1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Декларации на козметички производи и анализа на состојки

Дискусија во 'Тело' започната од Biodevojka, 6 декември 2015.

  1. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    6.936
    Пол:
    Женски
    Здраво драга дали станува збор за деодорансот рол он на Crystall essence? Ако да, во тој случај ти пренесувам еден разговор од мојот блог каде една девојка ме праша токму за овој деодоранс рол он.

    Еве го прашањето:
    Во аптеките Зегин се наоѓа дезедоранс и рол он Crystall essence, со различен мирис. Составот е: aqua, potassium alum, chamomolla recutita flower extract, camellia sinesis leaf extract, sodium bicarbonate, benzoic acid, zinc glukonate. Дали ова спаѓа во органска козметика и дали е безбедно за користење? Доколку е, би ви го пренела моето искуство од нивното користење.

    Еве го мојот одговор
    Здраво драга ти благодарам на твојот коментар и прашање. Овие деодоранси рол он не ги познавам ама од составот што ми го пиша може да ти кажам дека сепак имаат алуминиум. Алуминиумот во деодорансите може да се најде како aluminium chorohydrate (алуминиумова сол) кој го користат традиционалните компании или пак како potassium alum (потасиум алум) кој за чудо се наоѓа во многу деодоранси кои се декларираат како органски или природни, меѓутоа сепак станува збор за алуминиум иако е помешан со потасиум. Разликата помеѓу првиот и вториот е во брзината со која се ослободува во организмот: првиот е побрз додека на вториот му треба повеќе време, меѓутоа крајниот резултат во организмот е ист. Во добро формулираните органски и природни деодоранси алуминиумот е заменет со сода бикарбона или пак со една друга состојка која се нарекува триетил цитрат (triethyl citrate) кои се база на самиот деодоранси и се сигурни со оглед на тоа што не го запираат потењето (а и не треба затоа што тоа е природен процес), а во комбинација со останатите состојки го неутрализираат лошиот мирис под пазувите. Моментално пишувам уште една статија со овие податоци и ќе ја објавам за некој ден (нешто како надополнување на оваа) и плус ќе ви предложам уште два деодоранси кои лично ги пробав на себе, имаат одлична декларација, префектно штитат а се сигурни за нашиот организам. Потењето не треба да се запира затоа што на тој начин се исфрлаат токсините од телото, а ако ме прашаш лично подобро е да се потам а токсините да излезат надвор отколку да останат внатре во организмот. Се надевам ти помогнав. Поздрав
    п.с. јас сепак те поканувам да споделиш свое искуство со овие деодоранси, без разлика на мојот одговор. Вашите искуства како читатели за мене се од огромна важност и секако давам секогаш огромно внимание на истите и простор за дијалог и конверзација.

    Се надевам дека ти помогнав и тебе драга цреша- јагода.
     
    На awl, cresa-jagoda и irenna им се допаѓа ова.
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka Да за истото станува збор. Ти благодарам на одговорот, значи да трошам беспотребно толку пари.

    Ти кои дезодоранси ги препорачуваш?
     
  3. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    6.936
    Пол:
    Женски
    Ги префрлувам овде сите цитати и прашања за да биде попрегледно и на дофат на сите.

    Почнале убаво во формулирањето на овој производ и после бум PROPYLENE GLYCOL кој е нафтен дериват. Освен оваа состојка други кои не ми се допаѓаат се PEG-100 STEARATE, потоа ACRYLATES/VINYL ISODECANOATE CROSSPOLYMER, потоа BHT(можеле комотно да ја стават неговата природна варијанта витамин Е) и на крај DISODIUM EDTA. Може да најдеш многу подобри и поприродни од ова овде. Поздрав.

    Здраво деодорансите рол он на алверде и деодорансите и рол он на Гамард и Хаушка (овие ги имам пробано). Одбери ти. Оној на Гамард со лаванда и лимон ми е омилен (лавандата ја обожавам). Од алверде има еден со нане кој мириса фантастично!!!
     
    Последна измена: 8 декември 2015
    На victoria и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Кратко прашање за крема за лице, за осетлива и особено проблематична кожа. Што немам пробано, Хаушка, Акни фри, Авент, Еуцерин, скапо, ефтино, дома правено, со кортико, без, антибиотици а сепак излегуваат нови мозолчиња кои се навистина болни. Препорака за природна крема за лице од Биодевојка? Благодарам најмногу!
     
  5. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    6.936
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа што Хаушка ја имаш пробано, пробај ја од Гамард себо контрол. Одлична крема на база на 12 билки без алкохол. Хидрира и помага во случај на акни, митесери, бубуљички, мозолчиња, лузнички од акни и проширени пори. Ти ја препорачувам.
     
    На lovemme, cresa-jagoda, awl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Колку прекрасна тема.
    Мислам дека фалеше нешто вакво за да можеме да се информираме за тоа што навистина содржат производите кои ги користиме.
    Голем поздрав до @Biodevojka :hai: те читам подолго време и навистина информациите што ги даваш се корисни. Почнав да го користам кокосовото масло наместо креми за лице и сум многу задоволна. Го пробав и ролонот од Алверде ама ми се појави алергија и го оставив.
    Е сега сакам да прашам за составот на 3 производи кои редовно ги користам ( шампон, крем за тело и пена за чистење лице). Во нареден пост ќе ставам и од декоративата па кога ќе имаш време разгледај ги.
    image.jpg image.jpg image.jpg
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      280,2 KB
      Прегледи:
      45
  7. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    6.936
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, најнапред ти се заблагодарувам на убавите зборови. Многу ми е мило што сите може да коментираме да споделуваме мислења и да се консултираме заеднички благодарение на овој форум.
    Е сега, што се однесува до декларациите, не знам од која марка се овие производи ама најискрено не ми се допаѓаат. Имаат многу штетни состојки особено онаа средната слика (најверојатно е шампон тоа) содржи многу тешки силикони и плус на висока позиција Cocamide Mea. исто така и останатите два производи содржат сликони и PEG со доста високи броеви како на пример PEG120. Може да најдеш многу други поприродни варијанти. Поздрав.
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    Здраво, @Biodevojka сакав да те замолам ако можеш да ми помогнеш во врска со крема за лице.
    Имам 15 години и имам огромен проблем со мозолчиња, досега немам користено никаква крема па сакав да те прашам што мислиш за Јанг Дерм-кремата, или пак по можност некоја ти да ми препорачаш.

    Поздрав. :)
     
  9. honesty

    honesty Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    296

    Ти благодарам Биодевојка. Инаку, денес кожата ми е ужасна и решив да ги фрлам кремите, и ден два да не ставам никакви козметики на лицето. Секако добредојдени се предлози, или тумачење на декларацијата за афродита невен. Поздрав, и се најдобро
     
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    6.936
    Пол:
    Женски
    Здраво драга да ја разгледам декларацијата па да ти пишам во наредните денови. Ако не ќе побарам нешто природно да ти препорачам, кажи ми само до која цена. Поздрав.
    Ќе ја разгледам од невен и ќе ти пишам. Доколку е ок ќе ти кажам во спротивно ако не е ок таа од афродита ќе ти пишам неколку убави креми за сува кожа. Потсети ме само колку години имаше (да знам кои состојки да бидат вклучени во кремата). Поздрав.
     
    На Valencia и irenna им се допаѓа ова.
  11. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    @Biodevojka ,
    Фала за постот за серумот. :) Сакав да те прашам и какво мислење имаш и за оваа крема од Клиник?
    [​IMG]
    Инаку и јас едвај го чекам постот со предлог креми за сува кожа. :)
     
  12. honesty

    honesty Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    296
    Години 27, цена по можност до кај 500 ден. Само да потсетам дека пред да ја исушам кожата со докторс, имав постојано бублици, а во исто време и по некоја линија на челото (упорно го избегнувам зборот брчки :)) Малце комплицирано е, знам. Инаку редовно го чистам лицето и не легнувам со шминка
     
  13. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    6.936
    Пол:
    Женски
    ок, моменталната состојба ти е сува кожа така?

    Здраво драга, во секое време. Што се однесува до кремава еве ја декларацијата

    Water, Cyclopentasiloxane, Glycerin, Butylene Glycol, Dimethicone, Cetyl Ethylhexanoate, Squalane, Disteardimonium Hectorite, PEG/PPG-18/18 Dimethicone, Lauryl PEG-9 Polydimethylsiloxyethyl Dimethicone, Triticum Vulgare (Wheat Bran) Extract, Ahnfeltia Concinna Extract, Olea Europaea (Olive) Fruit Extract, Caffeine, Whey Protein\Lactis Protein, Aloe Barbadensis Leaf Powder, Chamomilla Recutita (Matricaria), Cholesterol, Palmitoyl Oligopeptide, Sodium Hyaluronate, Petrolatum, PEG-150, Sucrose, Pyridoxine Dipalmitate, Linoleic Acid, Tocopheryl Acetate, Citric Acid, Polysilicone-11, Propylene Carbonate, Glyceryl Polymethacrylate, PEG-8, Pentaerythrityl Tetra-Di-T-Butyl Hydroxyhydrocinnamate, Sodium Citrate, Sodium Hexametaphosphate, Chlorphenesin, Phenoxyethanol

    Кремава има силикон уште веднаш по водата Cyclopentasiloxane, потоа на петта позиција уште еден силикон Dimethicone, исто така содржи и микс од нафтени деривати. базата е силиконска. :(
     
    Последна измена: 9 декември 2015
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    Па ете нека биде до 300-350ден. ама да има ефект. :)
     
  15. mimi****

    mimi**** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2015
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    3.636
    Пол:
    Женски
    Eve ja deklaracijata od afrodita od neven i mene me interesira za ovaa krema,bidejki ja stavam kako podloga pod pudrata,najmnogu mi odgovara 20151209_222428-1.jpg
     
  16. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    @Biodevojka, прво сакам да те поздравам тебе и идејата за ваква тема која би служела за демистифицирање на состојките и хемиските соединенија во козметичките производи за обичните луѓе. Ми се допаѓа и твојот позитивен пристап во пишувањето, како и тоа што успеваш да одговориш на секој коментар и прашање за декларацијата на некој производ – нешто за што е потребна голема желба, посветеност и време.

    Но, има нешто и што ми пречи во однос на темава, а тоа е демонизирањето на „традиционалната“ козметика, како и идеализирањето на природната козметика. Оваа моја забелешка не се однесува конкретно и само на тебе, туку е дел од нешто што го забележувам како генерален тренд во последно време.

    Значи, ако сакаме да зборуваме за козметичките состојки и нивната штетност (или полезност, сеедно), треба да бидеме непристрасни, рационални и секако, да ги поддржиме тврдењата со факти.

    Да почнам со ред - прво, некоја состојка не може туку-така да ја прогласиме како штетна. Дали е нешто штетно зависи пред се од количеството на таа супстанца, односно дозата. Една иста супстанца може да биде полезна за здравјето во мала доза, штетна во поголема, па дури и смртоносна во прекумерна. Значи, работите не се толку едноставни и црно-бели.

    Второ, треба да се спомне и начинот на внесување во организмот. Ако некоја „штетна“ состојка (штетна го ставам во наводници, бидејќи веќе видовме дека ништо не е само штетно или само полезно) не се апсорбира преку кожата, а истата ја има во козметички производ за кожа, тогаш таа нема начин да влезе во организамот. Со други зборови, кога зборуваме дали е нешто штетно или не, треба и ова да се земе во предвид – дали е штетно ако дојде во допир со кожата, ако се вдише или можеби ако се проголта.

    Светот генерално, а особено Европската унија имаат законски регулативи за производството, означувањето и продажбата на козметички производи, и се што влегува во состав на некој производ кој излегува од ЕУ не содржи состојки кои се штетни по здравјето, во секој случај не во концентрацијата во која ги има во него и ако производот се користи за тоа што е наменет.

    Дури и славните парабени, од кои сите се исплашиле како од Баба-Рога, а ретко кој и знае што се, можат само да предизвикаат алергии кај лица алергични на парабен, кои сочинуваат мал дел од популацијата. А алергија може да предизвика и било која природна состојка, ако лицето што ја користи е алергично на истата.

    И така, доаѓаме до вистинската штета која може да ја предизвика еден козметички производ. У најдобар случај, може едноставно да не ти се „погоди“, односно да не ти ја врши таа работа за што си ја купил, а у најлош случај – може да ти предизвика алегрија или контактен дерматит. И тоа е тоа. Таканаречената „штетна“ традиционална козметика е најверојатно нешто што е најмалку штетно за нас од се она со што доаѓаме во контакт во секојдневниот живот.

    И кога сме веќе кај несакани реакции на козметички производи и алергии, да споделам лично искуство за Алверде, затоа што гледам дека постојано се предлага како „подобра“ и „поздрава“ алтернатива. Имам пробано неколку работи од Алверде, и освен што сите без исклучок мирисале ужасно (тука спаѓа и антиперспирант), биле тотални утки у однос на намената. А на мои блиски личности од понежниот пол им има предизвикано и алергиски реакции на кожата. Лично, не би користел повеќе ништо од Алверде, дури и беспари да ми го дадат.

    Така доаѓаме до уште една битна поента на мојов пост – секој човек е индивидуален и различно реагира на одредена козметика. Ако некоја му е погодена на еден човек, на друг му е целосен промашај. Нема универзално правило. И истото важи и за традиционалната и за природната козметика.

    А ако зборуваме за природна козметика, колку сме сигурни дека таа е навистина здрава и пред се, природна? Дали природните состојки, односно растенијата од кои се добиваат не се третирани со хемиски препарати и пестициди? Дали се генетски модифицирани? Со каква храна се хранат и во какви услови живеат козите чие млеко се користи за сапуни? И така натаму.

    Како што веќе реков, сметам дека козметиката (каква и да е) е нешто најмалку штетно по нашето здравје со кое се среќаваме во животот. По малце ми е траги-комична целата ситуација во која дишеме загаден воздух 80 пати повеќе до дозволеното и јадеме Господ знае каква храна – месо со сомнително потекло, овошје и зеленчук запрашени со какви се не пестициди, квази-здрава храна (која е здрава пошто на неа пишува здрава), работиме по 12 саати дневно, а спиеме по 6, и слично, ние да се потресуваме ради тоа дали у некоја крема имало вазелин или парабени. Но, како и да е.

    Треба да сфатиме дека индустриски произведената органска и/или природна козметика се бизнис, исто како и производството и продажбата на традиционална козметика. Производителите на природна козметика не се загрижени за нас, купувачите, и за нашето здравје, туку целта им е да продадат што повеќе производи. А кој начин е подобар за тоа од заплашување на купувачите од типот дека традиционалната козметика е штетна, и со ветување дека нивната е подобра и поздрава?

    Она што мене ми смета многу повеќе кај козметиката (сеедно дали е традиционална или природна) се псевдо-научните тврдења кои производителите ги презентираат како факти за своите производи, а всушност само се расфрлаат со научна терминологија за да ги импресионираат луѓето кои се лаици. Имаше некоја крема, не ми текнува која (а не е ни битно) која тврдеше дека ја „поправа“ ДНК на кожата – нешто што не само што е вон памет, туку е и невозможно. И ова е само еден од многуте примери.

    Можеби не е лошо темава да се прошири и у таа насока – да се анализираат тврдењата на козметичките продукти (подмладување, ревитализација, алтерација на ДНК и сл.) во однос на состојките и да се види дали држат вода од научен аспект или не.

    За крај, не сакам да има забуни у однос на мојот став на темава – апсолутно поддржувам здрав живот и во никој случај не сум против употреба природни препарати, но пред се, го поддржувам здравиот разум и неговото користење.

    Ставовите од типот „Традиционална козметика = штетна, Природна козметика = здрава“ не се само грубо упростување на едно сложено прашање, туку се и целосно невистинити. Околу тоа дали некоја козметика е добра за вас или не, постои многу едноставен начин да дознаете – пробајте ја, ако ви одговара и успешно ја извршува својата намена, тогаш е добра за вас. Ако не ви делува за дадената намена или ви предизвикува непријатна реакција – не е добра.

    Се извинувам за можеби предолгиот и тупаџиски пост и што како машко се умешав у ваква „женска“ тема за козметика. :)

    Поздрав до сите учесници, особено до Биодевојка.
     
    На LittlePinky, Hipster, Freyja и 20 други им се допаѓа ова.
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Донекаде се согласувам со @Bender Rodriguez. Секако дека козметика од чисти и природни состојки е подобар избор од нешто ко Нивеа во лимена кутија (те молам Господе нека престанат да ја користат), ама и не треба да одиме до крајности.

    Пример, имам екстремно чувствителна кожа која не реагира баш добро ни на природна козметика. Dr. Hauschka од роза не ми помогна многу, а после долго користење црвенилото беше дури и повеќе изразено. Кремчето од Hauschka во стаклена амбалажа беше уште полошо, кожата буквално ми се лупеше. Очигледно некоја состојка во овие производи мојата кожа не може да ја толерира. За Алверде не ми се ни прави муабет.

    Единствената крема што ми го доведе лицето во ред е базирана на силикони. Е сега, не знам како овие состојки делуваат на целиот организам... го гледам ефектот од надвор. Јас би била пресреќна да можам да го негувам лицето со чисто масло и екстра природна козметика. Ама засега не сум ја нашла совршената, па надежно ја пратам @Biodevojka за да пробам некој нов производ.
     
    На galapce, Annath, Bender Rodriguez и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Исто и јас. Немам наидено на ниту еден добар и квалитетен производ од аспект на состав, за комбинирана/масна кожа.
    Тоа што сум го пробала не ми одговарало, па терам некако вака со докажани производи додека не се најде нешто ново и надежно.
    Иако, да бидам искрена, не си го ставам составот на козметиката нешто многу при срце, единствено внимавам да не е нешто ептен чкарт, па да си направам дополнителни проблеми.
     
    На Annath, koritsaki и LivingGlam им се допаѓа ова.
  19. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    И јас не сум пазела на составот ама сега читајќи ја @Biodevojka почнав да правам разлика помеѓу медицинска козметика, декоратоввна козметика и секојдневна нега. Не ми е сеедно што ставам на лице пред спиење, едно е пудра или крем што има функција да исуши мозолчиња или да смири црвенило, ама и тоа како ми е важно што ми стои на лице и тело 10-12 часа додека сум дома. Еве јас немам проблем со кожата а сите кремови што ги имам содржат состојки од кои немам ама никаква потреба да ги нанесувам.
     
    На Annath и Biodevojka им се допаѓа ова.
  20. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    6.936
    Пол:
    Женски
    Здраво драга најнапред ти благодарам за своето мислење и став, темиве затоа и се на форумов за сите да го искажеме она што го мислиме. Е сега што се однесува до она што го напиша, најнапред јас и на блогот а и овде секогаш кажувам дека ова е мој личен став и мислење за козметиката. Сум била и на едната страна и на другата и сѐ што кажувам е од лично искуство, Немам никаква цел да разубедувам или да демонизирам не ме разбирај поглрешно, сето она што го имам напишано го имам утврдено и прочитано во истражувања извршени од стручњаи и хемичари кои лично многу ги почитувам. Секојдневно читам и се едуцирам за сѐ она што се однесува на козметиката особено на органската и таа е дел од мојот животен стил и секојдневие. Стана моја страст и се чувствувам должна да се оддолжам за сѐ она што мене ме научиле и сеуште ме учат.

    Е сега, што се однесува до фактот дека којзнае што дишеме тоа е точно, штетен е сигурно и воздухот кој секојдневно го дишеме, јас не можам да го променам воздухот или да одлучам каков воздух ќе дишам (освен ако не се преселам на некое друго место во планина или во почиста држава), меѓутоа може да одлучам што ќе нанесам на својата кожа. За мене како и за многумина органското не е мода, претставува начин на живот и е во согласност со мојата филозофија и сфаќање на животот.

    Она што го кажуваш којзнае што ставаат во природната козметика, доколку истата е органска и сертифицирана од едно од светски признатите институции за органска козметика во никој случај не смее да содржи пестициди, ГМО или било каква друга состојка со оглед на тоа што се контролира целиот процес на обработка и одгледување на билките.
     
    Последна измена: 10 декември 2015
    На Annath и mami blue им се допаѓа ова.