Девојки може ли да ми кажете која е задачата на една ДЕЛОВНА АСИСТЕНТКА,гледам по огласи дека се бараат деловни асистентки...па ај ако има некој искуство нека ни каже тука. Поздрав
деловна асистентка Toa e фенси назив за обична секретарка. Значи почнува со одговарање на телефон, читање мејлови, враќање одговор на истите, фаќање прибелешки, куцање соопштенија, меморандуми (зависи што фирма или организација е), па средување документи и класери, варење кафе, па понекогаш и метла може да фатиш во рака, пак ќе кажам зависи од фирмата , а богами и да тркнеш вон работно време да купиш некој подарок за внуката од шефот зашто он нема време или билети за МОБ за него и женичката. Значи буквално се'. Потрчко, за обично мала и мизерна плата. На запад деловен асистент е бајаги попроширено, опфаќа нешто од ова, со тоа што обично називот е personal assistant, и врши ваков тип на набавки, плаќање сметки, купување подароци, составување агенда за раб. недела, rsvp за забави и други слични ивенти, значи 24/7 буквално роб на шефот, со тоа што зема ненормално добра плата, па се исплати робувањето. Кај нас сакаат некој таков кој ќе биде на повик и викенди за секое едно мало ситниче, ама никој не е подготвен да плати.
од искуство од другарка ја вработија во една фирма како деловен асистен она е со економски факултет и започна така да му помага на директорот, не во приватни работи барем никогаш до сега еве долго време работи таму но се бара да е достапна и за викенд барем на телефон нели. присутна е на сите важни состаноци , зборува англиски па е во контакт со гостите итн, од кога ја вработија со средна плата по 2 месеца и ја зголемија платата за 20 % бидејќи се покажа екстра и подоцна постепено и ја качуваа секогаш во зависност од обрските што и ги дават. значи зависи од фирма пред се и за кои дејности ќе работиш тоа треба да се класифицира уште на стартот при интервјуто, нема шема за тоа што работи деловната секретарка. ќе си прашаш во фирмата што очекуваат и ќе си видиш дали ти одговара, и дали има можност да напредуваш од тој старт доколку сакаш.
и згора на се ако посака господинот шеф или СЕО-чиф екзекјутив офисер во големите корпорации може и љубовница да му станеш Македонија е ова