Делимано бојлерот и чешма супер е квалитетот и се тоа, но пред скоро време се расипа машината за садови и мора рачно сега. Сметката за струја дојде многу висока... Уат д фак, не се греам на струја, но не ја исклучувам можноста да биде нешто друго, не знам. Дали и кај вас троши многу во однос на економичноста?
Па сигурно не бидејќи ние струја плаќаме околу 2000-2800 денари месечно. Единствено само од ноември до март ни се покачува бидејќи во две соби имаме пуштено клими.
Имаше известување на Делимано за еден тип чешми дека не се во ред и дека може да се вратат,дека имаат сериски проблем,прашајте во топ шоп.
Чим нешто многу се фали, јасно е каков е квалитетот. Од Топшоп било што да сум купил досега, ама баш ништо не ме воодушеви баш. Од скоро го имам наддушекот од Алое Вера и многу е тенок. Јас што знам едни наддушеци се многу подебели и поудобни.
Кој е задоволен од мултикукерот од Делимано а го има и го користи веќе некое време (да речиме една година или така нешто)? Јас досега освен од чешмата проточна Делимано од ништо друго не сум задоволна, а спрема други мулти готвачи на пазарот кај нас има најприфатлива цена (упола) и нормално тоа ми додава на сомнежот Претежно други Делимано работи што сме купиле или работеле ко без душа (недоволна јачина, пример сецкото -> очај, мелница за месо -> очај) или функционирале некое време и потоа биле заникаде (тавите за пржење). Мислење ве молам за мулти готвачот? Фала <3
За делимано бојлерот и чешма беше тоа за една серија која не била во ред. Одамна беше тоа, мислам е поминато ако не се лажам.
Дали некоја го има апаратот за леб што е? Неможам да го најдам проспектот за рецептите за леб, а се наканив да го пробам.
Не го купив Делимано, оти сфатив (среќа пред да го купам) колкави идиоти се од топ шоп. Имав проблем со други производи и 54435345 години им требаат да го решат проблемот (не го решија на крајот, сепак), ептен несериозни. Повеќе никогаш со топ шоп и делимано, страшен неквалитет и никаква поддршка од сервисот. Овој го купив иначе: и сум ПРЕПРЕЗАДОВОЛНА. Секој ден го користам, за се и сешто. Работи под притисок, се прави мн побрзо и кујната ми е 100 пати почиста од порано, во еден сад се правиш, не загорува, лесно се чисти...