Јас лани летото го користев ова и немав никаков проблем. Сега за сега ми се оправи кожава фала богу. Изгледа во зимо ми е сува, а во лето мрсна. Еди: Ќе го пробам уште еднаш викендов и ако е истото пак, ќе го фрлам. Ќе барам друга маска.
Уф леле, за природно ич не е природно, за функционалност не би знаела. Јас лично за себе не би го земала. Поздрав Драга јас кога ќе видам патафинум ликвидум на првите три позиции ич не гледам понатаму, ја враќам одма кремата на рафт. Овде имаш многу нафтени деривати и состојки кои не се во склад со она што го работам, а богами и со нашата кожа не се во склад. Поздрав.
Постирав погоре декларација на Нивеа Софт, може да видиш Биодевојка што искоментира. Кремата на лице добро стои, но составот катастрофа.
Да да, разочарувачки ама тоа е. Со години ја користам. Подоцна ќе го побарам тоа мислење, баш ме интересира што содржи кремата. Фала ти за потсетувањето.
Aqua, glycerin, caprylyl / capryl glucoside, phenoxyethanol, panthenol, coco- glucoside, parfum, benzoic acid, dehydroacetic acid, dimethicone, calendula officinalis flower extract, citric acid. @Biodevojka мислење за составот?
Здраво драга, станува збор за производ микс на хемиски и физички филтри. Не е природен, меѓутоа зависи од тоа дали тебе ти сметаат хемиски филтри или не. Инаку филтрите се стабилни, така да од тој аспект нема проблем. Ја знаеш мојата филозофија за хемиски филтри, ама знам дека сите сме различни, така да одлуката ја оставам на тебе. Поздрав.
Здраво драга ок се и двете иако не се органски формули, убави се. Ако ме прашуваш која од овие две, мене лично повеќе ми се допаѓа првата. Некако поедноставна ми е малку состојки ама убави. Поздрав.
@Biodevojka решив да купам арганово масло за лице.Читав на блогот за тоа на органика ама скапо ми е.Ова го видов во Зегин хелти фуд како поефтина варијанта 650 денари.Го имаш ли користено?
Здраво драга, ова го немам пробано. Се надевам во некоја наредна прилика да го пробам. Не ми се допаѓа само што е проѕирно шишенцето, повеќе ги сакам темните шишенца. Поздрав.