Многу сакам убаво наместена трпеза и декорации со храна. Постирајте слики, давајте идеи за декорација. За почеток еве неколку слики:
Devojki.... Ve molam pomognete mi... Mi treba pomos... Neznam kako da gi svitkam salfetkite za vecera... pa ako ima nekoj idea neka mi pomogne mi trebaa mnogu ve molam..... Blagodaram odnapret
Треба умешност при декорирање...јас секогаш се трудам колку толку особено при некои прослави не само да наредам шунка кашкавал,или салата ви чинивче без никаква декорација......некако испаѓа дека ништо не еприготвено со љубов нели?????
Не сум многу по декорирањето на храната, важно ми е да е вкусна,но сепак добро декорирана храна би била супер еве некои слики што ми се допаѓаат од декорирање на храната
Како да ја подредите масата за официјален ручек http://zabavni-nesta.blogspot.com/2011/ ... -post.html
Морнарска декорација Најпрвин ќе создадеме еден минијатурен чамец. За таа цел ни се потребни: -Јаже, дрво -конец -парче бело платно -црвена и црвено бела лента -метални копчиња -ножици и игла Две танки прачки ги поврзуваме со коноп од двете страни хоризонтално, а вертикално поставуваме уште една прачка на средината која ќе го претставува јарболот на бродот. Од белото платно сечиме еден дел во форма на триаголник и со игла го шиеме околу вертикалната прачка, подолгиот дел од платното. Ќе добиете вистински јарбол којшто на дното ќе го прцврстите со метално копче. На крај врзуваме една црвена лента на врвот на јарболот. Вазна во морнарски стил Потребни материјали: -шише обвиткано со бела трска -бела и црвена акрилна боја -четка Најпрво цело шише го сликаме во бела боја. Кога ќе се исуши белата боја, со црвената боја правиме пруги во дебелина од 5cm.. порака во шише За пораката во шише е потребно: -шише со тапа -хартија -коноп -хефталка и ножици -морнарска врвца Пораката ја пишуваме на листот хартија која се однесува на нашите гости. Ја захевтуваме заедно со лентата, ја виткаме во ролна и ја ставаме во шишето. Го затвораме шишето со тапа. Горниот дел од шишето го виткаме со коноп. Пораката во шише е направена, можете да додадете имиња на поканетите гости така што на една танко парче дво ќе го напишете името и ќе го врзете со една црвена лента во панделка. Спојлер http://www.domistil.mk/articles/takasepravi/410/idei-za-letna-dekoracija/