Драга од декларацијата заклучок ми е дека се работи за крем за избелување на флеки барем според ниацинамидот, маслото од портокал и екстрактот (барем според мене). Замислата им била убава само што штета финалниот производ не. Многу е хемиски и има башка силикон иако во мал процент сепак го има. Поздрав Да еден (всушност е полимер базиран врз силикон иној c 30 - 45 alkyl methicone , и има еден куп нафтени деривати. Да се фати човек за глава.
Од sensitive-колекција се, па се зачудив бидејќи имаат cocamide MIPA или PEG, дали навистина се штетни? @Biodevojka
Дтага воопшто не ми се допаѓаат. Мора да додадам и дека вториот производ е агресивен после содиум лаурет сулфат има морска сол па бетаин, а треба да биде обратно.
@Biodevojka Здраво.Тоников од Балеа е за сува и чувствителна кожа. Дали одговара на нормална кожа со мрсна Т-зона, но многу чувствителна и дали има штетни состојки, страв ми е уште повеќе да не ми го исфрли лицето.
Здраво драга тоников е едноставен има вода, глицерин, екстракт од сладок бадем... Ми изгледа ок како декларација. Не би можела да ти кажам како ќе делува кај тебе иако според мене е повеќе наменет за нормална до сува кожа. За масна кожа би ставила екстракти како лаванда, чајно дрво итн. Ако ти е многу чувствителна кожата пробај го сепак станува збор за тоник не ја запушува или оптоварува кожата. Ми се допаѓа што нема алкохол. Поздрав Драга воопшто не ми се допаѓа. Поздрав
@Biodevojka Здраво, те замолувам дали ќе може мислење да ми дадеш за овие два производи? Првото е пилинг маска од белеа, а второто шампон исто од белеа наменета за виткана коса. Може да ми препорачаш некоја линија за виткана коса со добар состав да е? од Aлверде без сулфати дали би ми одговарале на кадриците? Ти благодарам однапред
Јас колку што знам ги има во Космо и во ДМ...и во некои други помали продажни места како Markt во Скопје ги имам забележано.
Здраво драга маската не е најприродна ама не можам да кажам дека е лоша. Не ми се допаѓа згуснувачот карбомер кој е синтетички ама ете одлучи ти. Шампонот најискрено не. Има силикон и бсшка многу е хемиски. Само не те разбрав сакаш препорака за шампон без сулфати или органски благ шампон со сулфати? Да знам што да ти препорачам. Драга јас ги немам видено ама ете ти одговорија веќе.
Јас имам виткана коса и од Алверде најдобар ми беше оној со авокадо. Од уртекрам најмногу ми одговараа оној со зелен чај кој фантастично чисти и косата е преубава (омилен ми е) и оној со нордински бобинки. Алверде ги има во дм а уртекрам во космо, рамстор и сити мол на штандот на Белина. Поздрав
Драга за обликување си правам сама еден гел со пантенол, масло од арган, кератин и гел од ленено семе. Тоа најдобро ми функционира за локните.
@Biodevojka Дали е со добар состав регенераторов, и дали може да се користи за co-wash? Ако не е, тогаш можеш ли да ми препорачаш нешто погодно со ниска цена?
Да, го нарачувам од сајтот на farnacia vernile соецијализиран за козметички состојки @lovelygirl39 овде не ми се допаѓа тоа тетра ди ти бутул... Инаку може секој регенератор да го користиш за co wash. Земи некој на алверде тие се убави и со ниска цена.