Да и јас Исто сакам да ја сменам косата, носот малку помал, бојата на очите, лицево еве..поголема уста друг облик на брадата коа ќе се насмеам грд ми е, да бидам послаба, без стрии ..абе јас мн нешта би сакала ама нека ми ги исполни некој вака само ќе се занервирам
Прилично сум задоволна од својот изглед и не ми променила ништо друго освен висината, сакам да сум малку повисока. Си се допаѓам ваква каква што сум, недостатоците на телото ги покривам со вежбање, а на лицето сметам дека немам недостатоци, имам правилни црти, ми се допаѓа како изгледам но не сум нарцис и заљубена во себе. Ништо друго не би менувала Ете сега ми текна, сакам да имам и подолги и поубави трепки затоа што моиве се катастрофа ама никогаш не би ставила вештачки трепки, многу грдо изгледаат.
поголеми гради дефинитивно,се друго си е во ред,ама оваа пуста генетика ме казни и мене со ниско градба хахахахаха
Сакам да имам помал број на бемки, имам доста на лицето, од кои 2 се видливи. Исто така би ги променила стапалата, бидејки се прешироки
Непостоечкиот ми струк. Па боже господе, дајте ми конопче да се завиткам и слободно можам да глумам мортадела. Не е можно толку да немам тенка половина, ко од онакво за правење салами да сум излегла.
Да почнам од лицето.. сакам да не ми е топчесто, носот да ми е мал и убав.... потоа нозите да ми се долги и прави, газот да ми е стегнат и тртлест ... се друго е ок
Не би променила ништо зошто сметам дека имам многу убава конструкција на моето тело,единствено што би направила е би се здебелила малку повеќе за се да дојде на израз како што треба...