@Biodevojka Те молам за мислење за овој состав? Знам дека не е природна меѓутоа дали се состојкиве ок?Јас колку што видов нема силикони,парабени,нафтени деривати .. AQUA I COCO-GLUCOSIDE I GLYCERIN I COCAMIDOPROPYL HYDROXYSULTAINE I SALICYLIC ACID I ZINC PCA I MENTHOL I BISABOLOL I PARFUM I ALCOHOL DENAT. I SODIUM BENZOATE I SODIUM LAUROYL SARCOSINATE I GLYCERYL OLEATE I SODIUM ACRYLATES/C10-30 ALKYL ACRYLATE CROSSPOLYMER I SODIUM CHLORIDE I CITRIC ACID I HYDROGENATED PALM GLYCERIDES CITRATE I TOCOPHEROL I CI 74160.
Здраво @Biodevojka , решив да побарам од тебе помош за ова, имам црвени, гнојни бубучички на рамениците горниот дел од рацете и деколтето. Конкретно се туширам со овој гел (прикачената слика), но константно ми се прават нови. Ѕирни го гелов, дали се состојкиве во ред, и доколку можеш да ми предложиш некој убав гел кој би имал смирувачки ефект на мојава нафрлана кожа. Ти благодарам
нема силикони и парабени..Нафтен дериват има во мал процент во згуснувачоѕ акрилатот. Поздрав. Драга формулава не е воопшто природна, меѓутоа не е агресивна. Можно е да си алергична на некоја состојка или алерген од парфемот. Смени производ за да ја смириш кожата. Пробај некој од геловите на Алверде кои имаат прекрасна декларација или пак геловите за туширање на Ома Гертруде кои се исто така многу благи. Јас моментално го користам оној релакс кој ја остава кожата многу мека.
Драга не знам за кој цитат станува збор??? Ако сум пропуштила нешто се извинувам, ама многу имам за одговарање па може да се случи. Пиши ми повторно или самоцитирај се. Сорру Драга со пропилен гликол на прва и триклосан кој е класифициран како пестицид, јас би ти рекла немој!!! Изборот е секако твој. Пропилен гликол ти ја руши бариерата и дозволува да навлезат полесно сите останати состојки, меѓу кои и триклосан кој подобро е да не навлезе. Поздрав.
Здраво @Biodevojka и големо браво за темата! Јас сакам да те прашам дали знаеш нешто за кремите на биотен? Јас ја користам веќе некое време и солидна е, најдобра крема што ја имам користено досега, но сепак би сакала да знам што ставам на лице. Не можам да ти пишам состојки бидејќи сум ја фрлила кутијата, а и не можев да најдам на интернет. Еве за која крема станува збор. http://biotencosmetics.com/face-car...sture-face-cream-50ml-dry-sensitive-skin-50ml
Драга јас без декларација не би знаела многу да ти кажам, односно не би знаела ништо да ти кажам. Доколку некоја од другите девојки кои не читаат ја има или може да сликне декларација нека го стори тоа за да ја изанализираме. Поздрав.
Многу го фалат овој шампон дека помагал за раст на косата и против опаѓање, меѓутоа мене декларацијата ништо не ми значи. @Biodevojka што ќе кажеш за ова? Ти благодарам
Здраво драга, вака според декларацијата, малку ми изгледа агресивен. Барем според она што јас можам да го видам. Потоа имаат пишано само поликватерниум без да нагласат кој број е...на тој начин не знам дали е кондиционатор или силикон (постојат и силиконски кватерниум и поликватерниум). Драга шампонов функционира не само поради глината, туку и поради цинк пиритон кој за ал е токсична состојка. Дозволена е употреба во производи на измивање до најмногу 1% ако не се лажам. Делува во случај на себореичен дерматит, за тоа нема збор, меѓутоа сепак е токсична како состојка. Мене лично шампонов (не знам кој е) не ми се допаѓа. Ова е секако мое лично миселње, ти сама одлучуваш. Поздрав
Ти благодарам многу. Ова е т.н коњски шампон против опаѓање на косата произведен во Русија. До сега не сум ја сретнала оваа марка и затоа не бев сигурна за каков шампон станува збор и со каков квалитет е. Инаку ова е шампонот
@Biodevojka Неодамна ја прочитав твојата статија за безбеден избор на лак за конти и навикстина ми се допадна, сметам дека треба да ги избегнуваме штетните состојки секогаш кога е возможно. Долго време ги користев лаковите на Golden Rose но не сум задоволна од трајноста....најзадоволна сум од гел лаковите на Essence, но не сум сигурна за составот бидејќи не беше набројан во листата на лакови безбедни за употреба. Составот го најдов на нет. Би сакала да знам дали е во граница на нормала или има состојки кои не се безбедни за употреба? BUTYL ACETATE, ETHYL ACETATE, CELLULOSE ACETATE BUTYRATE, ADIPIC ACID/NEOPENTYL GLYCOL/TRIMELLITIC ANHYDRIDE COPOLYMER, ISOPROPYL ALCOHOL, ACRYLATES COPOLYMER,DIPROPYLENE GLYCOL DIBENZOATE. Ти благодарам однапред! <3
Ти благодарам, навистина ме израдува одговорот! Во тој случај можам да ги препорачам гел лаковите на Есенс, даваат прекрасен гел финиш и траат многу многу долго