Рацете и нозете. Многу ми се слаби и тенки, сакам малце сало, да има шо да фанеш, не вака само коска.
Понекогаш сакам рацете да ми бидат малку подебели. Но најголем проблем ми е стомакот, не дека е голем (вистина немам стомачни ни трпение за нив) но проблемот е што ми се подува. Без разлика што да јадам.
Нозете сакам да ми бидат подолги и градите да ми бидат поголеми (не дека ми се мали,големи се,ама малце поголеми сакам )
Дел од телото што би го променила !? Значи мислам дека човек со поголеми комплекси од мене кога е во прашање телото - НЕМА. Цеееел живот вежбам и никогаш не сум задоволна... Ма сите ми кажаа дека сум си набила големи комплекси и да олабавам малку дека се е ок, ама не, неможам На крај заклучив дека делот од телото што би го променила е МОЗОКОТ, т.е. психата
Стомакот дефинитивно и моите темни подочници кои за жал се генетски од раѓање и неможат да поминат освен да ги кријам со шминка
Мислам дека немам потреба за некоја екстремна промена од видот естетска операција ,туку само треба да имам поголема физичка активност,т.е да ослабам некое кило и да го зацврстам телото особено стомакот.Иначе имам убав облик на телото ,барем според мене. Некогаш ми беа градите комплекс ,но сега веќе не. Како и да е не постои совршенство,така да се трудам да се прифатам таква каква што сум.