Ма сите на почетокот се супер. Ама толку лесно се гребат тоа чудо е. А штом се направила рецка, биди сигурна ке се направат и други. Јас ги имам тавата за палачинки и вок тавата. Во нив работам само со мека силиконска шпакла и пак се изгребаа, и тоа само се проширува и после почнуваат да лепат. Се испогребаа од самите палачинки. Ужас, најпромашена инвестиција ми се.
Не сум допрела метал до делимано садовите. Се по пропис. Ама, баш на најупотребуваното тавче се случи тешко да се мие, храната се закоравува, иако веднаш го мијам по готвењето. Така што веќе стана обично тавче од кое тешко се острабуваат и не така тврдокорните дамки.
Да, баш така, ама извесно време. И понатаму готват со малку зејтин, ама се потешко и потешко се мијат.
Белите тaвчињa се реaлнo кaтaстрoфa и не вредaт ич зa ценaтa, лепaт пoвеќе oд oбичнo тaвче... Oвие сививе сo кaмењa се пoдoбри.
Дали има некој што го користи приборот од Делимано? Имам многу купони од Рамстор, па ако се квалитетни, да си ги земам.
Од денес има купони во Рамстор за тавите од Делимано. Ги има ли некоја од вас? Како сте задоволни, дали се квалитетни?
Женски да не го има некој новиот делимано апарат за смути и блендер во едно? Ми треба за правење смути, а и бебата ке почни да јади каши уште малку па да се користи и како блендер. Ако може некој да ми каже искуство?
Јас ја имам предходната верзија, рачен блендер,сецко и маталка,и сум презадоволна,ги користам постојано, во оваа понова верзија место маталката е делот за смути, основата е 600 вати сигурно ке е добар а и евтин е.
Nemoj da se zeznes kako mene. Bev vo petokov go kupiv vcera napraviv i tolku mi se zezna toa jaziceto za nakaj smuti. Eve deneska idam od glava da im go tresnam. A mi rekoa rodninive da ne go zimam ke se zeznam ne e kvalitetno ama luda glava smutinja ke sum pravela. Eve deneska ke idamod glava ke im go tresnam. Za 1 den da se rasipe pa toaa e cudo...
Далу некој го има Utile Slow juicer на делимано?Дали убаво цеди тврд и листест зеленчук? Јас го имав power juicer одличен е,па дали и овој е добар како него?Искуства ? Delimano_Utile_Slow_Juicer_sa_5923184
Тавите се жива катастрофа, јас купив од црвените тави Стоун , но на Кинеско сра*е толку му е квалитетот. Тавата ја користев не толку активно и самото дно му испука. Метални лажици не користев, силиконски и тоа најчесто за јајца пржење. Да се направат дупки на површината на тавата од повеќе стоење него користење, не можам да сфатам. Затоа жени , не фрлајте пари за тв лажење. Еднаш се зезнав со сецкото Делимано Чопер, не ми дојде паметот, ова со тавата ми е последно нешто што сум купила од најголемата превара Делимано. Плус, храната загорува, не е точно дека тавата е волшебна како што се рекламира. Се јавив да им кажам дека толку е квалитетот нивен, а операторката среќна и весела мислеше дека ќе порачувам уште, кога и спомнав што е фино ми кажа толку е од тавата, нема никаква гарнција за квалитет т.е рекламации само една недела имало. Тефлон е и ако се изгребе чао- пријатно, толку е од употребата.
Јас исто се распрашував по луѓе и имаше многу поделени мислења. Некои се презадоволни, а некои викаат дека после кратко време им се расипала. Викаат дека не е за во стан/куќа каде ќе се користи секојдневно, туку дека е идеална за во викендичка, каде поретко би се користела. Добро е што не зафаќа многу простор, па нема потреба едно плакарче да биде зафатено со кујнското бојлерче. Мене лично не ми се допаѓа како изгледа, на елегантна бела кујна од сјаен медијапан не ми одговараше и не ја купив.
Братучетка ми кажуваше дека никако со неа да погодела топла вода, или преладна, или прежешка ѝ течело.