1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Делење играчки со други деца

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 24 август 2018.

  1. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.336
    Допаѓања:
    40.733
    Пол:
    Женски
    Ова е фаза која шо ќе потрае, од моето искуство. Твое е само да си збориш дека е убаво да си дели играчки со другарчињата.
    Софија ја имам научено дека Храна и Вода мора да се делат затоа што не бива некое детенце да ја гледа од страна за јадење бог да чува. За играчките е потешка малку, ама работиме и на тоа.

    П.с. ќере е 4 години, затоа ти викам дека фазава си трае , или сепак е тоа само нашиот случај :)
     
    На Butterfly30 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.506
    Допаѓања:
    69.212
    Пол:
    Женски
    За секоја фаза е битно како се гледа, ти како ја доживуваш, така и се поставуваш. Затоа ти пишав да не го гледаш како проблем или дека е детето такво, поинаку и ќе пристапиш.:f:
    Инаку, од моето искуство, имам негде пишано, во мајчински може, баш се трудев да ја научам со делењево, зборев и зборев, бла бла, и на крај децата не и ги ни враќаа играчките.|( И не, не се сите родители заинтересирани да следат на лулашки на пример што се случува, си седат настрана и не ги интересира дали нивното дете земало играчка и не ја дава. После неколку такви испади не ни зборев, ја оставив скроз сама да си одлучи дали ќе даде, ако не сака не сака и никому ништо. Ниту е себично, ниту скржаво дете, само баш си знае граници.
    Сега веќе има десет години, со другарките си прават алки си даваат за бфф, си купуваат онака поклончиња, се знае и кое што е и чиво е. За храна апсолутно се сложувам, се дели секогаш, ако е нели за делење хигиенски, нема Joey doesn't share food.:D
     
    На Butterfly30 му/ѝ се допаѓа ова.