Го има ли некоја Delimano Clarity chopper – Кујнски сецко? На 50% попуст е (од 1.800 ден. е намален на 900 ден.), па ме интересира како сте задоволни?
^^ Уште ли е на попуст, јас мислев тоа само за март дека важеше. Баш би ми дошол добро за кромид, вчера пет кромитки исечкав и една кофа солзи наполнив Скапо е, ама па можеби вреди.
Абеја не жали пари земи си го. Според мене ваквите производи од други брендови држат цена 700+ денари па за Делимано 900 не се многу. Претпоставувам дека вреди, јас од Делимано производите сум многу задоволна. Ги земав тавите на промоција со купони од СП маркет за поволна цена, купон + доплата.
На страната вели дека е распродаден. Каде го гледавте, како на акција? http://www.topshop.com.mk/brendovi/bren ... secko.html
Кај нас дома моментално се користат електричното ѓезве и садот за сос. Иако не сме по турското кафе, ова е супер брз производ, па првично го користиме за зоврирање на вода, која е готова за помалку од минута. А препрактично е за гости да не висиш над ѓезвето и да го чекаш кафето, бидејќи е готово за ептен кратко време. Ме зачудија коментарите од незадоволните, дека се лупеле, делимано се направени за користење на дрврн прибор за готвење, и ќе немате никаков проблем. Садот за сос ние го користиме за што ли не, од правење сос , до пудинг, супер брз е , се загрева брзо , и досега ништо ни се нема залепено или изгорено. Посебно јас си имав проблем со топењето на чоколадо, и а во овој сад , за прв пат не ми изгоре Јас кревам палче за Делимано,садчево иако мало, се користи за се, кога се готви во помали количини.
Еве јас да се демантирам сама себе. Тавата за палачинки после 5-6 користења почна да се гребе. И ко морон се зјапав во неа чудејќи се од што може да се гребе кога во неа работам само со силиконска шпакла. Значи на дрвена лажица не смееш ни да помислиш, само со силиконска мека. И пак изгребано, па си викам боже да земам уште со прсти само да работам во неа. И кога вчера разјаснив. Значи самата палачинка ко ќе се запече ја гребе тавата. Епа ова не сум видела до сега. па квалитетот не се мери само со нелепењето на тавата, туку и отпорноста нејзина. Ко злато да се треба да ги чувам. На миење се утепувам од рибање со меката странан на сунѓерот, зошто тврдата страна може рецки да направи НИКОГАШ ВЕЌЕ ДЕЛИМАНО ТАВИ, НИКОГАШ
Некој да го има џусерот па да каже импресии? Се мислам помеѓу него и Пауер Џусер од топ штоп, за него знам дека е одличен, ама за делиманово би сакала да прочитам коментар. Благодарам.
Види во Рамстор-сега има акција со купони+доплата може да се земат садови за готвење од Делимано. Јас сум во план да земам (пошто секојдневно пазарам во маркетот во Рамстор), само сеуште не сум одлучила што ќе земам. Ако некоја од вас ги користи, кажете искуство, како сте задоволни.
Power Juicer-от веќе не е во продажба бидејќи Fusion Juicer-от е надградба на првиот и се продава под брендот Делимано. Јас сум задоволна од нивните производи, имам прилично многу производи од кај нив а најдобра ми е тавата за палачинки. Особено ме изненади бидејќи не само што не се лепеа палачинките, туку и ми бегаа од тавата кога ги вадев.
Power Juicer-от од топ шоп јас го имам и сум презадоволна, колку е поцврсто овошјето толку повеќе сок се цеди од природен сок нема поубаво, а цвекло и морков богами тешко со друг соковник да може да се исцеди... п.с. другите производи од топ-шоп не ми се допаѓаат на квалитет...и не вредат за парите...но соковникот е закон...
И мене ме интересира истото, мајка ми запна да го купиме, па и' реков да се стрпи уште малку додека не слушнеме некое искуство.
Сакам искуство за нутри булет и сецкото на делимано некој да ми каже, сакам да си ги земам овие две работи
Јас со купоните од Рамстор ги земавследниве производи: (тава за пржење од 24см) сега за сега сум презадоволна од нив. Готвам со малку масло, ништо не ми се лепи и миењето на садовите е ептен лесно.
Јас имам неколку делимано производи. Подарок ми се затоа што јас сум скептична за купување од топ шоп. Тави воглавно имам. На почеток се ок и лесни за миење, ама затоа после кратко време оди па измиј ги. тавата за палачинки почна да ми лепи. Сум се отарасила веќе од неа и многу ретко ги користам и останатите делимано работи кои ги имам. Си купив тефал производи. Од ова подобро нема! За миење се топ, можеш да пржиш буквално без капка зејтин. Сецко имам Bosch. Многу ми се погоди. Не верувам дека некој топ шоп може да има подобро од светски брендови.