и двете се преубај искрено и јас многу би се двоумела ама сепак на крај краева би се одлучила за вторава
Мене поубаво и поелегантно ми делува втората комбинација (со златно). Поубава ми е позадината каде што седат младоженците, на првата комбинација (со црвено) се гледа шанкот што според мена не е баш ок.
Кога ќе настане гужва, луѓе, првата комбинација нема да се забележува, додека втората сепак ќе се приметува. Така да јас сум за ВТОРАТА, за да се гледа дека сепак има нешто. Но, мислам дека треба прво да видиш ти какви бомбончиња ќе спремиш, на која боја, за да биде по складно.
За жал, комбинацијата што јас ја сакам, ја немаат таа боја во ресторанот. Нудат само лила,златно и црвено.
Јас сум за златната,таа ја имав избрано и јас и беше баш нежно,зашто ми одговараше на сите детаљи што ги имав