Од кај ги купуваш? Јас веќе подолго време не можам дс најдам вакви фустсни низ град ниту панталони кои не се слим.
Кукле проштај се до Бела јас редовно ја посетувам и секогаш си наоѓам нешто по мој крој. Не е чиста класика баш онака за на работа елегантно и со стил. Не е евтино ама барем знеш дека си купил нешто што ќе го носиш
Потполно се согласувам! Во работната средина најдобро е да се носи дискретен накит и можеби некој убав рачен часовник. И секако, затворени обувки (салонки) со не многу висока потпетица, зошто инаку изгледа невкусно.
Има по неколку модели,нема некој голем избор таму. Значи се носам стара облека оти ништо саглам не можам да си најдам.
@kukla21 а ти баш сакаш ѕвонарки??Со оглед на актуелната мода тешко дека ќе најдеш сега такво нешто осмвен ако некаде не исфрлат лимитирана серија. Мене убаво ми изгледаат и обичните панталони.Порано многу купував од МАРДИ,и баш ми се погодени.Мислам конфекција си е и плус имаат убави материјали.Во градов МАРДИ веќе не постои не знам во Скопје како е.
Тешко се наоѓаат, оти има до колена многу модели ама премногу тесни или од материјал што се лепи. Јас имам купено еден од Бела, еднаш начекав во Мана за 850 денари и маста му ја извадив. Ако те носи патот до Штип прошетај по бутиците јас последниот пат кога бев си купив 3 фустани од една продавница спроти трговскиот а цените се пристапни по 1600-2000 денари, има многу избор на деловна гардероба а успат и по една пастрамајлија.
Кукла јас купив вчера од Котон. По 1000 денари се има доста избор, јас земав од Рамстор, а можеш да видиш и во Сити Мол во тој Котон. Ваквов модел се само струкот ко некако повисок да е кај моите, материјалот е многу убав, не е крут баш е пријатен. Имаше во многу бои, бордо, маслинести, сиви, тегет, црни...
Не се гледа сликата - само кај мене е така? Едит Сега ми се гледа сликата. Е такви барам. Лелее ме израдува. Последниот пат кога влегов во Котон во сити мол толку ми беше расфрлено се и наситискано што ич не ми се бараше.
Кога сум веќе тука да ви кажам дека имаше и попуст на класични кошули од 590-790 денари. Сакоата им е поскапи негде над 2000, а имаше и убави пепито панталони мислам дека и тие може да се вклопат во деловниот изглед. Сите панталони им беа до 1500 денари, се наоѓаат и поефтини до 1000 и 800 денари. Оние до глужд офис панталоните се по 1000 денари и има стварно убав избор на наутрални бои. @kukla21 јас барав и 34 ама немаше, ми рекоа дека во Сити Мол има ама не ми се одеше до таму. 36ката терба да ги скратам малку само. Затоа подобро упати се дирекно во Сити Мол сигурно имаат повеќе парчиња на залиха таму.
Браво @mims-89 ете ние тетките дремеме по офисите вие шеткајте и кажувајте вакви информации. Ако е крај на месец кредитната е тука, па ќе се комплетизирам. Ако купам нешто (а сигурно) ќе сликнам за овде.
Премногу деловно за млади може цевка панталона ,висока чизма ,горе кошула,џемпер,ситни обетки и некое дискретно ланче
Со оглед на тоа дека нема никогаш да работам на место каде што ќе можам да носам ваква гардероба или штикли, си тагувам на сликиве. Тотално непрактично ќе биде да се појавам во штикли на работа и после да газам низ пилевина низ погон. Ама тоа е, ќе се дотерувам за кафиња. Исто така, мажи во одела ми се слаба страна.