Веѓите ... копнеам по густи , дебели , впечатливи веѓи , моите не се нешто тенки ама ретки се и не ми се допаѓаат ! Со цртање се поправаат значително , но не можам за секакво излегување да се шминкам, некогаш кога ке ме чупа една козметичарка , прави многу да си ги засакам , ама сега таа се породи и не работи многу многу , друго ушите не ми се драстично клемпави , ама едното ми е повеќе од другото , многумина као ми велат нема врска ова она не се забележува ама јас знам дека не изгледа и баш најубаво и не ја носам соберена косата .
Би ги променила само прстињата од рацете, бидејќи ми се криви. И малото лево прсте ми е деформирано така сум родена помало ми е од десното прсте. Ете тоа би го променила само.
Ништо,само малку би ослабела во стомакот.. Господ ме создал таква,а затоа што има луѓе што ме сакаат ваква каква што сум,ништо не би мењала.
Ништо. Само би додала малку повеќе мевце на рацете и толку. Но, баба ми ми кажува таман сум била и да не ги гледам другарките од класот.
Ништо. Баш сум си убава. Верувајте ми, не сакате ништо да промените. Можеби полните усни, крупните очи се убави, но вие сте совршени такви какви што сте. Најверојатно не би изгледале убаво кога би промениле некои делови од вашето тело.