малце да сум повисока и малце да се здебелам ама не многууу ...и лицево малце да ми се промени и бојава на телото ихихихихих
Си се сакам себе си таква каква што сум. Ама ете,кога морам да бирам нешто тогаш би било челото.Ми е речи си големо,и морам да носам шишки.
Би го променила видот (да гледам ко што треба), колковиве потесни да ми бидат :evil: и помалку целулит и салце да имам на газов и бутовиве.И стрииве да исчезнат. Па скромна сум си, признавам.
Со телото сум задоволна, а од лицето, кога би можела на пример би го променила челото (бидејки ми е поголемко), трепките (би сакала малку да ми се поголеми) и можеби забите, иако носам мобилни протези и пополека си доаѓа како што треба
Од тело се си е ок,може малку поголеми гради,ама и не мора,добри се... Потоа,сакам долга коса,каква што ми беше,еднаква и да немам шишки,да ми пораснат и да неморам да носам очила(не дека ги носам,а треба, само мајка ми се ѕвери по дома јас ги клавам за 5мин потоа ги вадам) ама не сакам така ...