1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Декстер (Dexter)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Trendafilka, 11 октомври 2010.

  1. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Некој да не има инфо за нова сезона????
    Кога
    КАКО
    ШТО?
     
  2. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    30 септември 2012 година :)
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Леле едвај чекам да почне, ама ќе се изначекам до септември :( .
     
  4. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
  5. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Четврта сезона пак ја дават на Фокскрајм, накај еден по полноќ. Од понеделник до петок мислам.

    Да се има некаква занимација додека да почне новата сезона. Заразена со Декстер, дефинитивно :D.
     
  6. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Ако чекате новата сезона да почне на 31. септември, ќе се изначекате :)))Септември има 30 дена . :D
    Ах трејлероооооовввв, камо да не го гледав, сега не можам да издржам ...
     
  7. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    :o Oзбилно сум напишала 31 Cептември? :$ :tmi:
    Kај нас на тв даваа 2-3 минутно продолжение на последната епизода,баш ке биде интересено :x
     
  8. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Се придружувам на кланот заразени со Декстер. Ја обожавам серијата и едвај чекам да излезе новата сезона, верувам дека нема да разочара.
     
    На BlackSwan5, figgiMK и Trendafilka им се допаѓа ова.
  9. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Колку има вистина во тоа дека Декстер ке се емитува на МТВ од 30 Септември?
     
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Ако даваат реклама би требало. Ништо чудно, пошто МТВ откупија повеќе амерички серии. Ама ако дават мислам дека од прва сезона би почнале.

    Туку да си искоментирам за оваа четвртата сезона, дефинитвно врвот на Декстер!. Не знам како сум можела да ги испуштам тие епизоди. Четвртата и шестата според мене се најдоброто од Декстер.
     
  11. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Од едно девојче дознав дека ке ја емитуваат 7мата новата сезона :) Па колку е вистина ке видиме на 30 ти.
    4та е јака сезона,почекај да ја видиш 5тата ако ја немаш гледано :emo:
     
  12. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Хмм, којзнае за 7-мата :?:. Не ми се верува најновата сезона да ја откупат ама којзнае. Ако го направат тоа дефинитивно би биле на врвот на сите телевизии кај нас.
    А се ми е испомешано. Мислам дека ја гледав петтата, ако беше со тие силувачите, Џордан Чејс ја имам гледано. Исто и шестата ја гледав.
    Така да изгледа смо првите три ги немам.
     
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    :x
    Од се' што излезе денес од новите сезони (Homeland, Revenge) Dexter дефинитивно беше врвот, а ја оставив последна за гледање, после разочарувачката шеста сезона.
    What a mistake!

    Феноменален почеток, повеќе одошто очекував.
    Деб ја дозна неговата тајна!
    Цела епизода бев на штрек, толку напнато и морбидно... уф, вака не било од четвртата сезона со Тринити.
    И на оваа Дебра бајаги ѝ штрака паметот. :?: Одма собра 2 и 2.

    Сепак, дефинитивно откривам дека Декстер има душа.
    Да ја немаше, и да немаше грам совест и добрина во него... ќе ја убиеше Деб. Уште веднаш... :?:
     
  14. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Јас некако не сум баш по гледањето на епизоди на компјутер и една по една откако излегуваат. Ама за Dexter морам да направам исклучок. Потполно и заборавив дека баш од денес почнува сезоната а чекам уште од зимото да видам што ќе испадне со ситуацијата на крајот. Пуста љубопитност па отворив спојлер :tmi:, ама секако знаев дека тоа ќе се случи.

    Штом се одморам како човек ја погледнувам епизодата. Линкче за симнување нешто? Препоставувам дека превод нема :(.
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Декстер верен на традицијата, не ме разочара. :))Едвај ја чекав епизодава и стварно значи ич не затупуваат, т.е. не се предвидливи! АХ со овој дечкото од дадилката се знаеше дека продолжува во оваа сезона. Со него ќе има „радост“ :rock:
     
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Солиден старт.Ауччч...цццц подобра нешто неможев да гледам.Се гледа дека се спрема нешто јако во серијава.Само нека ја тргнат ЛаГуерта бе не можам повеке да ја гледам...
    Крајот ми се допадна многу...
     
  17. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    лелле елел елелелееее
    КОлку јака еп !!!! Цела ја изгледав во еден здив !!!
    ВООООВ... како можеше не ми е јасно да тргнат кон таа насока ?! Деб е церица !!! а некако мислам дека Декстер прави проблеми целосно излезе од кодот станува навистина сериски убиец а не чистач на убиците...
    некако кодот кој го имаше веке ми е уништен се плашам да не заврш и тој на некоја маса целиот со целофан и над него да дојде Деб и да го реши( хе ехехе моја имагинација до каде оди - да видиме дали случајно и режисериве не размислуваат на тој начин).
    не ми е јасно што точно сака дечкото на дадилката ?! (заборавив како се викаше) ...има доста омраза спрема ДЕКСТЕР И мислам во скоро време и тој ке ја осети масата и собата со најлони..
    едвај ја чекам следната еп ...
    законнн ми беше
     
  18. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Јас мислам дека тој фрикот на дадилката ќе испадне бетар од Думздеј. СИгурно има полн плакар со човечки делови :devil: Ќе прави некое време галама, осеќам дека главниот акцент, ќе биде на него сезонава :envy:
     
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Мислам дека овој колегата на Декстер, т.е. дечкото на дадилката, всушност не е убиец, туку е само пасиониран обожавател.
    Ми мириса дека ќе испадне како Мигел во третата сезона - ајде да бидеме другари, научи ме како да убивам, се восхитувам на твојот занает. :D
    А сите знаеме како заврши тоа.

    Мислам дека е опседнат со Декстер, ама не сака да го повреди, а најмалку да го предаде.
    Сака да се само - partners in crime.

    А оваа Деб опасно ја мава по психа целата ситуација, или ќе полуди пред Декстер да се реши да ѝ ги скрати маките (да драги луѓе, јас го чекам тој момент, само така ќе ми се потврди дека е чудовиште), или ќе си пресуди самата... :?:
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Koга ке излезе втората епизода од седма сезона?