Ние имаме на работа кодекс на облекување, дури и ни одвојуваат пари за набавување на соодветна професионална облека. Облеката се состои од Сако или здолниште црно или тегет, значи темна боја а да не биде некоја дречлива и нагоре бела кошула или можеме и џемперче некое или маичка, не е до толку строго но акцентот треба да биде ставен на професионален изглед. А фармерки ни во петок кога е кежуал не смееме да облечеме. Мене ми е сосема ок, полесно ми е зошто знам што морам да носам а не да се измачувам да му ја мислам и плус сметам ние треба да служиме за пример бидејки имаме постојано контакт со странки.
Новата колекција на Бела е прекраснoтии. Сукњата со патент позади https://www.facebook.com/media/set/?set=a.792819480767628.1073741854.133212043395045&type=1
Безвременска комбинација на бои (црна и бела) која е полн погодок за софистициран изглед на работното место.
casual smart + елегантна. многу ми се допаѓа. вакви парчиња има во KOTON, можеби LC WAIKIKI,a поексклузивните комбинации ги има во MARELLA.
Изборот на соодветен фустан како деловна гардероба е најлесното модно парче за да се избегнат моментите на размислување за некакви комбинации.
Мини да дојдам на работа вака ко твојава цуца има да летам од канцеларија ко партал. Се само не деловна гардероба, можеби, ама да имам сопствена канцеларија па да не е битно што облекувам.
По дрес код не само што не бива искинати фармерки туку и кожни панталони , припиени уз нога панталони -не смее, никако голи прсти на нозе,
Што мислите за шорц комбинации со палто, кошула, па дури и џемпер на есен. Јас често носам шорц со холахопка. Одам на терен и суќњите ми се непрактични. Пред 2-3 години се пронајдов во шорц со пристојна должина.
Деловна облека... Најдобро спој на елегантно и пристојно... Хаљина или сукња до колена, ни претесно ни широко, комбинирано со убаво модерно сако.
Дали уште Марди имаат продавници во Скопје?Бев преска во Мавровка и ми кажаа дека ги затвориле.Дали некој знае дали таа во Влае уште постои или има и некоја друга?