Јас на пример за секоја прослава именден или вечера кога се дава обавезно декорирам вака мора се да ми биде совршено и под конец,а мајка ми готви.А за салфетките знам многу форми само зависи дали ќе најдам соодветна боја како што сакам а ако не најдам никому ништо здравје со бели пак е убаво
Секогаш за празници ја декорирам масата, се да биде убаво средено. И општо секогаш сакам да ми наместена убаво масата за ручек, вечера, чинии исти сите, чаши, ептен обрнувам внимание на тие работи. Кога одам на гости и ќе сервираат во различни шољи кафе, од три сервиси по еден многу ми е чудно, или една таква чаша, една таква и одма ми паѓа во очи. Секогаш на малата масичка во дневната имам сад стаклен со најразлични бомбони и 1 чинија овошје. На големата маса имам чаршав убав и букет цвеќе, ми ја краси собата.
Здраво здраво! Моментално си го смислувам декорот на масте и би сакала да прашам дали некој знае каде да најдам ролна "јута" матерјал. Го има кај нас по цвеќарите па ако некој знае од каде нарачуваат они би било супер Друго прашање ми е каде може да најдам ефтини големи свеќи затоа што ќе ми требаат доста од нив Фала многу!
За јута материјал да видиш во Пантер Мис, тоа е во Визбегово. Нема што нема, цвеќарниците од таму се снабдуваат.
Фала MissDaisy, Се јавив и ми рекое даке немаат јута ниту нешто слично Дали знаеш каде на друго место би имало? Фала многу!
Mozam li da najdam nekade niz forumov vasi licni dekotacii za masa i hrana? Mi treba nekoja inspiracija.
Декорирам и маса и храна. За гости обвезно, за нас дома зависи како имам време. Многу сакам декорирани маси. Немора да се скапи прекривки и садови, понекогаш и обично гранче, убава вазна на масата, листови од зеленчук, свеќа,свеќник,убава пепељара ..може да дадат свежина на масата. И обично пржено/варено јајце да е, настојувам да е убаво сервирано. Да ја оживееме темава малку, да ставаме слики од наши креации !
јас сакам декорирање ама пустото немам нешто фат за такви работи,многу ми е убаво кога гледам преубаво издекорирани даски со сувомеснато,просто да ти е жал да јадеш се трудам да ми е средено,со некој детал,поготово гости кога имам
За празници уживам масата да ми биде издекорирана, посебно за Бадник, Божиќ и Велигден. Со огромна страст го правам тоа. Убава комбинација ми е, чаршав на црвена или тегет основа со некои златни орнаменти, со раскошен свеќник и декорација на храната. Мерации...
Не знам дали има друга тема, мислам дека ми е погодена темава. Ми требаат идеи за декорација на салфетки, не нешто посебно, сакам нешто слично како што ги нарачуваат на пример салфетката превиткана и со картонче завиткана и на него да го пишува поводот. Видеа, слики, се ќе биде од помош.