Јас се се мислам да почнам да ја гледам серијава, ама некако досега не сум.Па ме интересира како безмилосен голтач на серии, ќе станувам ли од пред екран ако почнам да ја гледам или нема спас?
музичето посебно ке те погоди ...а шпицата мене ми е супер ... ДЕБ царицава мислам дека на моменти мнн мнн ке ја сакаш па други моменти нема да ја сметаш за жива ... ГЛедаЈ го прее добар е и секако оваа 8мава Сезона е последна
Јас скоро ја изгледав прва сезона.Одлична е, никогаш не ми се допаѓал толку многу некој сериски убиец Можеби затоа што секогаш кога гледам некој убиец во крими серии сметам дека е правда и тој да страда на начинот на кој страдале неговите жртви, па затоа и Декстер толку ми е мил, оти прави да страдаат.(немам јас сколоности кон убиства да не се замислите сега )Ни за момент не помислувам дека всушност и тој е убиец и тој нема чувства...Веројатно само јас сум, но мене Дебра ми е иритантна актерка, не можам да и го смислам ликот и во други филмови ја имам гледано и таму ми била одвртна, не можам ни да си замислам дека е жена на Декстер, а тој е толку шармантен.
Добро, зошто оваа Дебра не умре веќе, навистина е крајно патетична и одвратна и ги преминува сите граници, уништувајќи ја суштината на целата серија. Мислам дека е време да го вратат Декстер на стариот пат и да се ратисаат од чудово од жена, која навистина не може да биде поантипатична и дезориентирана. Мислам дека Квин уште ја сака и не знам само со кој памет, оваа промискуитетнава му е топ. Со нетрпение ја очекувам Хана. Може овојпат за навек ќе ја реши Дебра.
Јас сум до трета сезона, ама некако многу е затупена, првите 2 ги изгледав за недела дена чинам, оваа сезона ја влечкам некако, многу ме замара овој Мигел ми иде на нерви, сакам Декс кога е сам, не му треба килинг френд.4та сезона каква е?Ако е толку досадна да ја рипам а?
никакво рипање, не се глупирај мене ниедна не ми била досадна, а посебно 3тата не треба да ја пропушташ, венчавката на Декстер и Рита е на крај инаку јас сум нова во темава бидејќи последниве две недели цело време ја гледав серијава, ми се чини една сезона дневно гледав премногу ми се допаѓа и серијата а и Декстер, единствена замерка ми е што на сите жртви им дава лесна смрт, мислам дека заслужуваат да бидат сецкани дел по дел пред да ги убие омилени сезони ми се првата и петтата, првата заради Брајан (знам дека беше негативец, ама многу го засакав, затоа и епизодата Небраска од 6та сезона ја сакав толку многу ) 5тата ми беше омилена поради Лумен, Спојлер многу сакав да остани со Декстер, и само за неа плачев кога се разделија а Хана не ја сакав баш, па затоа мило ми е што си замина.. 8ма сезона изгледа добро, освен што досега немаат покажано која ќе биди темата на сезонава, прво мислев дека ќе биди овај со мозоците, ама изгледа нема да е така најверојатно како последна сезона ( ) ќе биди повеќе за односот на Декстер со Деб (која страшно ме нервираше на почетокот од сезонава, ама во последнава епизода океј испадна), иако јас би сакала да е само за Декстер, поточно за Bay Harbor Butcher, ама се надевам нема да го откријат
темава не е баш активна а ?? или па можеби никој ја нема изгледано новата епизода.. во спојлер ако ја имате гледано шестата епизода Спојлер многу ми се допадна епизодава и КОНЕЧНО се откри темата на сезонава, односно се откри дека темата ќе биде наследникот на Декстер, Зак ми се допаѓа тоа со Зак ама некако чудно ми е зошто би имал Декстер наследник, можеби планираат да го убијат ликот ( ) и потоа да има спин-оф за Зак..Хана кога ја видов се наежив, многу антипатична ми станува, и мислам дека Деб е во право што му вика на Декстер да ја убие, ама да не зборувам предвреме, можеби има добра причина зошто се врати сепак не ја поднесувам.. Инаку како што гледав на едно видео на Јутуб, во коментарите се зборуваше за „Хирургот на мозоци“ („Неврохирургот“ не звучи доволно морничаво ), дека Јејтс можеби не бил тој, туку дека е можеби и самата Вогел.. Малку ми е чудно тоа бидејќи нели таа добиваше делови од мозок а и пораки од Хирургот, ама тоа со Јејтс има смисла, тој убиваше само жени и нели штикли собираше, а и многу растресен беше, не ми се верува дека тој би можел толку прецизно да вади делови од мозоци како и да е, едвај чекам да ја видам новата епизода, интересна изгледа
И велите Марија ќе умре, да ви кажам со душа го чекам моментот оти женава крајно ми лази на живци и опасно ги гази сите само да си ја извлече својата дебела салеста газица.Не ја сакам со Ангел, тој заслужува нешто подобро од кучкава.
Одлична сезона , штета оваа е последнатата , баш ме интересира што ќе се случи на крајот... кој ли ќе чека уште 6-8 недели
Само јас ли мислам дека на Декстер подобро би му личело да работи како патолог отколку ова со крвта...некако како некој вид на медицинско лице ми е попривлечен
Спојлер Ми требаше доста време за да го процесирам фактот дека Зек е убиен, што значи дека the Brain Surgeon is back! Сега прашањето е кој би можел да биде. На врвот на листата на осомничени ми се Квин и Др Вогл, иако таа нема некој посебен мотив за убивање на Зек. Кога ќе ми текне дека има само уште 4 епизоди
Ми се свиѓа како еден ќе убие некој и сите си седат и си дискутираат нормално , како да све тоа да е ок ... One happy killing family
Спојлер леле последнава епизода Зак.. Не се зачудив што хирургот е жив, (Јејтс го немаше тој профил на убивање), ама многу се зачудив што го уби Зак Хана сакам што побрзо да си замини, или во Аргентина или во затвор - само да не е со Декстер (незнам зошто толку ја мразам ).. Наредната епизода како што гледам ќе биде многу интересна, и конечно ќе се покажи Квин во вистинско светло Џејми е предобра за него.. Деб уште се нема освестено во врска со Декстер, ама барем ќе се врати на старата работа.. Некако серијава ми станува посериозна, можеби бидејќи Масука е татко ми фалат неговите шеги (сеуште се шегува ама во помала доза) Спојлер Квин мислам дека нема никаков мотив за да го убие, полицаец е, а не убиец а и зошто би го оставил баш во станот на Декстер??.. Јас знаев дека Хирургот ќе се врати и се сомневав во Др. Вогел, знае се за мозоците, а и има правено операции (нели на Јејтс), ама кога подобро размислив сфатив дека тоа нема смисла, сигурно сама не си ги праќа мозоците и пораките.. Најверојатно е некој од нејзиното минато, некој близок или некој пациент, ама мислам дека се поголеми шансите да е некој близок.. и нели во оваа епизода Хана ја праша како започнала со ова и таа и кажа дека е нешто во врска со минатото (не запазив убаво што рече).. Не ми се верува дека остануваат само 4 епизоди
Добро овој Квин да не е болен нешто?Секоја сезона е се послаб, дури веќе не личи на човек, страшен е. Барем јас мислам дека кога се појави беше дури и привлечен, сега е коска и кожа. Него јас мислев дека Дебра ќе дознае за Декстер во 8ма сезона, она да ти било 7ма. Баш интересно започна, одвај се воздржувам да не читам во темава, за да не си откријам нешто. И што беше она Деб дека е заљубена во него, булшит.Си го измкнаа од гас, само без веза ги влечеа епизодите. Може Квин е се погрозен, али Декс е се посекси...леле мајко каков е.Јас да сум на место на Деб не би ни зуцнала
а па да го видиш Квин во 8ма сезона Навистина многу згоден беше на почетокот, ама сега дури и антипатичен е (и во изглед и во карактер).. И се согласувам за тоа со Дебра и Декс, мислам - what the f*ck ? На почеток си реков ај ќе и помине, ама сега во 8ма сезона дури и љубоморна станува Дефинитивно треба да ја средат серијава, се им се измеша..
гледав до 8 епизода и на почеток првите епизоди малку се разочарав не ми беше ич интересно. барем не како претходно но Спојлер кога се појави хана, зак , кога дебра се обиде да го убие декстер е веќе се вратив во живот и се надевам дека ќе продолжи серијата во тој правец. не му личи на декстер да изиграва херој за вогел или психијатар и спасувач на дебра. знаеме што тој најдобро прави...
дури сега ја изгледав новата епизода.. Спојлер некако досадна ми беше епизодава, за малку ќе заспиев скоро се што се случи беше очекувано, освен тоа дека синот на Вогел е Саксон Ова со Декстер и Хана и нивниот хепи енд ми е како дежа ву од Декстер и Рита, нели кога сакаше да има „нормален“ живот со неа и децата Ама она што го кажаа за наредните епизоди ме стави во исчекување, не сакам ништо да им се случи на Харисон или на Деб онај шефот на Деб почнува антипатичен да станува, како што гледам нема да се откаже од Хана за 4 дена ќе имаме нова епизода, баш сакам да видам што ќе се случи