Мене не ми треба крем за избелување, туку кремов веќе го имам (ми го дадоа), па се мислев дали можам да го искористам. Има ли анти-ејџ состојки во составот? Инаку имам комбинирана кожа која порано премногу ја матирав, но како помина време (како остарев ) сфатив дека сакам поголема хидратација и здрав сјај. Повремено се справувам и со мозолчиња на брадата кои многу бавно се повлекуваат. Благодарение на твоите совети скоро целата препаратива ми е природна, со исклучок на дневниот и ноќниот крем, моментално ги користам Aqualia Thermal на Виши. Знам дека нив не ги коментираш, па предложи ми нешто по твое, цената и не е толку битна.
Здраво драга за комбинирана кожа анти аџе со хидратација дефинитивно Гамард со хијалуронска киселина флуид леџер, потоа од Алверде на пример линијата со Гоџи е преубава. Одбери тоа што сметаш дека ти е најдобро. Поздрав.
Мислам дека не се разбравме, мене не ми треба крем против брчки. Прашував дали во кремот има анти-ејџ состојки затоа што веќе го имам дома, па доколку има да не го користам. Еве го уште еднаш составот: Секако добредојдени се и предлози за комбинирана кожа со хидратација, да не е анти-ејџ. Извини што те испомачив и поздрав
Здраво, би сакала препорака за пудра/ ББ/ ЦЦ крема со заштитен фактор, а со што поприродни состојки. Моментално користам на Авен, меѓутоа лицето многу брзо ми светнува и покрај тоа што имам нормална до комбинирана кожа. Имам 28 години. Не ми е потребна мн висока покривност, само сакам свеж изглед на лицето. @Biodevojka, препорака? Благодарам.
Не е комплетно природна има нафтен дериват ПЕГ кој во случајов има дејство на чистач. Изборот е твој, не ми изгледа агресивно, само не е природно. Не е анти ејџ Ако сакаш најдобар производ кој истовремено е и пудра и ББ тогаш дефинитивно оној на Др. Хаушка. Само нема заштитен фактор па би ти препорачала пред него да ставиш крем за заштита на Еко Козметикс. Поздрав.
@Luminary Не се разбирам многу, ама гледам имам Cocamide Mea и PEG, па мислам дека и Биодевојка ќе рече дека не и се допаѓа.
@Biodevojka да те потсетам во случај да ме имаш заборавено. Може ли да ми препорачаш некој убав и хидратантен крем за тело? (не мора да е безглутенски ај, знам дека е тешко да се најде таков ) )
Драга, најнапред формулата е агресивна, после СЛЕС доаѓа содиум хлорид па после бетаинот. Јас штом видам вакво нешто не гледам воопшто понатаму. Не сакам формули со преголема измивачка моќ кои се агресивни. Поздрав. Ахахаххаха во право си...не ни стигнав до нив штом видам ваква формула каде бетаинот доаѓа по солта, не ни гледам понатаму. Леле драга прости ми, скроз сум те заборавила. Значи како крем (не знам али се безглутенски) мене лично премногу ми се допаѓа оној путер на Ома Гертруде. Имам напишано и статија за него еве овде може да прочиташ http://biodevojka.blogspot.it/2018/02/oma-gertrude.html. Јас сеуште го користам, неможам да го дотрошам пакувањето....премногу ми се допаѓа и многу е хидратантен и хранлив. Друг крем може на Алверде да ти препорачам. Има еден преубав путер од макадамија ако не се лажам, ама кој и путер да го земеш од алверде нема утка. Поздравче и прости ми уште еднаш.
Ако може мислење од @Biodevojka за марамиците со само две состојки, мене малку чудно ми изгледа, затоа си барам нејзино експертско мислење
Извини што јас ти одговарам, но Биодевојка може да каже и нејзино мислење секако. Имаат само вода и конзерванс (калиум сорбат, кој се користи како конзерванс и за храна). Колку што имам читано за него, тоа е практично некоја калиумова сол синтетички изведена од сорбинската киселина и мислам дека е безбеден за употреба (не е природна состојка, секако). Може да предизвика алергиска реакција (употребувана во големи количини), но тоа е наведено како нус-појава во многу ретки случаи. Не верувам дека тука би била употребена во толку голема количина за да дојде до тоа. Дали може да споделиш за кои влажни марамици станува збор? Сигурно би можеле да се најдат и некои со подобар конзерванс, јас за жал сè уште немам пронајдено такви. Овие од сликата се едни со подобар состав кој сум го видела во последно време. Речиси сите имаат нафтени деривати, алкохол и парфеми. Сакам некои со што помалку состојки, а никако да најдам некои такви.
Фала @Mishela yeni Dogan се марамиците, случајно ги купив од Зегин 40 денари беше пакувањето на акција. Се изненадив од состојките ама искрено и со резерва сум во денешно време кој стигне произведува
Иста фирма се И многу многу слична декларација, буквално како истиот шампон да е, само за друг намена, на пример.
Не изгледаат воопшто лошо. Можеби можеле да стават некој друг конзерванс (иако и овој е прифатлив и е обележан со 1 зелена точка на biodizionario), но пак се многу, многу подобри од повеќето декларации на влажни марамици кои сум ги читала. Ќе ги земам за проба и јас, фала што сподели.