Tоа заборавив да напишам,4 сезона и сега 6 мноогу ми се добри,и преинтересни Mило ми е што Дебра е главната тука т.е лиутенант а криво ми е што го одби на Kуин own: Oваа Mарија ла гуерта дефенитивно ми е најиритирачки лик Tуку за 5 епизода,бре некако имав чуство дека некој ке го убие брат Cем Aј утре ке си ја гледам 6 еп.
Изгледани ми се сите досега, ама мене шестава сезона засега ми е некако слаба. Почна ОК, Декстер некако се очовечи малку покрај детенцето, па и хуморот му го развија, ама некако приказнава.... брада. Ајде можеби ќе се поправи.
уух, напротив, мене ми е многу добра сезонава, досега подобра од претходната. ова со думздеј многу ми се допадна. Декстер откачи скроз!!! ))
Мене ми се допадна вчерашната епизода. И тоа многу. Таман мислев дека ќе биде досадно, кога оп! - се појави психопатското братче на Декстер. И почна рандом да убива луѓе... стварно се мрдна Декстер. И баш ми е мило што Тревор не сака повеќе да учествува во планот на професоров (што патем е прилично чукнат, тука некаде се ручка со Тринити и Џордан од петтата сезона, ако не и побизарен од нив). Dexter, you never fail !
Декстер ќе се емитува до 12ти декември. Се мислам дали да си ги соберам епизодите, како детска пошта, во еден фолдер и во еден здив да ги изгледам. Но сепак не можам да издржам, иако сум само до 3та еп, полека полека во комбинација со другите серии што ги гледам, ќе бидам во тек со настаните
Каков пресврт Спојлер Дали е можно некој вака да го наседна Декстер? И оној новиот кој знае што крие...кај него е раката од жртвата на ајс трак килр од првата сезона. Едвај чекам нова епизода. Како ли ќе се извлече сега. И фала Богу Дебра ја направила малку понормална. Чудно беше да биде се океј со неа покрај се што и се случи. Човечки е вака А малиот ми е многу срцкаст
Вечерва ке започне нова сезона на ФоксКрим.Незнам која ама планирам да ја гледам.Заљубена сум во Декстерот
Некоја да не знае кога излагаат новите еп или и за Дехтер се прави пауза во снимањето ? молам за инфо
Ако збориш за оригиналното излегување на епизодите (не оние по нашиве телевизии) тогаш денес излезе нова епизода. Поточно 10та епизода од 6та сезона. Јас не сум ја гледала уште, вечер со пуканки ќе се сладам. Ама како заврши предходната, мислев пауза ќе имаат па ќе ги чекам до јануари ама не, и на 12ти декември ќе има друга, па на 19ти...
Декстер е една од ретките серии коишто немаат пауза. Уште само две епизоди. Многу изопачен лик е значи овој Тревис. Од последниве две епизоди сум запрепастена. Ја извлекоа сезоната, која инаку беше мааааалку развлечена за мој вкус. А што е финтата со овој geek-от што работи за Масука и ја прави таа игрицата? Зошто му е раката од Ice truck killer? Можно е да е само обожавател на нивната работа, или ќе испадне некој шпански вртлог, т.е. нивни брат, на Руди и Декстер?
Значи Декстер и понатаму ми останува уметност од серија Карактерите толку многу ми одговараат на ликовите или ај да речам изборот на актери ми е врв! Тревис е истовремено многу реално изопачен лик и изопачено реален хаха. Така и за тринити кога видов кој го глуми, милев дека нема да можам да се навикнам глумецот од Третиот камен од Сонцето да го гледам во таква улога, ама....мастер глумец! Одвај ги чеам двете последни. Нема да ги дадат една по друга наеднаш?
Деб заљубена во Спојлер Декстер ??? оh, fu*k, што би рекла она Каква јака епизода....ма цела сезона Како заврши 11та Никогаш Декстр не е бил во вака опасна ситуација, две епизоди по ред Едвај го чекам финалето. Ќе ми недостасува. Додека почне - завршила сезоната
Абе а зашто никој не коментира за тоа дека Спојлер Деб е заљубена во Декстер? јас сум во шок. Не ми се верува. А како заврши сезонава, леле. Не бев толку изненадена Спојлер од смртта на Рита. Еј кој ќе чека скоро цела година до наредна сезона. Не е фер. Серијава ми е врв, на топ листа. Со толку многу сезони се единствени што одржуваат вакво темпо. Декстр ми е најдобро оформениот лик низ сите серии. Совршенство.
Ја гледав денес 9-тата епизода од 6-тата сезона. Стварно не очекував ваков исход од настаните.. Спојлер Многу се изненадив што овој Тревис успеа да го зезне Декстер.. Ќе испадне дека професорот е само мрачниот сопатник на Тревис, како што татко му на Декстер е негов сопатник?! Ама па, нели таа женската што ја пушти Тревис, што успеа да се спаси кажа дека биле двајца.. И плус, тој сам си ја убил сопствената сестра?! Како и да е, едвај чекам да ја гледам наредната епизода, па ќе пишам впечатоци Последните 2 епизоди ги немам, ќе ги пуштам уште сега да се симнуваат додека ја гледам оваа.
Сега откако заврши целосно шестава, за жал, пак ќе кажам дека за мене оваа беше слаба сезона. Имаше неколку интересни и возбудливи пресврти, ама сметам дека последната епизода, како за финална, беше многу досадна и тие 10 секунди на крајот ги вметнаа само колку да внесат екстра драма која ја поседуваа претходните 5 епизоди. Не ми се допадна каде го однесоа дејствието, и претпоставувам сега кога Деб откри дека е вљубена во Декстер , ќе ја чува неговата тајна за убивањето на Тревис. А Декстер ќе мора да биде супер внимателен, па како ќе убива понатаму? И што знам, онака слабо... не го ни виде рачето, ниту се откри што улога има geek-от. Слабо, слабо. Па и Деб вљубена во братот... абе ајде. Scraping the bottom of the ideas barrel.
Идејата за цела сезона ми беше доста добра и свежа и актуелна ај да речам. Ми се допаднa, ама има од претходните што беа подобри од неа. Ова го кажувам ако се земат во предвид убиствата ( Спојлер ги имаше многу малку оваа сезона, можеби и затоа што Декстер се посвети на Гелер и Тревис) . Исто така, имаше и неколку лапсузи;некои работи се редеа сами ... Спојлер Квин завзеде многу внимание во сезонава-непотребно. Деб малку отече со психијатарот и оп испадна заљубена во Декстер (јас ова не го очекував). А па Декстер малку ја приземји кога и се обрати „фала сис“. Ме изнервира оваа драма, оди на психијатар па таа и вели можеби си заљубена во него, Деб - нема шанси, па наеднаш љубовта на животот. Ок, сигурно ова има некое значење за во наредната сезона, зависи како ќе се развива дејствието. Спојлер А и тоа со раката не ми е јасно зошто остана неразјаснето?!? Дали типов ќе има позначајна улога во следната сезона?Дали му е Декстер идол и го следи манујакално секој негов чекор? Оца го прашувам затоа што нели имаше сцена кога го праша Декс за видео игрите, па овој му се развика како демек што има убаво во убивањето? НЕли тогаш типов остана изненаден од реакцијата на Декстер, како да очекуваше да го пофали Тоа ми е сомнително дали типов (никако да се сетам на името де) знае дека Декстер е сериски убиц