Здраво драга како што ти пиша Мишела подоле станува збор за вода и конзерванс. Во животов немам видено вакво нешто, само вода и конзерванс. Инаку овој кознерванс точно е дека може да даде алергиски реакции само доколку е во комбинација со содиум бензоате (обич но одат давата заедно многу ртко до ставаат едниов сам). И точно е дека се користат и во храната како конзерванси. Некои сертификатори го имаат признаено како сигурен и го користат и во подготовка на органска козметика. Поздрав. Драга многупати ме прашале за овој серум, вака од состојкиве ми изгледа ок, ама чуден ми е распоредот на состојки. Не може на прво место да ставиш Ц витамин како најзастапена состојка...само редостелдот ми е чуден и не знам дали се застапени сите состојки...не знам што да кажам. Браво!!! Гелот е многу убав има блага формула, убаво избалансирана. Другите два не се природни, ама не ми изгледаат лоши. Поздрав.
Морам да те искарам драга...колку пати имам зборувано за Cera Microcristallina дека е нафтен дериват и за BHT дека е најлоша состојка што може да ја најдете??? Ах??? Ќе ве испрашувам да знаете ахахахаххаа. Шала на страна лабелото никако, па башка на уста да ставаш такви состојки, немој. Не е природно има синтетички состојки и има еден ПЕГ кој е нафтен дериват...изборот е твој.
Сеуште учиме, со твоја помош. Лабелото е инаку тоа на Еуцерин, што е многу фалено дека помага, па затоа реков да си прашам прво, ете и другите девојки нека знаат. Ти благодарам на одговорот.
@Biodevojka Користам Алпецин, сега ми е при крај и не знам дали да купам повторно ваков или можеби има некакви преагресивни состојки бидејќи имам тенко влакно и многу ми се изретчи од опаѓање. Користев и од тој на Илирија шампонот од бреза, но баш пред малку видов во темиве дека е преагресивен. Еве ја декларацијата на Алпецинот: Aqua, Sodium Laureth Sulfate, Laureth-2, Sodium Chloride, Disodium Laureth Sulfosuccinate, Sodium Lauroyl Glutamate, Panthenol, Caffeine, Parfum, PEG-120 Methyl Glucose Dioleate, Hydrolyzed Wheat Protein, Citric Acid, Sodium Citrate, Potassium Sorbate, PEG-40 Hydrogenated Castor Oil, Menthol, Polyquaternium-7, Disodium EDTA, Sodium Benzoate, Zinc PCA, Niacinamide, Limonene, Tocopherol, Phenoxyethanol, Methylparaben, Ethylparaben, Butylparaben, Propylparaben, CI 60730, CI 42090. Другото прашање ми е во врска со кремата Пантексол. Пред неколку години имав проблеми со црвени флеки на лицето, чувство на печење, сувост и лупење. Триста креми ми препишаа, најефикасната за жал, беше кортикостероид(Кутерид Г се вика, потоа користев Белогент) и не смеев да ја користам долго време. Оттогаш навака на периоди повторно ми се лупи лицето, а и се појавуваат црвени флеки. Би сакала да знам дали кремава е погодна за секојдневна употреба. Благодарам однапред.
Здраво драга, најнапред да ти кажам дека шампонот е агресивен. Содиум Лаурет Сулфат е згуснат со сол односно Содиум Хлорид, а не делумно со Бетаин (кој воопшто и не го гледам во формулата). Потоа не ми се допаѓа лично воопшто системот на конзервирање. освен феноксиетанолот кој не е лош, ги ставиле сите можни парабени...потоа содржи ПЕГ кој е нафтен дериват...Не знам која е намената на шампонов, најверојатно против опаѓање со оглед на тоа што содржи кафеин или пак за регулирање на вишок на себум или себореичен дерматит со оглед на тоа што содржи Zinc PCA. Како шампон од природно потекло би можела да го пробаш овој на Алверде Aqua, Lauryl Glucoside, Alcohol*, Sodium Coco-Sulfate, Caprylyl/Capryl Glucoside, Glycerin, Xanthan Gum, Caffeine*, Coffea ArabicaSeed Extract*, Oryza Sativa Bran Extract*, Menthol, Sodium PCA,Betaine, Arginine, Parfum**, Limonene**, Linalool*** ingredients from certified organic agriculture** from natural essential oils Не е сосема ист на оној горе секако, меѓутоа како дејство се приближува затоа што содржи кафеин кој ја стимулира циркулацијата на темето, а со тоа го подобрува и растот, потоа ментол (кој го има и во претходниот твој шампон) и плус овде имаш и бетаин и агринин кои зацврснуваат. Фали компонента за регулирање на себум како што во претходниот има Zinc PCA., меѓутоа може да додадеш 0,20 гр. салицилна киселина и да добиеш одличен шампон против првут (доколку тоа ти е целта секако). Јас лично го имам пробано овој шампон на Алверде и кај мене се покажа одличен, иако е индивидуално. Со оглед на тоа што кошта 145 денари не губиш ништо ако го пробаш. Што се однесува до второто прашање, не коментирам за производи на база на кортизон со оглед на тоа што станува збор за лек, а јас не се занимавам со фармација. Декларацијата која ми ја покажа не ми се допаѓа, многу е синтетичка и содржи дури и силикони. Нема да решиш ништо. Потребен ти е крем кој ќе содржи Ц витамин за црвенилото, пантенол, екстракти со смирувачки ефект на пример рускус кој одлично намалува секаков вид на црвенила и алергиски реакции, екстракт од невен, масло од невен и.т.н. Поздрав.
Би сакала да ја прашам @Biodevojka што мисли за состојкиве пошто јас не се разбирам баш. Производов е наменет за коса.
Здраво драга, за жал воопшто не ми се допаѓа. Ги има сите можни силикони амодиметикон, циклохексасилоксан, циклопентаксилоксан, кватерниум 80, да не правам муабет за сите парабени....Штом има силикони јас автоматски отфрлам производ, не се потребни воопшто на косата, даваат лажна слика на мазна коса, а воопшто не негуваат. Изборот е секако твој, ова е мое лично мислење. Поздрав.
@Biodevojka здраво, дали би го препорачала овој сапун од ла сој за лице, имам комбинирана но воедно и осетлива кожа, склона на иритации, лупење и ситни акни.
Драга, сапунот како декларација е многу убав, а и Ла Сој прават природни и убави сапуни, за тоа нема збор. Дали тебе лично ќе ти одговара не би знаела да ти кажам сепак е индивидуално. Од формулата не може никогаш да се каже колку пена прави еден сапун и колку измивачка моќ има. Само со користење може да се види ова. Поздрав.
@Biodevojka има нови серуми на Балеа, а овој ми се виде интересен. Само ме буни првата состојка... не е тоа филтер за заштита од сонце? Ме чуди да е на прво место или така треба? Што мислиш? Дали е погоден за 25+години и нормална до комбинирана кожа? Ти личи дека има многу масна структура? Ако можеш, те молам погледни го и овој? Ти благодарам однапред, поздрав
Здраво драга, првата состојка не е филтер за заштита од сонце, туку еден вид на состојка која помага полесно да се растворат честичките од хемиските филтри. Кремов за жал содржи хемиски филтри, така да не е баш во склад со мојата филозофија. Хемиските филтри се: hydroxybenzoyl hexyl benzoate, methoxydibenzoylmethane , ethylhexyl triazone. МНогу ми е хемиски кремов. Вториот не е пкомплетно рироден, ама не можам да кажам дека е лош. Изборот е твој. Поздравче
А баш мислев дека си најдов серум за пролетва. Тогаш, може да те замолам да ми дадеш предлог за крема за лице со заштитен фактор. Имам нормална кожа, цена до 1200 ден. Битно ми е добро да се впива, затоа што често имам проблем со кремите со заштитен фактор, чувствувам како да ми стојат на површината на лицето во вид на масна трага. Ти благодарам многу
Вака од декларацијата ми изгледа како скраб за лице. Има сол, првата состојка е марис сал, а јас лично не препорачувам сол за лице. Изборот е твој. Драга пробај ја онаа за заштита од сонцето на Еко Козметикс. Мислам дека најбрзо се впива. Пробај прво тестерче да видиш дали ќе ти одговара, сепак индивидуално е. Има неколку вида со спф 15, спф 30, спф 45 и спф 50 ако не се лажам. Поздрав.
@Biodevojka Драга, би те замолила коментар за шампонов да ми дадеш. Гледам дека има ПЕГ а знам дека тоа беше штетна состојка. Инаку фризерката ми го препорача за фарбана коса. Ти благодарам.