@Biodevojka братучетка ми ја користела околу три недели кремата од алверде со роза ама има 17 години. На кремата не беше нагласено дека е анти ејџ туку засува кожа но содржи хијалуронска киселина . Дали да продолжи да ја става и дали има негативни ефекти?
Драга не може да кажам дека ќе има негативни ефекти (претерано би било такво нешто да кажам), само што нема потреба на нејзина возраст. Многу е млада за хијалуронска. Ама сигурна сум дека процентот не е голем (вака од око не можам да одредам), а башка не знам за колкав раствор станува збор. Не знам што да ти кажам, јас лично хијалуронска препорачувам од 30/та. Подобро ќе и одговара на пример кремот со камилица од алверде или маслото од роза на алверде кое е преубаво за сува кожа. Поздрав. Драга за Хаушка нема што да се каже. Имам пробано скоро сѐ и одлично е!!! Поздрав. п.с. се изнамачив вака на мк. обично навикната сум на латиница со латинските имиња да ги гледам декларациите
Да не сум слушнала, декларацијата е добра, ми се допаѓа. Поздрав. п.с. ако налетам на некој производ од оваа марка баш ќе го пробам за да го видам ефектот.
@Biodevojka Какво мислење имаш за серумот на Др.Хаушка? Или можам кремата Мелиса и за ноќна нега да ја користам?
Леле драга моментално го тестирам...ахахахха во ист момент сме го земале. Производов е на водена база нема масла и е баш според филозофијата на Хаушка за вечерна нега без масти. Јас со оглед на тоа што сум навикната на помасна нега навечер над серумов ставам и крем. Веќе 10 дена го користам, ми се допаѓа како текстура, ама не ми дава доволно хранење ако не нанесам крем. Доколку имате масна кожа може и само серумот, ама како што кажав мојата кожа е навикната на масла, путери и.т.н. и затоа само серумот како вечерна нега не ми е доволен, морам и крем врз него. Поздрав. п.с. можеш слободно и кремот од мелиса, како сакаш по твој избор. Ова нема воопшто да ти масти оти не содржи маслена фаза.
@Biodevojka Какво мислење имаш за маслово? Маслово за коса го земав вчера , го гледав долго време и реков да го испробам
Здраво драга, од аспект на декларација е одлично. Маслото од соја гледам дека е од органско потекло што е одлично и значи дека не е ГМО. Не е многу тешко како масло (како производ мислам) користени се полесни масла како база и може слободно да го користиш и како маска пред миење и како третман за стајлинг на сува коса (многу мала количина на врвовите). Поздрав.
Јас штом видам дека има парафин, веднаш го оставам и не го погледнувам повеќе. Освен што мрси, ништо корисно не прави. Нафтен дериват е. Плус силикони имаш. Толку гледа моето неедуцирано око
Прости ми драга, изгледа сум го пропуштила твојот пост. Како што ти кажа дангел базата е нафтени деривати и плус има силикони. Многу е хемиски производов. А да не правам муабет што има БХТ на крај!!! Јас штом го видам одма се вртам на друга страна!!! Точно е дека нафтените деривати воопшто не се компатибилни со кожата, така да подобро е да земеш производ кој навистина ќе ја негува кожата на природна база без парафини и силикони. Поздрав.
Извини што касно одговарам, на пат бев и не бев во можност да пишам али не те заборавив. Бев и го сликнав пакувањето, испадна серум било а не крема, ја мислев крема. Чим викаш добра е декларацијата, може да се проба. А тоа што пишува anti-aging? Има некоја состојка за постара кожа или можам да го користам?
Најискрено драга и јас сум зачудена, ама добар е. Поздрав. п.с. од она што го видов ок е нема состојки анти ејџ освен секретот од полжав другото мислам дека беше глицерин, екстракти и.т.н.
@Biodevojka Се работи за влажни марамици за интимна нега. Дали би ги одобриле? Секако не во замена со вода, но чисто така за освежување. Благодарам однапред