Што направи купи ли нешто и како си задоволна? И јас се мислам за таа чешма 4000 што е или пак овие од др страни се дупло поевтини, ама па и не ми е да ја купиш па за година да се расипе. Гледам и тие по нет имаат гаранција ама како кога не се продавници, за делимано незнам дали има гаранција
Баба ми ја има од Делимано многу одамна и е супер задоволна, девер ми купи од интернет страна за 2000денари и вториот ден му се расипа, иако со гаранција не ни сакаа да му ја вратат.
Ја купивме поевтината варијанта, не од Делимано, туку преку онлајн продавница. Првата недела се супер, ама после некако почна да зафркава. Млазот не е ист како на почетокот, многу прска и протекува од позади. Мора редовно да се чисти млазникот и тоа на 2-3 дена, затоа што ненормално многу фаќа бигор. А во однос на затоплувањето на водата, загрева солидно но не може да се спореди со обичен бојлер, дефинитивно. Може и се зафркнавме, од Делимано може и да се поквалитетни, тера некако ама не сме баш задоволни.
Јас ја имав од делимано исто е како и таа што ја имаш катастрофа е дали еден месец беше ок после не загреваше воопшто вода млака само беше и цело време течеше од сите страни.
Исто искуство. А читам на ЖДМ дека има многу кои се задоволни, им се чудам. Јас за мене си имам Bosch (мислам), на мајка ми за 8ми март и зедов од Топ Шоп. Споредбено, мојот е посупериорен каде-каде.
Дали некој ги има користено и колку сте задоволни ? Ги имаше на акција во Веро и мн добро изгледаа на лик па сакав да прашам дали се добри за употреба ?
Дали некој го има мултикукерот на Делимано 18во1? Гледам дека е доста намален па ме интересираат искуства.
Има ли некој искуство со делимано 20 во 1, во што е подобар во однос на 18 во 1?Гледам цената дупла е па се чудам. 18 во 1 го земав, лепеше внатре садот и го вратив, дали овој е подобрена варијанта?
Мајка ми купи делимано апарат за леб и го пробавме денес, направивме сладок леб како милиброд со суво грозје, кајсии, ореви и чоколадо.Многу ми се допадна апаратот ке си купам и јас пошто незнам да месам, овде се ставаат прво течни состојки, па суви, па квасец, само меси, стасува, пече. Мерак, мн убаво, јас ја предомислував да не зима ама сега и јас ке си купам.
Здраво дали некој ја има stone legend тавата моментално што е на попуст? Како сте задоволни од тавите на Делимано?
Prodavam multikuker pod pritisok, so poveke programi za gotvenje.modelot e Delimano pressure multikuker king pro 5.5 l.cena 2500 den