Може мислења за 18 во 1 мултикукер и Ер Фрајер на делимано? Кое е подобар избор на подолг период? Искуства? @macalavica ако сакаш да пишеш посебно за Ер Фрајер-от? Подобро се готви храната во него за разлика од Мултикукер? Мислам дека имаш искуство со двете, една споредба ако можеш да направиш?
Јас имам Air fryer. Предобар е. Готвам се живо и диво во него, буквално. Месо - пилешко, свинско, колбаси, плескавици... И цела кокошка имам зготвено неколку пати, ептен беше убава, риба, разни морски плодови. Готвам компир печен и помфрит, благ компир  ептен е вкусен, зеленчуци разни, мафини печам, пици имам печено. Сега кога е топло и надвор го вадам за готвење. Има и дополнителни делови да се докупат. Решетка за да готвиш на два спрата истовремено, и рамна плотна без дупчиња. Земи си ги, ќе ти се најдат ептен. Братучетка ми зеде Severin air fryer od Агротехна. Малку е поголем делот за готвење. Тука некаде им беа цените, и исто е задоволна. И искрено, надворешно ми изгледа подобро отколку од делимано мојот. Делимано е пластичен цел, овој на северин не е. Јас и место микробранова го користам Немам уклучено микробранова долго време.
Фала на одговорот. Мене ми треба нешто за во студентски искрено, оти со решо изборот околу приготвување на храна ми е ептен тесен. Не оти јас сум некој голем готвач, ама морам нешто да сменам во начинот на исхрана. Место триста апарати, ми треба еден кој би завршил слична/приближно иста со повеќе комбинирани. Ми треба нешто што брзо и само ќе заврши работа, не сакам јас да висам над него, кога ми треба во моментот. А штом поминува и како микробранова уште подобро. Преку глава ми е од бајата храна. И најважно, да не е статичен уред, тежок за преместување. Затоа сум во потрага по нешто вакво. Делимано сега има некаква акција и цените можам да си ги вметам во буџедот, па уај нат. Ќе погледнам и на други фирми со сигурност, не мислам оти сега би инвестирала и во дополнителни делови, но ќе ги разгледам сите опции и ќе направам една математика. Инаку, рецепти од каде гледаш? Има нешто поразлично од обичен процес на подготовка на храната кога ја готвиш во Ер Фрајер-от? Некакви посебни инструкции?
Искуства со Delimano проточниот бојлер и чешма?Дали штедат струја? Ги бива или јок? Глеам има и други online страни со такви чешми идентични, само што од некоја германска марка Muhler. Овие вторите се поевтини каде каде од Delimano. Има некоја разлика или истите се?
@irena.1 Не знам на кој модел поконкретно мислиш. Ако мислеше на електричниот,го имаме првиот, релативно кратко време,од пред 1 месец. Сме го користеле до сега само за мелење бисквити,ореви и кикирики. Добро се покажа,не е лош,сега за сега. Само мана му е што доста бучи,треба кратко време да се користи,не подолго од минута,да се паузира па пак да се продолжи со работата,дека загрева моторот.
Дали имате некаков коментар/искуство со делимано лонецот од леено железо(гус)? Го имаше на веб страната пред некое време и ми падна во очи но, сега изгледа не е достапен... Баш сакав да купам сад за готвење од леено железо.
Темава не е многу активна ама се надевам на одговор. Има ли некој некои од садовите на Five Star Legend линијата и како сте задоволни? Гледам имаат и тави со рачки од челик што можат комплет во рерна. За подарок ми е. Јас имам неколку од Stone Legend и оние со сината подлога, не знам како се викаше линијата постара е, презадоволна сум немаат мрднато и прелесни се за миење и готвење. Ама тие не се достапни веќе https://www.delimano.com.mk/delimano-fivestar-legend-daily-set?sc_content=14392_1
Мајка ми ги има двете со рачки и е презадоволна. Обично нема утка со производите на делимано. Ти се исплаќа вака да земеш комплет, а за сецкото исто јас го земав за подарок и не ми се виде нешто баш wow. Верувам дека е практичен ама електричниот е подобар, овој го пробав еднаш и мислам дека потешко оди.
Купив конечно Air Fryer. Долго време му се мислев ама сега ми е жал што не го купив порано. Апаратот е многу практичен и брз, во споредба со рерна, не сум фан на пржено, преферирам поздрави варијанти на јадења и можам да кажам дека овој апарат е совршен. Имам мало детенце и за час може да му испечам кифлички без да ги размрзнам за 15 мин се готови, пржев компирчиња, тиквички, моркови, кифли, на детето зеленчуци со мевце динстани во тавченцето, секојдневно ми е при рака е го користам ептен,мн е брз, и навистина не треба масло, не лепи, и лесно се чисти. Ми се чинеше многу мал и затоа долго време се мислев, ама чиста петка е и го препорачувам.
Мултикукерот не ми се погоди, и не ме бендиса ич, го вратив а за аир фраерот веќе пишав погоре, екстра е. Мислам дека и од делимано увидоа дека не е добар апаратот и брзо го повлекоа од продажба.
И од мене има чиста десетка. Како ми ја олеснува работата е чудо, плус вкусот е ептен добар. Печени тиквици и печурки ги вади подобри од скара, поховани работи ми се ептен поздрава варијанта од пржено, помфрит исто со една лажичка зејтин излегуваат ептен добри. На зејтин да не кажувам колку заштедив плус ни да се замараш да стоиш над шпорет, ништо. Единствен недостаток можам да речам е дека не собира многу пример кога правам месо(за останато не), за нас двајца е супер, ама кога правам за гости морам на двапати. Следно што морам да купам е оној додатокот за да готвиш на два спрата.
Јас го имам сецкото од првата слика, по батал немам видено. Многу слабо сецка/меле, и ножињата брзо отапеа, За 5,6 месеци колку што го користам, 2 пати на сервис го носев Не го препорачувам.