку проблематични, бидејќи секако нема да го користиш средството штом видиш дека има некаква локална, видлива реакција. Системските реакции се друга приказна и настануваат после подолго време користење на конкретен продукт, па штетата, ако се случи, во најголем дел од случаите е иреверзибилна, и најчесто не сме свесни дека може да биде предизвикана од одредени продукти што се користат во негата.
     
    На SummerGirl, LibreGirl, azelea и 5 други им се допаѓа ова.
  16. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    17.811
    Пол:
    Женски
    Според Inci Beauty сè што имате треба да фрлите. Додуша и целосно природни состојки пак нема еден производ. Сум поддржувала купување на природни сапуни, па кога истите се користат буквално се топат во рака, не пенат, тие маслата како да испливуваат. И џабе, пак некогаш ќе се излажам.
     
    На LibreGirl, Albertos, Panda00 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.393
    Пол:
    Женски
    Јас сега за сега претпочитам производите за лице да се со што е можно подобар состав, затоа што имам стварно осетлива кожа и сѐ уште немам пронајдено нешто што баш би ми одговарало.
    Производите за интимна нега исто така ми значи да не содржат агресивни или штетни состојки.
    Од производите за коса, моментално користам само природен шампон, ама секако не е исклучено во иднина да пробам и природни маски, креми и масла за коса.
    Лосиони за тело, гелови за туширање и дезодоранси, сѐ уште немам пробано од природните.

    Конкретно за Inci Beauty, понекогаш ја користам апликацијата и немам ништо против истата ама затоа што не се разбирам многу и не знам на која основа ги оценуваат производите би сакала да прашам, @Annath или некој друг ако знае, слободно надоврзете се.
    Дали под добар состав се подразбира само природен состав? Прашувам затоа што производите на Алверде, Органик шоп, Конопка, Натура сиберика и слични брендови кои важат за природни скоро секогаш имаат високи оценки на апликацијата, ама сум сретнала и медицинска козметика со прилично добри оценки. На пример, некои производи на Еуцерин, Ла Рош, Биодерма, CeraVe па дури и некои производи на Балеа се високо оценети.
    Исто имам приметено дека не сите производи од еден ист бренд содржат ист состав. За пример ќе ја земам линијата против опаѓање на Оливал, шампонот е оценет со 8,2 и не е наменет за секојдневна употреба додека тоникот од истата линија е оценет со 15,8/20.
    Rossen и Corine de Farme исто така, некои производи имаат оценка 0/20 додека некои се со високи оценки.
     
    На LibreGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.185
    Допаѓања:
    8.839
    Пол:
    Женски
    Од тоа што имам читано за inci beauty, и конкретно читано повеќе мислења и од дерматолози и луѓе што тоа им е професија, апликацијава служи да кажеме за consumer awareness а не треба да ѝ се верува слепо.

    Е сега од тоа што имам читано,
    работи на принцип на анализа на INCI листата (International Nomenclature of Cosmetic Ingredients) односно официјалната листа на состојки што мора да ја има секој козметички производ. Кога ќе скенираш баркод или ќе пребараш производ, апликацијата ја споредува листата на состојки со своја база на податоци и алгоритам.
    Главно функционира вака, секоја состојка добива одреден penalty scorе, потоа сите тие “казни” се собираат и од финалниот резултат се добива оценка од 0 до 20 за целиот производ.

    Користат нели различни бои што значат различно, пр. зелено, состојка што се смета за безбедна или нискоризична; жолто може да е потенцијален алерген, портокалово синтетичка/петрохемиска состојка или нешто што не е „идеално“, и црвено контроверзна состојка или потенцијален ризик, ова е сѐ што имам истражувано за апликацијава зошо еден период се опседнав па сфатив дека не е здраво :D

    Е сега што е најинтересното, самиот алгоритам не гледа само дали состојката е опасна, туку ја гледа и концентрација (индиректно преку позицијата во листата, типот на производ, дали е spray, leave-on, rinse-off итн, регулативи во ЕУ/САД.

    Па од таму пример некои состојки добиваат жолто или црвено, како на пример некој парфем често добива жолто или портокалово поради можни алергии, некои сулфати се обележани со црвено зошо се сметаат како нееколошки или иритантни за нечива кожа.

    На пример јас долго време не можев да откријам зошто косата ми е како сено, и после го скенирав Пантенот што го користев и видов дека е 2/20 и имаше прелоши состојки, па изгуглав истражив и испадна дека стварно има многу штетни состојки што го упропастуваат влакното и така се откажав од истиот па ми се прероди косата.

    Муабетот ми е дека не треба да се верува слепо на inci beauty, може да се скенира и следи меѓутоа треба да се чита, истражува и испробува дополнително што одговара на кожа/коса итн.
     
    На JoyJoy, LibreGirl, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.