Od aparatot za sladoled dali ste zadovolni? @pepapa go imam najgolemoto tendzere od ovie i ok mi e. Inaku tavite od delimano ne gi sakam, site se izgrebaa i gi frliv.
Ние ги имаме добри се. Гледавме по други продавници ама или турски никакви се или изгор скапи еден нож над 2000ден. За тие пари солидни се. А некој да го има апаратот за сладолед? Само го мати ли сладоледот или во исто време и го замрзнува?
Јас имам едно за 600ден го купив и истата функција ја има за 20секунди кафе. Овие само малку со цените претеруваат
Ја имаме Stone CooperLux Legend тавата.Денес прв пат ја искористив, правев палачинки во нејзе. Ептен ми се свиѓа.Нелеплива е, потребна е една капка зејтин, не се размачкува по тавата. И лесно се чисти, малку сјај и вода и сјае.
Од искуство, онака на фат, поарно сет кинески да си купиш од страните што препродаваат или од технополис, па и од базаро. Мене лечки ми беа на фат кога ги видов, а колку е полесен - помала стабилност имаш за сечење. Што знам, јас мислам дека не вредат. За 1200 земав сет кинески јас од една страна на ФБ и Делимано можат вода да им носат.
Го има ли некој миксерот со постоље од делимано, дали мати убаво и дали е јак? На попуст е па не знам дали да го земам.
Дали некоја од вас ги користи производиве што се даваат со купони во Рамстор и како сте задоволни? Посебно ме интересира апаратов за смути и рачниот блендер, дали се доволно јаки?
Одлична, ги имам скоро сите тави и супер се.Само едно тавче за палачинки не ми се погоди од тие белите, потоа купив црно и супер е.