1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Делувањето на средствата за чистење на бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од СноуБол90, 11 јануари 2018.

  1. СноуБол90

    СноуБол90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2017
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    855
    Пол:
    Женски
    Се мислам за средствава за чистење како делуваат на новороденчиња( јас сум малку компулсивно опседната со чистење ,бактерофоб, 2-3пати дневно бришам прашина од мебел и под ,малце лудо делува. Сега се мислам кога ќе го бришам креветчето на малата и мебелот наменет за неа дали да употребам средства како:Ајакс,Глос,Политура или постојат бебешки средства за чистење ? Нели за хемикалииве да не се штетни за новороденче?
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Да, хемикалиите се штетни за новороденчиња, бебиња и деца. Ама, од друга страна, не чини ни претераното чистење. Кога ќе се роди бебето, ќе немаш време за толку да чистиш, така што ќе се одвикнеш од навиката по 2-3 пати да го пребришуваш мебелот, па и подот. Има средства за чистење на природна база, се нарачуваат преку каталошка продажба, во маркети не знам дали има. Влажните марамчиња што се за секој вид површини би ти завршиле солидна работа, ем за прашина, ем за дезинфекција, што е сосема доволно.
    А претераното чистење и стерилизирање не чини, мора бебето од раѓање да се навикнува на бактерии и прашина. Не да се дави фала Богу, ама не да се риба секој сантиметар и дел од мебел и под во секоја слободна минута.
     
    На karibian, Lianna Anna, kukla21 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.607
    Допаѓања:
    103.855
    Пол:
    Женски
    @СноуБол90 што и да користиш избери сретства кои не се толку абразивни и имаат понежен и попријатен мирис, политура во никој случај не користи таа мириса и по 5дена. Бебешки производи за чистење јас не сум сретнала, ниту чула дека има и постојат.

    Јас пред да се роди бејби и се до денес собата каде спие ја чистам со Фрош, има понежен и пријатен мирис, цел мебел го пребришувам со вода, па со сретството, подот само со врела вода (од соларно некои 80-90степени :lol:) и додатно површината одозгора на комодата каде стои подлогата за пресоблекување ги пребришувам со алкохол. Кревет има во собата каде јас спијам, плус завеса, ги перам со истиот детергент со кој ги перам и алиштата на бејби. И обавезно по чистење стои отворен прозор барем 2ч.

    На природна база ти се Green каталошка продажба, конкретно за мебел, подови не сум купила, но имав за вц, паста за површини и садови, сјај за садови и ептен беа крш. Тоа за вц пени уби боже, а бигор не отстранува и воопшто не дезинфицира, а убаво мириса, пастата за садови онака беше, ама за површини се мазнаници остава та колку и да плакнеш, сјајот крш..
     
    На stevemila и СноуБол90 им се допаѓа ова.
  4. СноуБол90

    СноуБол90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2017
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    855
    Пол:
    Женски
    И јас се мислев само за врела вода и алкохол ...

    Бај д уеј со кој детергент ги переш алиштата?
     
    Последна измена од модератор: 12 јануари 2018
  5. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.607
    Допаѓања:
    103.855
    Пол:
    Женски
    Течен бебешки Ариел :)
     
    На СноуБол90 му/ѝ се допаѓа ова.