Драга шампонов од природни состојки ги содржи само етеричните масла од чајно дрво и портокал. Е сега формулата не е агресивна за чудо, СЛЕС е згуснат со бетаинот пред кој ставиле и коко глукозид за намалување на агресивноста. Она што дефинитивно ми боде очи е кокамид МЕА, значи јас лично бегам кога ќе го видам. Има два силикони, меѓутоа процентот е мал (не знам точно со сигурност, ама еве да речеме околу 2 %). Поликватерниум 7 е кондиционатор за омекнување на косата, меѓутоа исто така е хемиски. Се надевам ти помогнав. Поздрав. @renata77 многу се радувам кога гледам и дека се обидувате сами да ги протолчите декларациите.
Се трудиме. Во однос на оваа формула јас сепак мислам дека е агресивен бидејќи Sodium Lauryl Sulfate (SLS),Sodium Laureth Sulfate(SLES) и Ammonium Lauryl Sulfate(ALS) се најагресивни сулфати,па јас ги избегавам како сака нека се ублажени,штом ги видам на декларацијата отпаѓа шампонот. Не дека сум стручна и дека се обидувам да убедам некој,за мене си кажувам.Али ако некој сака поблага формула,може да најде.
Здраво драга, може ли да ми кажеш дали станува збор за крем за лице или тело? Мене ми изгледа како крем за тело, ама сепак да прашам пред да ти одговорам. Поздрав.
@Biodevojka те замолувам да ми кажеш дали последните три состојки на производот се штетни,затоа што сакам да го користам од време на време за лицето, се работи за алое вера гел. Organic aloe barbadensis (aloe vera) gel*, deionized water, cucumis sativus (cucumber) fruit extract, organic symphytum officinale (comfrey) extract, carbomer, potassium sorbate, sodium benzoate.
Драга како состојка уреата е одлична за кожата со оглед на тоа што ја задржува влагата, меѓутоа во крем за лице најдобро е да биде присутна до 3 до 5%, затоа што над овој процент премногу ја омекнува кожата и ја прави сунѓераста наместо да остане компактна и цврста. Затоа те прашав дали кремов е за лице или тело. Со оглед на тоа што овде ја гледам на втора позиција, ме чуди нејзиното присуство: или е застапена околу 5% што значи дека производов е цел вода со многу малку масла или путери, или пак процентот е повисок со што според мене не е баш соодветен за лицето. Провери дали некаде на самата опаковка пишува колку посто уреа содржи кремов. Што се однесува за кремите за тело, слободно може да се стави и до 10% со оглед на тоа што кожата на телото е помалку чувствителна од онаа на лицето и секогаш има потреба од поголемо хранење, омекнување или хидратација. Мора да ти кажам дека во висок процент 15 до 20% уреата има функција и да го разреди кератинот и најчесто се користи во креми на пример за петици каде ја омекнува грубата кожа. Поздрав Гелчево е екстра, кажи ми кое е да си го земам и јас!!! Инаку поседните три состојки се: - carbomer е синтетички згуснувач кој не е штетен за човекот (освен ако не си алергична на самата состојка), ама не е од природно потекло; - potassium sorbate, и sodium benzoate се два конзерванси кои скоро секогаш одат во пар и служат за да го заштитат производот од бактерии, муфла и расипување. Инаку поризводов ми се допаѓа затоа што има ленитивно, освежувачко и омекнувачко дејство и убава формула. Малку состојки, ама убави. Особено ми се допаѓа екстрактот од краставица во комбинација со алое вера гелот. Поздрав.
@Biodevojka ти благодарам, гелот го порачав од iherb и вистина кожата ја хидрира омекнува а не остава воопшто леплив слој. Само последните состојки ми беа сумливи па го користев со резерва. незнам дали смеам да оставам линк за кој производ се работи, ако несмее модераторите нека го брисат. https://www.iherb.com/pr/Mill-Creek-99-Aloe-Vera-Gel-6-fl-oz-180-ml/6593
Да, драга имам пробано повеќе од оваа марка и дефинитивно мојата омилена за овој период е оваа од колекцијата Smoothie. Не само што прекрасно омекнува, хидрира и храни, туку воопшто не е масна и лесно се впива. Има кокосово масло, сончогледово масло, витамин Е, потоа глицерин и екстракти од смоква и бозел. Мирисот е фантастичен на смоква. За мене е хит ова лето. Пробај ја!!!
Драга уште на почетокот се забележува дека кремов претставува саем на силикони...ги има скоро сите: cyclopentasiloxane, cyclomethicone, dimethicone, dimethicone crosspolymer (полимер врз база на силикон). Според мене џабе им се сите убави екстракти и состојки како колагенот на пример, кога верувај ми кожата нема ни да ги види ни да ги допре благодарение на силиконите кои ќе направат веднаш филм врз кожата и оневозможуваат да допрат сите други убави состојки. Изборот е сепак твој. Поздрав.
@Biodevojka ме интересира што мислиш за алое вера гелот од Sundance и колку може да се спореди со овие поскапиве. Еве ја декларацијата.
Здраво драга, ова не е чист алое вера гел бидејќи содржи вода, глицерин и други состојки. Во споредба со оние литарските што јас го препорачав разликата е во тоа што тие содржат само алое вера сок, згуснувач и конзерванси, ништо повеќе. Овде има вода, глицерин, парфем, алантоин и пантенол што не е воопшто лошо, ама не станува збор за чист гел туку за производ кој согржи алое и кој најверојатно се користи како средство по сончање со оглед на тоа што има хидратантно и смирувачко дејство врз кожата. Како состав е ок, не е комплетно природна ама не е лоша. Тетрасодиум едта е состојка која не е штетна за човекот, ама е доста токсична за водниот свет кога истата ќе се исфрли во морињата или езерата. Поздрав.
@Biodevojka може ли да ми кажеш дали е ок составот на кремава? @Mishela еве Биодевојка ќе ја прашам да ни каже што мисли за составот на кремата јас ко да не гледам силикони..
Има парфеми и алкохол, колку што можам да разберам вака од прво гледање @koritsaki. Ајде баш да видиме што ќе каже и таа, ама јас секако би ја земала да ја тестирам. Знаеш дека имам „професионална деформација“ и мора сите продукти кои ги користам да бидат од една иста колекција, па ова да остане непробано не чини.
Нема силикони, ама сигурно е со СПФ оти има хемиски филтри. Во формулава се стабилни. Има и неколку хемиски состојки, не е комплетно природна, ама силикони како што кажав нема. Поздрав.