Добро е , имаме зелено светло од @Biodevojka, јас би и дала шанса , и така евтина е па ако не ми одговара нема да ми е криво барем @Mishela
Добра е, можно е да е маска за лице според декларацијата, со бела глина (каолин) која не суши многу, глицерин, има и јаглен. Ефектот е прочистувачки а составот е прикладен. Има по некоја синтетичка состојка, ама ништо страшно. Ок. Само сети се дека има хемиски филтри, доколку не ти пречат . Поздравче и до двете.
Ако може да дадам една сугестија на темава. Ве молам, назначете за кој конкретен продукт прашувате (пр. Алверде, дневен крем за лице од дива роза). Вака, деталните одговори на @Biodevojka имаат значење само за оној кој ја постирал декларацијата. Односно, џабе ми е информацијата дека (пр.) кремата е одлична кога не знам за која крема конкретно станува збор.
Драга јас инсистирам пред да ја видам декларацијата да не ми кажуваат за кој производ станува збор, затоа што добивам многу коментари (дури и од дистрибутери понекогаш) дека имам против оваа или онаа козметика што не е точно. Ако нешто е добро од било која марка е добро, и спротивно ако содржи лоша формула може и да е органско па пак ќе кажам дека не ми се допаѓа. Претпочитам да не знам па откако ќе дадам свое мислење слободно нека кажат за која марка станува збор. Се надевам ме разбираш. Поздрав.
да да секако таман работа!!! Целта на темава е тоа, да ги разгледаме производите јавно а не во тајност!!!
Извинете, но не најдов тема каде да го поставам прашањето. Дали сте користеле производи на Corine de Farme и како сте задоволни? Дали имаат добар состав?
Јас користев шампон и гел за туширање од оваа фирма и сум задоволна од квалитетот. За составот не сум сигурна дали е добар, постирај слика за конкретен производ и Биодевојка ќе даде мислење.
Јас ја користев мицеларната вода и размислувам дали да купам шампон и да ги пробам останатите производи.
Јас само да се пријавам дека ја купив кремата и на првите неколку нанесувања - задоволна сум, лесна е и хидратантна. Ќе си ја користам како секојдневна, па и ноќна крема. Утре ќе ја пробам и како подлога, ама да ти кажам дека откако ја „открив“ Balea тиркизната гел-крема го чувствувам лицето како препородено и не ми се менува подлогата за под пудра. Ги менувам повремено во зависност од потребата или намената на шминката - кремата, па серумот. Серумот подолго ми го држи лицето матирано, ама гел-кремата дава одлична хидратација. Ко да сум го полеала лицето со многу силен млаз вода, до толку освежувачки ми делува.
Здраво драга, на таа тема имам посветено цела статија. Да не препишуавм сѐ, повели линк за да прочиташ. http://biodevojka.blogspot.it/2015/06/blog-post_13.html Доколку нешто те интересира или имаш некое прашање, слободно контактирај ме или пиши овде па и другите да прочитаат. Како сакаш. Поздрав.
@Biodevojka некоја пудра за нормална до комбинирана кожа? Пудрите на Алверде ги препорачуваш ли, да пробам некоја?
Да да секако, само сега има нови треба да ги разгледам декларациите. Зависи од буџетот, до колку пари сакаш? Поздрав.
Уф драга до таа цена дефинитивно на Др. Хаушка да ја земеш течната околу 1280 така нешто. Имаш тестерчиња по аптеките пробај претходно. Јас моментално ја користам 02 бројот и ептен ми одговара. Не е масна а и доста убаво изедначува. Секако јас и ти имаме различна кожа затоа и те советувам да пробаш тестер. Ако сакаш нешто друго постирај декларација па ќе ти кажам. Меѓутоа да знаеш за било кој производ ефектот е индивидуален. Поздрав.
Мислев поскапа е Ај после ќе земам тестери Фала многу Воглавно воопшто не внимавам на козметиката што ја користам, ама мислам дека барем на пудрата би можела да обратам внимание.