Ја па мислев за овој декстер се работи Ја немам гледано серијата, незнам ни за што се работи.. Али морав да искоментирам.. си се изнасмеав сама на себе кога видов дека се работело за нешто сосем друго
Fox Life мислам дека ми е најгледана програма. Ми се допаѓа концептот, дефинитивно е различна и освежителна. Не е нешто што веќе сме го виделе, и се води по шема на правење крим серии. Не ја следам редовно, последната сезона ја немам чепнато уште. Актерите си ја вршат работата феноменално!
Омилена серија ми е, без размислување си кажувам. Декстер како лик, невообичаен, интересен смешен со морбидна интелегенција ми е срцка. Го обожавам, иам и други филмови од Michael C. Hall ама па и некако не сакам да ги гледам затоа што Декстер си го имам замислено како нешо совршено Инаку серијава мава на психа, откако ја изгледав прва сезона - која ми е истовремено и најдобра до сега, сонував крвишта, мислев дека и јас сум ладнокрвно лошо копиле и слично. И ајде веќе... нека излегува 6та сезона. Вишемто!
До половината на трета сезона сум. Првата сезона ми беше доста интересна, напната, нова, невообичаена, ОДЛИЧНА. Втората на почетокот преинтересна, потоа го изгуби сјајот. Третава ми е многу слаба. Чекам да видам што е толку посебно четвртата, гледам Трендафилка ја има пофалено. И ретко се случува во серија главниот лик да ми е омилен. Ова само во Спартакус и Призн Брејк било. А ова е најјакото нешто направено
не разбирам што сакаш да кажеш со тоа,цитирам,,добра е, многу поразлична од сето она made in usa ,,??? Dexter е made in USA
Завршив со 4та сезона. Коментар за серијава, хм... Не ми е во омилените, дефинитивно тоа, но сепак има некоја интересна замисла. Ми смета што дејството се развива премногу бавно, за едно исто цела сезона се троши. Мораат понапнати сцени да снимаат, нешто како последните од 4та сезона. Имам предчувство дека низ цела сезона се тегне дејството за на крај како што пиша Трендафилка да кулминира. Четвртава сезона беше закон, баш крајот ја направи да е таква посебна. Клифхенгерот беше врв, баш тоа фали, превртливи ситуации, изненадувања наместо се да оди како подмачкано по планот од Декстер. Но сепак далеку е од лоша серија, далеку од типично сценарио. Ликот на Декстер е еден од најдобро осмислените ликови, дури на исто ниво со Мајкл Скофилд го ставам. Се бори со внатрешните демони кои ги има, се бори со околината, дури и на 30 и кусур години уште си го формира карактерот и баш тоа е она што ми се допаѓа кај него, тоа што никогаш не знаеш како ќе го гледа противникот. Иако убива по шаблон, тоа како ги гледа криминалците е доста интересно. Но, сепак си стојам на зборот - пребавно. И приметив дека во секоја сезона цело време се врти околу тој еден bad guy, Ice truck killer, па Лајла, Прадо и сега Тринити. Едноставно се знае дека тие се лошите, и дека Декстер ќе ги свитка на крајот. Кога би ја рангирала серијава би и дала 7,5/10
Започна 6-тата сезона со омилениот сериски убиец, како и секогаш - 12 епизоди во сезона без пауза, мераци. Да се надеваме дека сезонава ќе биде поквалитетна и повозбудлива од 5-тата, затоа што малку опадна во квалитет и интензитет. Џулија Стајлс, една од моите омилени актерки во минатата сезона беше благо разочарување. Ликот беше доста интересен, но не го пренесе сјајно. Можеше многу подобар кастинг. Од друга страна, ликот на главниот негативец и актерот беа полн погодок. За мене Декстер се' уште останува меѓу најдобрите, не е шаблонизиран и монотон, напротив, интелигентно-интересен, а коментарите му се закон. It's a miracle I graduated without killing anyone. Indeed.
Најавната шпица blu ray....закон! Одлично почна сезонава, супер ми беше првата епизода, се враќаме на стариот шаблон. Колку се смеев за оние студентите на Ли што беа дојдени, оној се онесвести на прв случај се надевам само ќе вметнат понатака некоја мистерија, нешто повозбудливо, дека нема само да остане на тој шаблон цела сезона. И Дебра ми е разубавена многу Инаку постеров исто закон
Мене Декстер ми се виде бајаги вицкаст во новата сезона. Почнувајќи од коментарот кој го постирав, завршувајќи со Hammer time “I have no idea what Hammer Time is. Or how it differs from regular time.” Како да не го сакаш? Не очекував дека Батиста и ЛаГуерта ќе бидат разведени искрено. А се радувам за Деб и Квин, мене ми се супер пар, кога настана пукањето на крајот, мислев дека некого од нив двајца ќе го упукаат и страшно ќе се изнервирав. Среќа преживеаа. Масука ми е еден од оние nerd ликови кои не ме нервираат. Серијата е многу квалитетна со многу интересни ликови. Едвај ја дочекав искрено.
Едвај чекам да се појави новиот дел ... ма навлечена 100% на Малиот 40тина минути уживанција од Серијал крваво добар
Крвав е Масука, па кога ќе се насмее http://www.youtube.com/watch?v=w576La3g9Ps Нека излезе цела 6 сезона, ќе ја изгледам. Туку да ве прашам, во 5та која е поврзаноста помеѓу таа првата плава жртва на негативците и Џордан Чејс... Таа постарата, што ја намами Дебра да отиде кај неа и потоа го викна него? Некако не го сфатив тој дел.
^ Колку што се сеќавам мислам дека таа им беше првата жртва, уште од кампот кога сите биле деца. Само ја оставиле жива, мене ми дојде како некој експеримент од страна на Џордан, да види дали е способен да и го испере мозочето и воедно да им биде потсетник за нивното дело. Мислам дека и од неа си носеше крв во привезокот на вратот, нели? Како и да е, си успеа во мисијата, девојката ем се плашеше, ем не ги пријави, веројатно сметаше дека на некој начин и помогнале во животот и не може да успее без нив. Болесно.
Се надевам и јас, па ќе си коментираме заедно во темава, зашто на прсти се броиме. Инаку третата епизода од 6-тата сезона изненади многу. Мислев ништо посебно нема да се дешава, обично Декстер се одвива прилично бавно и - БАМ ! Каква епизода! Овие двајцата што убиваат во тандем, не се нормални. И toothfairy убиецот, да се смееш или да плачеш. Браво за Декстер, серија која досега никогаш не ме разочарала.
Изгледав 3-4 епизоди и ми се допага,дефенитивно ке продолжам да го гледам Mи се допага што не е како CSI или сличен шит,туку е нешто ново,лик кој е гладен за лоши потреби,а ги задоволува за добри нешта,барем јас така го доживеав Cигурно знам дека има 5-6 сезони ,па дури не сум зафатена ке се фрлам пред Tв,а и симпатичен е типов
Да, почна и долгоочекуваната шеста сезона. Одличен старт, Осеќам дека ќе биде добра сезонава, сега не знам дали ќе ја надмине четвртата останува да видиме. Волфче многу бргу ќе ги изгледаш оти е зараза. А сесилија да, и мене ми е многу сомнителна плавата, ко некој убиец ми делува. Ајде одам ме чека третата епизода.
Cамо што ја изгледав 4 сезона и ваква сум Aбе што мораа да ја убијат Pита? убав лик ми беше,си ја сакав си пуштив некоја солза,на последнава епизода Bе читам назад дека сите ја фалевте 4 сезона и морам да се согласам,не е ништо како претходните сезони,со страв и ладна пот секоја епизода ја гледав Mило ми е што се уби онаа Kристина ме нервираше,Kуин ми е убав,оваа Дебра на почетокот ме нервираше исто така,но сега ми е ок Cе спремам за 5 сезона сега
Jа изгледав и 5 сезона,интересна беше Tуку ај некој нека ми каже кога изгледува 6 епиозда од 6 сезона Tрендафилке знам ти гледаш кажи ми
^ Денес е премиерата на тв а утре би требало да е достапна за download. Одлична е новава сезона, доста возбудлива! Според тоа што го читав за сценариото на шеста сезона, ќе има доста добар завршеток...