Ајде девојки пишете како беше декорирана вашата сала или како би сакале да биде а може и некоја слика да ставите Btw колку шо видов нема ваква тема, доколку има избришете ја Еве една слика од мене, вака би сакала да биде декорирана салата ко ќе се мажам Поздрав !
Ништо не ми се допаѓа. Претеруваат кај нас со декорација...многу малку од нив имаат осет! ...Јас сум повеќе за ова подолу!
сакам да прашам за совет во врска со декорацијата бидејќи воопшто не ме бидува за вакви работи. значи во ресторанот тепихот е црвен и има бели пердиња со црвени завеси. не би сакала останатата декорација да ми биде во црвено. е сега основата ма масата и на столчињата би биле бели нели на масата имав замисла да се стави како делумна покривка во кафена или бакарна боја и нешто слично на столчињата. знаци за масата мислам вака како на сликава. би одговарала таа комбинација на бои ? или нема врска тепихот со масите и столчињата?
Може, зошто да не. Ако сакаш кафена боја тогаш оди со онаа венге - темно кафена или ако е бакарна онаа што е како старо злато боја што ја викаме. Тепихот се вклопува со бојата на завесите а не се комбинира со боја на маса и столче. Тогаш масите и столчињата нема да се истакнат туку ќе се претопуваат со боја на тепихот.
http://www.facebook.com/cvekarnica.margarita?ref=ts можете да видите добри декорации а и може да ги контактирате се надевам ви помогнав позз