Делимано производи

Дискусија во 'Дом' започната од Love.love, 28 јануари 2012.

  1. Love.love

    Love.love Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    1
    Има некој што користи ваков сет? http://www.delimano.com.mk
    пишувајте ако имате делимано сет тави или тензеријна се за делимано . :!: :D :D :)
     
  2. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    837
    Делимано сет за тави

    За делимано пред скоро читав многу негативни коментари дека се нездрави садови за готвење, така што иако многу ги фалат и по телевизија и по интернет не би ги купила.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    837
    Делимано сет за тави

    Бидејќи ја најдов статијата еве го објанувањето на кратко...
    -------------------------------------------------------------
    Иако на делимано пишува дека се зелени (green), еко и здрави, истите можеби се и поопасни од тефлонските, а имаат керамички премаз.
    Овие тави со керамички премаз се појавија неодамна на пазарот, а нивната изработка е возможна благодарение на новата технологија.
    Се работи за "револуционерен" премаз кој се состои од креамички наночестици кои се лепат на тавата со помош на посебен лепак.
    Прво што се забранува е употреба на лепак.
    Произведувачот е прашан како реагира при високи температури и гребнатини, односно колкава количина лепило се испушта во храната. Одговор не добиле.
    Но она што навистина загрижува е употребата на наночестички. Проблемот е во тоа што нанотехнологијата е нова гранка, а нанопроизводите почнаа да се продаваат без претходни проверки и истражувања.
    Имено не е познато како наночестиците влијаат на здравјето и околината.
    Почнавме да користиме машини за перење, антибактериски чорапи, козметика со наносребро. После тоа сфативме дека наносреброто го менува природниот баланс на микроорганизмите во прирордата, па многу производи со наносребро забрзано се повлекоа од пазарот.

    Произведувачите на нанокерамичките тави би требало да одговорат на овие прашања.
    -Колку наночестички се испуштаат во воздухот? -Колку од нив ги внесуваме со храната? -Како тие се однесуваат во нашиот организам?
    Одговор на овие прашања сеуште не може да се очекува, бидејќи технологија за мерење на испуштени наночестички сеуште не постои.
    Но, резултатите од истражувањата за делувањето на наночестичките врз човечкиот организам загрижуваат, бидејќи е откриено дека наночестиците се однесуваат на многу агресивен начин.

    Наночестиците брзо влегуваат во нашиот организам. Мали се и подвижни и затоа нашиот имунитет не ги препознава.
    -честичките со големина од 70 нанометри влегуваат длабоко во нашите бели дробови
    -честичките со големина од 50 нм влегуваат без проблем во нашите клетки
    -честичките со големина од 30 нм ја поминуваат крвно-мозочната бариера и влегуваат во мозокот

    Ви звучи ова безопасно?
    -------------------------------------------------------------

    Линк до целата статија
     
  4. trendafilka2

    trendafilka2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    20
    Делимано сет за тави

    ме збуни СУНФЕМИНА јас запнав да си земам тава за пржење на ДЕЛИМАНО пошто многу малце масло незнам ...
     
  5. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    837
    Делимано сет за тави

    Се повеќе садови за готвење направени со керамички премаз како делиманото има по продавниците, не се тие единствени само се најрекламирани и заради тоа се најпознати помеѓу луѓето кај нас. Навидум се супер и безопасни за употреба, посебно е привлечно тоа што не се лепат и намалената потрошувачка на масло.
    Горенаведеното сеуште не е докажано зошто сеуште нема доволно сознанија..но сепак треба да се внимава.
     
  6. majorka

    majorka Активен член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Delimano ekspres lonec

    Ke ve molam za sovet za delimano ekspres lonecot, dali nekoj go ima doma i dali vredi za parite zosto na reklamata (kako i sekogas) izgleda deka e sovrsen i deka gotvi sam. Dali na vistina se zasteduva 70% od vremeto na gotvenje bidejki site sme na rabota do 17h, koga ke si dojdam doma uste rucek da pravam 2 saati i ke jademe za vecera. Ako ima nekoj bilo kakvo iskustvo ili da slusnal od nekoja komsika ili prijatelka pisete zosto sakav da go kupam no sepak 6.000 denari ne se za frlanje pa sakam prvo da soberam mislenja. Vi blagodaram odnapred :D [mod-kirilica:3l8i5lsp][/mod-kirilica:3l8i5lsp]
     
  7. Philippa

    Philippa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2013
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    68
    Делимано сет за тави

    off topic Nemam mak. poddrska i vi se izvinuvam.

    Sestra mi ima delimano elektrichna tava i od kvalitetot sme razocharani. Uste pri prvata upotreba dnoto na odredeno mesto pocrni. Napravi reklamacija i ete sega gledam i pratile druga , no ovaa jasno e deka ne e nova!! Cela e izgrebana kako godini da e koristena. Ima kupeno tava za palachinki, box tava i nekakvo tendzere, no ne i se zapocnati, hahaha pa mozebi kje se iznenadi :rofl: Ne mozham da ti kazham za lonecot, no ova e nasheto iskustvo.
     
  8. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    623
    Делимано сет за тави

    Ние ја земавме тавата со намера исклучиво да ја користиме за пржење на јајца.
    После 4-5 пати почна да лепи и дното да станува се' поцрно.

    Гледајќи ја рекламата за Делимано производите првиот впечаток ми беше дека се работи за квалитетен производ, ама уште еднаш се уверив дека како и сите други производи на Топ Шоп така и овој се' се никаков квалитет!!!
     
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    77.353
    Делимано сет за тави

    Ме предомисливте а и се јавив на другарка од студио модерна да ми ги земе грил тавата и тавата за палачинки ,со попуст.Е сега како да и откажам :sweat:
     
  10. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.069
    Делимано сет за тави

    ^
    Јас немам делимано ама сум на ум да си купам, а пошто читам и слушам како некои се многу задоволни и за готвење и за вкусот што се добива а на други им загорувале и сл. па ќе земам за почеток едно мало тавиче да видам дали ќе се кликнеме :D
    Па ти препорачувам да откажеш само една и сама да видиш дали ти се ок или не.
    А за она лепило, честички и сл. јас не сум паничар па не ги ставам на ум, ама ако од тоа се плашиш прогуглај повеќе колку и како е со вистината па одлучи.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.836
    Делимано сет за тави

    Јас го имам овој ростер за печење во шпорет и ми е нешто најупотребувано дома. Нит се лепи, нит загорува, компирите поубави ги нема и на крај само со кујнски брисачи го поминувам и крај. Ептен сум задоволна, а моите имаат мало тенџере и за него само пофални зборови.
    Ме изненадивте со негативните коментари.... :^)

    [​IMG]
     
  12. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    837
    Делимано сет за тави

    Околу технологијата на изработка на ваквите тави (не се само Делимано) со нанокерамички премаз има сеуште доста полемики. Некои тврдат дека не се штетни, некои дека се..ама уште не е дефинитивно докажано. Дали аргументите 'против' се само некаква антиреклама или реален аларм да се внимава во што се готви храна, ќе видиме...
    А околу квалитетот ова се некои коментари на корисници на Делимано од Хрватска:
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.955
    Пол:
    Женски
    Делимано сет за тави

    Искуство и како сте задоволни од Делимано бокалот за прочистување на вода?

    темава да се преименува само во Делимано, зошто темава не е само за тави имаат и др.производи
     
  14. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    937
    Делимано сет за тави

    [​IMG]

    Презадоволни! Иако викаат дека нема потреба масло да се става кога се прават јадења со него, си треба малку масло, а и многу брзо се загрева :D не е како другите тави :)
     
  15. Lunahn

    Lunahn Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    26
    Jas sum prezadovolna. Za pocrnuvanje i lepenje normalno deka ke vi se desava dokolku brkate vo sadovite so metalni lazici i gi miete so zica. Se znae isto kako i kaj teflonot so ovie sadovi treba da se upotrebuvaat drveni ili plasticni lazici.
     
  16. kiki80

    kiki80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Презадоволна сум од Делимано, имам тава за палачинки, тава за пржење 24 цм, вок тава, грил тава, тава за печење и малото тенџере со стаклен капак, многу брзо се загреваат и побрзо се готви во нив, малку масло е потребно, а за пржење јајца, колбаси.месо, воопшто не ставам ни капка масло, не лепи воопшто и што е битно храната си ги задржува хранливите состојки и витамините не ги губи, и многу лесни се за одржување , лесно се мијат само со сунѓерче и сјај, нема потреба од абразивни средства , најмногу си ја користам вок тавата , просто ја обожавам, голема е , длабока , убавина. Ви препорачувам на сите да си купите и да уживате во приготувањето на храната во ДЕЛИМАНО.
     
    На macalavica и joy1 им се допаѓа ова.
  17. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Во Рамстор со купони може да се земе комплет прибор за јадење и тањири од Делимано. Тањирите се на 50% попуст, а приборов е на 60% попуст (така барем пишува на флаерот).
    Преубаво ми изгледа комплетот: има 6 големи лажици, 6 големи вилушки, 6 големи ножеви, 6 мали лажици и 6 мали вилушки. Пишува дека редовна цена е 5.500, а на попуст (со 8 купони) е 2.200.
    Дали некоја од вас ги има користено и како сте задоволни?
     
  18. Antoninaaa

    Antoninaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    1.658
    Ако нешто незнаеш да го користиш и блага врска немаш за неговата употреба не Делимано што и да земеш ќе го упропастиш :D Конкретно за Делимано јас сум презадоваолна,скоро си го набавив ама немам зборови навистина е тоа што го очекував.
     
  19. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    226
    читам негативни коментари за Делимано и не можам да се изначудам. Да бидам јасна, нити работам во Топ шоп нити ќе ми платат за ова што ќе ги испофалам ама реално ќе си кажам дека се одлични. Јас го имам целиот сет што идеше во комплет, и сум презадоволна, штедат на масло и најпрактични се заради тоа што со топла вода лесно се мијат и најмрсните остатоци. Е сега кажувате дека поцрнеле па нормално ако не знаете да ги употребувате секое ќе поцрни. мене ми се случи малата тава делимано да ја заборавам на рингла и отидов до комшии, на неа имаше зејтин ставено само, имав намера да пржам нешто ама ме викна комшиката нешто до кај нив и јас заборавив на тавата. Кога се вратив мислев дека куќата ми гори. Ја изгланцав со вим, стоеше неколку дена потопена во жешка вода и вим и се очисти малку од малку, додуша не е ко нова ама преживеа. И ден денес си ја користам за нешто брзо како запршка или колбаси да запржам набрзинка. Тенџерето па го утепав од користење, само него ко да го имам, па еве ко ново е. Не смеат да се гребат со жичка, се меша во нив исклучиво со дрвена лажица, приборот за јадење исто знае да ги оштети така што треба внимателно со нив.
     
  20. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.132
    Допаѓања:
    20.660
    Пол:
    Женски
    МИА со купончињата од рамстор земав скоро се. Значи: чиниите (собрав 6 плитки, 6 длабоки и 6 десертни мене ми се преубави), сетот за салата, сет за шпагети, сет за торта, црпалките (едната е нормална, а едната е малецка како за сос ставање) и комплетот (проверив во топ шоп вистинската цена му е околу 3500, не 5500 но ако, јас и онака ги имав купончињата ). Од ова кратко време кое ги користам (читај 3-4 пати до сега) си се сосема ок, за понатаму ќе видиме.
    Од делимано ги имам и вог тавата и тавата за палачинки. Вог тавата ми е ептен погодена. Не само готвењето во неа, туку и миењето е многу лесни.
     
    На MIA-SK му/ѝ се допаѓа ова.