Девојки молам за мислење. Салата е шампањ бело, сакам да ја декорирам со нежна боја, многу ми е допаѓаат овие декорацииве со бледо розевко-пудра боја, потоа со светло лилаково и со праска-розе боја. Но не можам да се одлучам што поубаво би изгледало. Странскиве декорации се лудница, а кога ќе отворам на нашиве цвеќари се разочарувам.
На мене ми се допаѓа комбинацијата светло-лилакова боја. Бидејќи салата е со светла боја, декорацијата треба да биде контраст.
Се согласувам бледо розева и праска некако не ми одат. Подобро е лилјакова, контрастна, а сепак нежна
Боите треба да бидат контрастни. Розева или праска боја нема да одговараат. Најди слики на интернет со такви декорации па види дали ќе ти се допаднат.
Во ресторанот доминира црвената боја... столиците ке бидат декорирани бели..... е сега за цвеќето незнам какво да го изберам.... би било убаво да е во бела боја???
Кога веќе одиш со црвено-бела комбинација, тогаш да. Можеш да вметнеш и по некое црвено цветче, ама нека доминира белата овде според мене.
Девојки кажувајте искуства од декорацијата на вашата свадба, цвеќето, салата, осветлувањето колку ве чинеа?
Кај нас беше гратис. Само салата беше декорирана. Цвеќе не одбравме, бидејќи се наплаќаше. Осветлување немавме. Во повеќето ресторани декорацијата на салите е гратис.