Ги има ли некој овие производи? Како сте задоволни од нив? Се мислам што да си земам со купоните од Рамстор.
Јас го имам големиот блендер, многу сум задоволна и го препорачувам. Доаѓа со уште еден помал сад. Јас го користам за правење smoothie, а знам дека мајка ми го корости за супи. Одличен е
Фала многу за одговорот! Најмногу за смути ми треба, па повеќе се двоумев меѓу малиот апарат за смути и големиот блендер. Не е огомен блендерот, така? Да не ми ја зафати пола кујна?
Здраво сакам да купам тава за пржење. е сега имам zepter cooker рингла и работат само магнетните тави. дали делимано тавите се магнетни и ке работат на кукерот?
Kupiv cesma Delimano. Ne sum mnogu zadovolen. Posle nekolku dena, t.e. posle snemuvanje struja vednas mi se zaeba aparatceto.
Не е огромен но не е ни мал. Најубаво да си отидеш до рамстор да го видиш. Ако ти е голем купи го помалиот, мислам дека исто такс добро би ја завршил работата
Дечки, баба ми видела на реклама скара од Делимано, ама не видела цената. Барав на официјалната страна, ама нема. Некој да не ја има и да ми каже колку ја земал?
Не знам колку ти врши работа, но во Рамстор со 10 купони и доплата од околу 3000 добиваш скара и тост во едно. http://ramstore.com.mk/wp-content/u...met-cutlery-A5-catalogue_2017-loyalty_mkd.pdf
Ако некој ја купи и ја проба скарата/тостерот од Рамстор, пишете како сте задоволни. Сакам да ја купам. Фала однапред.
И јас не сум задоволна. После 3 месеци бигор полна, башка веќе жешка нема само млака ако и се сака на неа. Кога прашав у Топ Шоп ми рекоа донеси ја на сервис, бесплатно ти е додека имаш гаранција. А гаранција не доплаќав така да после 6 месеци кој ќе ми плаќа? Катастрофа. (збориме за проточен бојлер ваљда )
Кој модел го имате од чешмите? Јас па многу сум задоволна, да не ја подречам. Ја имам некој 6-7месеци сум немала проблеми. Се надевам вака и ќе остане. Ако не друго за миење коса редовно ја користам.
Јас ја имам тавата Stone Legend мислам дека се викаше онаа црвената. Многу ми се допаѓа што не лепе и загорува, остатоците лесно се отстрануваат и може да се користе и за пржење и печење. Вчера прв пат ја пробав, се надевам нема да се промени. Единствена маана е што многу лесно се гребе, кога вадев од јадењето со лажицата видов неколку линии. Ќе треба само дрвен или пластичен прибор да користам. За чешмата, ја имаат неколку пријатели и многу се задоволни од неа.
Го користел ли некој приборот за јадење на Делимано? На акција се во Рамстор, па размислувам да ги земам.