Барав ваква тема, немаше. Ме интересира, каков е животот заедно во дом со лице со деменција? Како се грижите за тоа лице, како се однесувате? Дали има некаква опаност што може тоа лице да направи? Не сум имала случај ваков во моја фамилија, со мој близок, прв пат сретнувам такво нешто сега со роднина на моја блиска личност. Ми раскажуваше за некои симптоми, постапки и размислувања, па би сакала да видам повеќе коментари и мислења на оваа тема.
Тешко и многу напорно, грижата е слична како кај болно лице. Треба да им даваш јадење зависно до кој степен е деменцијата ако знае сам/а да јаде во ред, може и да не знае сам/а да јаде. Треба многу да си смирена и да не се нервираш. Најчесто се навраќаат во детството или во младоста и таму живеат. Може да не те препознаваат. Не можат да си наштетат самите, но може да уклучат шпорет без да знаат и да направат пожар или да избегаат од дома.
Искрено мн тежок и тажен.. имав лице со деменција дома. Шо подлабоко влага полошо е. Бегаше, стана агресивна, ни се дереше, нѐ бркаше, сакаше да си иде дома ( а дома беше) Баба ми шо ме израсна, мене од дете ме напраи чоек, пред мене стана дете. Нешо најлошо е. На душман не му посакувам такво нешто.
Некои викаат дека старите кога ќе почнат да го враќаат животот наназад да зборат што се им се случувало, се ближеле кон смртта.... Колку е точно не знам
Леле баш деновиве сакав да отворам тема.... Свекрвата веќе цела година ,,слуша дека ние се караме детето плаче по цели ноќи" па не напаѓа ,па со социјални служби се заканува па кога и кажавме дека мора на лекар да иде за проценка пошо : 1. Нема да можеме да функционираме ако стварно цела ноќ се караме. 2. Ако не можеме дење да се разбереме ноќе ич. 3. Ако веќе дотолку било ќе се разведеме не сме будали секоја ноќ да се караме. Се скара со нас не направи луди она била нормална ние сме за психијатрија . После постојано нешто и ,,снемува" најчесто пари ,па сме ги украле ,не знам ти шо. Се случува да не збори на некого ,зошто никој не знае па по некое време да збори пак. Ме застануваат луѓе прашуваат што и е зошто е лута не знам шо да кажам... Исто лепенката секое сабајле и пуштал музика ама некоја на плачење... не можам да тврдам нели пошо на работа сме веќе тоа време и јас и мм ама и он иде на работа би требало веќе да изчегува тоа време. Ме интересира највеќе како и кога се дијагностицира. Не можам да тврдам дека е деменција ама има нешто... а наскоро и бебе чекам па да знам што ме очекува...
Се дијагностицира кога ќе почне да заборава често, но не мора да значи дека се работи за деменција. Инаку во глобала си водат мирен живот кога се на почеток на деменција само со заборавањето имаат проблем, потоа имаат напади слабеат, се затвораат сами не сакаат луѓе и размислуваат. Во твојот случај не ми изгледа дека се работи за деменција повеќе како да халуцинира.
Веќе 4-5 години и се случува да подзаборави така кај ставила нешто па ко ќе го најде мисли и го кријам Ама ова веќе и мене почна на психа да ми мава со гласовите а и на детето сешто му збори.... од типот ај кај цела ноќ плачеш сеа и за ова да плачеш. Она и вика не плачам ноќ ,спијам. Уште и вика како да не си спиела те слушам јас
Многу тешко. Бидејќи почнува полека и потоа само прогресира, не можиш ништо да сториш. Ја имаше баба ми години пред да умре лани. На почеток не беше толку изразено, но со време се влошува. Таа откако изгуби еден син (мој чичко) никогаш не беше иста после неговата смрт. Мислам дека нас дома не не заборави кои сме, но ни ги забораваше имињата. Често се враќаше во минатото, спомнуваше некои работи без врска. Некогаш и се караше со нас. Ги бараше своите родители исто така, и други луѓе од минатото. Стануваше ноќе во ниедно време со намера да оди некаде, некој ја викал и ја чекал. Така еднаш успеа да излези надвор среде ноќ и да оди по улица, не знаејќи каде. Арно се погодил некој човек кој си идел од работа па му кажал на татко ми, па тој ја вратил дома. Искрено мене страв ме фаќа од ова, не знам колку е наследно, ама повеќето е застапено кај жените отколку кај мажите. Си велам поарно да заминам пред вакво нешто да ме фати. Инаку подоцна дознав дека на лица со деменција им пуштаат музика од нивната младост или музика која има посебно значење за нив за да се сетат. И навистина многу се сеќаваат. Тие што имате вакви лица, пуштете им ако знаете која музика ја сакале многу. Делот од мозокот поврзан со памтење музика не е афектиран до последните стадиуми на болеста, дури и после јазикот.
Тешко е со тие лица. Забораваат блиски што здоболува. Им се навраќаат само спомени од нивното детство и нешто од претходните години. Баба ми се присеќаваше на детството во родниот град, мешаше ликови и за моја (тогаш веќе омажена и бремена) братучетка мислеше дека е во школо и прашуваше кога ќе си дојде дома, па да дојде кај неа. Ај, баба ми ја фати во последните години од животот. Но, нејзина внука од сестра подолги години се мачеше. И таа мешаше минатото и сегашност. Не смее да бидат оставени сами. Може да излезат или да направат белја дома. На зет мајка му ја запали кујната, среќа што имало кој да види и да реагира.
Дали обвинување некој дека земал работи/украл (пример: чинија, пари, лажица), зборување сам со себе, но и зборување лошо за други луѓе/колнење, измислување муабети за другите, ослабнување, често заборавање каде се ставени документите/клучевите се симптоми на деменција?
Заборавањето да, но другиве можат да бидат предизвикани и од други состојби. Најдобро е лицето да се однесе на доктор.
На баба ми деменцијата почна во короната, многу касно ги разбравме тие симптоми на подзабоаравање. И она ги прикриваше. После тоа прерасна во, гледам сенки, гледам човек.. зборува со некој што не е во собата. Беше многу језиво. Не спиеше преку ноќ, само преку ден. Тука имаше убедување на татко ми и тетка ми дека мора да се однесе на специјалист за да и препише терапија. И се случи тоа меѓутоа она беше веќе во некоја фаза.. Лековите успорија и ја смирија ама не да речеш многу. Почна да не заборава сите. Па после тоа и да прави бељи со што тргнавме буквално се од собата и кујната освен кревет и телевизот. Сите фази ги помина, зборам на сите.. а веќе сега пред некое време не може да станува, односно станува неподвижна, а сеуште јаде да речеме. На почетокот се грижевме за неа сите по малце, меѓутоа кога стана огромна обврска, само татко ми се грижи за неа и навистина е измачувачки. Не за џабе велат, само умот да не го изгубиш.. Според мене доколку лицето оди редовно на контроли, може да се детектира многу по рано.
Да ама сама имаш пишано ,прикриваат. Јасно им е и нив дека нешто не е ок ама не сакаат да прифатат. Еве свекрвата конкретно нас не обвинува дека и ги криеме работите ,дека се караме ноќе, дури и внуката беше на спиење и неа и рекла дека она не може да не слушне зошто нејзиниот кревет е на друга страна на собата пази молимте а во иста соба спијат. Вика девојчето до ходник дојдов мртва тишина ништи не се слуша. Ама џабе не. Ние сме за психијатар сакаме луда да ја направиме...
Се имаме цитирано мислам и во другите теми се сеќавам. Да, затоа мора упорност и по доктори да се истера, па со терапија ќе се среди, ако ништо друго ќе се смири и ќе спие преку ноќ. Верувај тогаш живеев со баба ми на спрат, јас бев таа што ги искуси сите работи и форсирав по доктори да се носи, и после тоа одма 1 неедла после терапија се стабилизира. Само упорност и ќе дојде до тоа што треба.. барем да се ублажи, а неа многу многу не ја прашувајте. Нема секако ништо да одобри. Ние и викавме дека мора витамини да пие и некако се сложи. Среќно на сите, знам, воопшто не е лесно..
Не е лесно, ама мора да најдете начин да ја однесете на доктор. Што и да ѝ е, не е добро да биде околу мали деца.
E дома само ова јас го мислам.. син и (мм да ) и ја остава на чување малата... Долги време поминало ако било тоа до сеа ќе покажела и други знаци.
Ќе го седнеш маж ти и ќе му ставиш до знаење дека мајка му мора да биде прегледана. И за ваше и за нејзино добро. Не дај Боже, ама за белја понекогаш доволни се секунди невнимание ко примерот што го спомнав погоре. После дијагноза колку-толку ќе сте пораат и ќе знаете што понатаму.
Предложети и сите тројца да одите на психијатар штом вели вие сте за таму не она. Само така ќе се нафати да биде дијагностицирана на време. За да се смири и она. За ваше добро е тоа, подобро нема да и биде само полошо.