Делење играчки со други деца

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 24 август 2018.

  1. Ava.84

    Ava.84 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    22.181
    Пол:
    Женски
    Не знам што да кажам за темата не сум сигурна.Мислам дека не дели многу.Кога ни беше братучет и на гости малата прво почна да вика (нејзиното име) и се покажуваше себе .После и кажав дај му на мали да си игра и играјте си заедно.Па почна се да му дава.Ама пак си го кажуваше името демек нејно било.
    На игралиште не носам играчки пошто сме или со точок или со тротинет.Не и давам да фаќа туѓи играчки оти германските деца се многу скржави и не даваат ништо.
    Се правдаат демек само сиромашните земји нуделе храна и играчки, а тие демек богати можеле се да си купат|( Има и исклучоци ама ретки се.
    Јас сакам малата да дава и тоа да и е ќеф ,а не оти требало .Ќе видиме како ќе се развие.
     
    На gjoker4e, makedonkamak и ❤️Sneze❤️ им се допаѓа ова.
  2. Mari*

    Mari* Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    44.797
    Пол:
    Женски
    Могли мој е многу дружељубиво дете :$ великодушно исто
    Дели се со другарчињата
    Кога ќе ни дојде некое дете на гости секое играче го вади и си играат
    Подарува секогаш по нешто на други дечиња

    Додека на брат и ништо не му дава,ама баш ништо
    Не смее кутрото ништо да и земе во спротивно го турка и се однесува ужасно со него
    Чудно....или не?
     
    На ane.bella, Lolipop23, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.628
    Допаѓања:
    232.853
    Исто како моиве. Претпоставувам нормално е, друг вид љубомора се јавува кај нив.
     
    На gjoker4e, makedonkamak и Mari* им се допаѓа ова.
  4. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    1.474
    Допаѓања:
    6.871
    Пол:
    Женски
    Тоа е така зошто се љубоморни на братчиња/сестричиња.Она била навикната да не ја дели љубовта твоја и сега има брат со кој треба да сподели.Она на секој начин ќе се бори за љубовта твоја зошто осеќа страв дека некој ќе и ја одзеде љубовта твоја.А стравот кај дечињата се јавува после втората година.Е другите деца не и се опасност дека ќе те земат тебе затоа и си дели.
     
    На gjoker4e, makedonkamak и Mari* им се допаѓа ова.
  5. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    20.676
    Пол:
    Женски
    Moeto iskustvo e sledno. Sin mi e 3 godini, odi redovno co gradinka. So deca deli igracki ako mu se dopaga deteto t.e ako mu e ok za zaednicka igra. Koga ke se zaigra vo igrata, nema tvoe Moe. A ako nekoe dete od start mu e odbivno, nisto ne dava. I jas ke recam daj mu ili ajde igrajte si zaedno so igrackite, no dzabe I ne insistiram. Pa I nie golemite ne mozeme so sekoj.
    Doma nemame nekoj problem. I kaj nas funkcionira zamenata. Golemovo ke mu tutne nesto vo raka na malovo. Nego se mu e interesno, ke se zanese, I ke go pusti toa sto prvo go imal.
    Jas imam dilema kolku i do koj stepen nie vozrasnite treba da im se mesame na decata vo igrata. Se trudam I doma dur igraat, no I nadvor so drugi deca, da stojam od strana I da se vozdrzam od sugestii od tipot daj mu pomal e ili slicno. Za oni sami da se ucat da gi resavaat konfliktite megu niv, da ucat da se nosat so situacijata. Se razbira do stepen koga e toa vozmozno da ne se povredat megu sebe.
    Prostete za latinicata I greskite, so krs mobilen sum.
     
    На zuto и Mari* им се допаѓа ова.
  6. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    7.569
    Пол:
    Женски
    Околу темата делење мојот моментално е во фаза на размена се менува со играчки се случува и сам да даде, а кога ќе побара нешто од друго дете ако наиде на погруба реакција се повлекува и се плаши и тоа ми пречи му зборувам во секој случај и кога не дава и кога не му даваат, кога ќе ни дојдат гости со деца свесен е дека е на негово и дека играчките се негови па команда кој која играчка да ја земе, кога да се сменат, што да играат. Кога излегуваме не носиме играчки по нас, а кога одиме по гости таму се прилагодува на условите ако домаќинот му дава играчки ок си игра се опушта, ако не како да се повлекува и воопшто не инсистира ќе седне до нас. Мислам дека со тек на време и со зборување ке си се научи, а градинката како градинка не влијае туку како ќе се погодат воспитувачките и колку се посветува внимание на тоа давање земање меѓу децата и најважниот фактор е самото дете и неговиот карактер, а личен впечаток имам дека децата кои одат во градинка се по борбени, повеќе се грабаат за играчки и не радо делат, барем од тие со кои сум во контакт.
     
    На ane.bella и Mari* им се допаѓа ова.
  7. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.613
    Допаѓања:
    73.141
    Пол:
    Женски
    и двете ми одат во градинка па едното дава а другото не дава:)
    изгледа првото е на тато а второто на мама :tmi:
     
    На ane.bella, zuto и Mari* им се допаѓа ова.
  8. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.375
    Допаѓања:
    24.377
    И јас ја имам истата дилема. Најчесто не им се мешам, дури и гледам да се тргнам малку понастрана, оти кога знаат дека сум до нив и дека ги гледам почнуваат да паѓаат жртви, крокодилски солзи, лигавења и врескања. Како којзнае што да се случува. Кога не ме гледаат до нив тогаш ептен знаат да се заиграат и ретко се караат, а ако се скараат, брзо си го решаваат проблемот сами. Не се некои да се тепаат или маваат меѓу себе, ама надзор од мене имаат 24/7. Секој момент.

    Со други деца многу повеќе пазам, иако гледам и таму многу да не се мешам, ама понезгодно е.

    И да, никогаш не користам фраза од типот помал-а е, или девојче е, попушти или не знам што. Знам да речам Тој\таа прв побара...ама за тоа сега се каам и маки тргам.(facepalm)
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    3.979
    Допаѓања:
    12.887
    Пол:
    Женски
    Неделењето играчки мене ме асоцира на себичност.
    Јас го имам приметено кај деца што се едно дете.
    Имаше случај кога доаѓа кај пријатели на гости незнае што да земе попрво.
    Кај неа дома не смеа дечињава ништо да пипнат ништо не дава.
    Себичност.
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.214
    Допаѓања:
    136.289
    Пол:
    Женски
    Кај сите деца ја има таа фаза, а после како ќе биде, зависи од детето и неговиот карактер, а не од тоа дали е едно дете или дали оди или не оди во градинка. До година и некој месец генерално, сите дечиња даваат без проблем. После тоа се јавува чувството за своина, т.е разбираат кога нешто е нивно и стануваат себични, т.е не делат. А за делењето играчки со други деца - генерално оди тешко, некаде до кај три години, а можеби и порано, додека да се научат да играат заедно, а не сами.

    Непишано правило е дека кога во група деца едно ќе фати некоја играчка, истата ја посакуваат и останатите, во истиот момент, затоа што мислат дека е поинтересна од нивната. Дома на пример, имаме еден куп играчки кои стојат така. Ќе ни дојдат дечиња на гости, и се фаќаат за тие, заборавени играчки, и тогаш на моиве, особено на малово му текнува за тие играчки и сака да си игра баш со нив, баш во тој момент. Не е дека кај поголеми не се случува, се случува, ама разбираат повеќе и дека треба да делат и да си играат заедно.

    Големиот дава и дели ептен, а како помал не даваше. Малово сега скоро почна да не дава, ама се надевам дека нема да остане таков, секако ќе работиме на тоа.
     
    На Mari-Li, NarCis@, Lolipop23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    3.526
    Допаѓања:
    7.063
    Пол:
    Женски
    Eve eden primer. Na ortoped cekavme so edni i deteto na vozrast ko sin mi imase kolicka, a mojov za kolicki e poluden, sakase da si poigra i mu ja pobara. Drugoto dete ne ni imase moznost da reagira dali saka da ja dade ili ne od majkata. Odma se pobuni ne ja davaj, bog da cuva. Pa posle aj daj mu ako sakas, pa pak ne ja davaj ako nekes. Detevo neznaese sto da pravi da dava ili ne haha. Mene epten mi e glupo vaka, taka mu se stvara nesigurnost na deteto pa utre koga ke porasne za se mama ke ceka da kaze. Mesto da se ostavi prostor samoto dete da si odluci. Utre vo gradinka taka i ke se stepaat na primer. Jas na primer nikogas ne sum mu rekla pred drugo dete daj ja igrackata ili ne ja davaj. Doma na samo mu zboram ne e ubavo da si sebicen, denes ti ke dades utre ke ti dadat ( kolku razbira neznam haha ama ako neka se uci) Koga ke mu pobaraat, zavisi ako mu e omilena ne dava, ili ako mu ja zemat so sila odi da si ja zeme i zima druga mu ja dava na deteto vo zamena hahaha.