Дали составот на оваа крема е во ред, ми ја препорача козметичарка нo цената е многу ниска па тоа ме буни малце @Biodevojka ?
Јас да се јавам неповикана Не е во ред Ана,течен парафин,ПЕГ.Научив нешто од Биодевојка Посебно ако се работи за лице никако.
@anastasijaki во сите има парафини , нафтени деривати а првата мислам е со најлош состав плус содржи и формалдехид
@Biodevojka Би сакала да те прашам што мислиш за мицеларната вода на Логона и дали е комплетно органска како што се тврди? Сакам да купам органска мицеларна вода па ми треба совет. Еве го составот: Состав (INCI): Aqua (Water), Propanediol, Glycerin, Aloe Barbadensis Leaf Juice*, Coco-Glucoside, Betaine, Rosa Damascena Flower Water*, Aloe Barbadensis Leaf Juice Powder*, Dipotassium Glycyrrhizate, Sodium Levulinate, Sodium Anisate, Lactic Acid, Sodium Lactate, Citric Acid, PCA Ethyl Cocoyl Arginate, Parfum (Fragrance)**. * од контролирано органско производство ** природни етерични масла. Доколку имаш препорака за некоја друга органска мицеларна исто би била благодарна. Поздрав.
Не е лош драга. Не е комплетно најприроден ама ок е Драга кремов што ти го препорачала козметичарката со еден збор е ужас. Верувај се што не треба содржи. Идем и овие иако се поскапи содржат навтени деривати и силикони. Цената понекогаш и не е репер за квалитетот. Се наплаќа името доколку е позната Драга мицеларнава вода е ок убава не е100% органска затоа што содржи вода која не може да се сертифицира како органска. Има состојки од органско потекло и сертифицирана е како органска ама знајте дека производите кои содржат вода, емулгатори или сурфактанти не се 100% органски бидејќи овие состојки се добиени по хемиски пат иако се природни биоразградливи и прифатени од сертификаторите на органскат козметика. 100% органско може да биде масло, путер, хидролат итн. Инаку како производ е убава природна и сертифицирана органска. Како што ти пиша коритсаки станува збор за еден вид на конзерванс кој испушта формалдехид во производите или подобро кажано потенцијален испуштач и најдобро е да се избегнува и воопшто да не се користи производот. П. С. Си инсталирав мк на мобилниот да можам да одговарам и од тука.
Не се комплетно природни првиот содржи пег и полисорбат. Како преодни производи доколку се чистиш од силилони ок се, ама сњпак постојат многу многу подобри производи
На Logona мицеларната вода се води како сертифицирана природна (првото најниско ниво). Не се јавува ниту како сертифицирана природна со органски состојки (второто ниво), ниту пак како сертифицирана органска (третото највисоко ниво). Во превод значи дека има состојки од органско потекло, но тие се под 70% од целокупниот состав, затоа и е сертифицирана „само“ како природна. Тоа како што кажа, секако не го спори квалитетот на производот.
Дали би можеле да ми препорачате сертифицирана органска мицеларна вода од највисоко ниво без разлика на цена. Благодарам
Општо јас колку што знам и имам гледано, во Македонија за жал сеуште нема сертифицирана органска мицеларна вода. Или барем јас не сум сретнала. Инаку конкретно согласно Natrue стандардот органски мицеларни води има само две. Едната е на Prima Spremitura BIO, а другата е на Kaloderma. И двете исто така ги нема во МК, колку што знам. Тие две се со >= 95% органски состојки во составот. Од COSMOS ORGANIC стандардот имаш мицеларна вода на Pulpe de Vie со 99,79% органски состојки (највисок процент од сите производи што сум сретнала за мицеларна вода) и имаш од новата линија на Garnier, но таа е само со 11% органски состојки. За жал ништо од ова не се нуди во Македонија. Ако имаш некој во Италија или Германија, може да ти ги донесе.
Драга моја јас би ти ги препорачала како најдобри моментално кај нас во Мк или Гамард или Флеуранс. Едната е околу 1200 другата 800 или 900. Серифицирани се како органска козметика од страна на францускиот сертификатор и ако не се лажам содржат околу 11% органски состојки. Да не заборавиме дека освен органските состојки од огромна важност е формулата на еден производ и меѓусебниот сооднос на состојките, така да овие два се убаво избалансирани и функционални. Кој и да го одбереш мислам дека ќе бидеш задоволна. Поздрав.