1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Демисексуалност

Дискусија во 'Секс' започната од Amellie13, 30 јули 2018.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Не мора да ја викаш сексуална ориентација, викај ја сексуална преференција...
    На прашање: Која ти е сеексуална преференција, одговараш со: Демисексуалец ... и се' е јансо.

    Многу цепидлачите.
     
    На Someonespecial, Sawyer, VictoriaSan и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.965
    Допаѓања:
    54.870
    Пол:
    Женски
    Не се чувствувам ни малку посебно во тоа што се пронајдов во дефиницијата за демисексуалец, ниту ја измислив. :)
    Се согласувам со тоа дека повеќе годи да е наречена преференција отколку ориентација. И онака единствени реални ориентации според мене можат да бидат хетеро, хомо, би и асексуалноста, друго се е измислено.
     
    На Someonespecial, Joi, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Разликата меѓу сексуална „ориентација“ и преференција“ е бајаги голема и истото го објаснив во претходното мислење. Една работа е да те привлекува некој или нешто врз база на твоите лични ставови, размислувања, морални вредности, а нешто сосема друго е некој или нешто да ти предизвика involuntary sexual response. Првото е базирано на карактерот на човекот, а второто на неговите биолошки фундаменти.

    За да се открие нов вид на сексуалност, потребен е некаков научен breakthrough, истражување, опипливи нови сознанија за човечката сексуалност базирани на непристрасни факти, а не тема од reddit, пост на некој блог или статија на huffingtonpost - ова се некои од главните извори на новокомпонираните типови на сексуалности.

    Можда за тебе тоа е цепидлачење, ама за мене е пласирање на неточни информации и релативизирање на останатите видови на сексуалност кои actually постојат, особено на хомо- и бисексуалноста, кои се’ уште се маргинализирани и оспорувани од многумина.

    Не ми се однесуваше мислењето на тебе, таман работа, не е дека ти си го измислила поимов. :)

    Сепак, стојам зад моето мислење дека оваа „сексуалност“ е измислена, а што се однесува до мотивите на нејзините творци, можам само да шпекулирам дека потребата за чувство на посебност е еден од нив - како што била, претпоставувам, и за сапиосексуалноста. :)
     
    На Someonespecial, Joi, sparklie и 5 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    А кој рече дека демисексуалноста е ориентација? И преференција може да е, и инкланација. Не се толку ригорозни овие форми на сексуалност, како што ги замислувате.
     
  5. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Ова не е ништо друго освен продолжување на вечната меѓучовечка борба за уникатност, поттикната од чувството на загушеност од едни со други..

    Сите овие видови на сексуалности се поистоветуваат со една работа: - љубов, која не претставува ништо друго освен систем на природата која не принудува да се размножуваме за да го продолжиме векот на постоењето на човештвото и притоа се успорува еволуцијата.

    Факт е дека, зависно од личноста, искуствата и карактерот, кај секој човек на планетава на различен начин настанува хемиската реакција на хормони (адреналин, тестостерон, естроген, допамин, серотонин, окситоцин и вазопресин) која се случува во мозокот. Тоа е во самата природа на човекот...

    Така, овде главниот концепт е што луѓето се обидуваат од една проста природна работа, да направат нешто сложено (без притоа да приложат некаква научна или биолошка основа за тоа).

    Не е ничиј проблем што на планетата Земја има моментално 7,6 билиони луѓе, од кои мнозинството за жал ги сфаќаат работите на многу ограничен начин, водејќи се само според нивна лична перцепција и поради тоа не успеваат или не сакаат да ја видат големата слика а тоа е дека во однос на се останато, тие се само уште една риба во морето.

    That's so sad...
     
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.810
    Допаѓања:
    23.317
    Пол:
    Женски
    Работа е што вие ја сфаќате демисексуалност како волонтерно одбивање да се има сексуални односи со личност која не ја знаете. Тоа е само преференција.

    А всушност демисексуалност е отсуство на сексуална привлечност се додека не формирате длабока врска со некого. Никој не ве привлекува. На некој начин асексуалност додека не се поврзете со некого. А што сум читала, во зависност на кој спектрум од асексуалноста е личноста - некогаш не се случува привлечност ни тогаш туку уште поретко.

    Не гледам како може да не постои.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Се' во сексот не дефинира и не прави посебни.

    Нема двајца луѓе, кои се со сосема исти преференции.
    Сите имаме сплет од сексуални преференции кои се со различна јачина.

    Ако не бевме 'посебни' и 'различни', зошто толку осуди и недоразбирања има на теми поврзани со сексуалност и сексуални акти?

    Ќе ме испотепаат пола оти сум била во отворен брак.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lunchy

    lunchy Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Леле oвa кaкo зa мене дa е нaпишaнo :D Јaс дури и не уживaм вo секс се дoдекa ептен не пoмине време и не гo зaпoзнaaм убaвo.Oсвен тoa некoј и дa ми е убaв јaс не мoжaм дa имaм oднoси ,не се вoзбудувaм нa нaдвoрешен изглед. Амa кoгa ќе пoминaт некoлку месеци е тoгaш е сoсемa нештo другo. Нo, јaс мислaм декa сите штo ќе се прoнaјдaт тукa не е декa не сме исти кaкo сите други, туку бaрaме сигурнoст пред дa имaме oднoси зa дa не сме пoвредени пoдoцнa. И мислaм декa е пoследицa Нa тoa штo oднaпред мислиме штo ќе се деси дaли некoј пoдoцнa ќе ни рaские или не. Амa мене нaвистинa ми требa време зa дa пoчнaм дa уживaм и дa сaкaм дa имaм oднoси бaрем 4 месеци дa сум вo врскa и пoтoa
    и јaс сaкaм дa сум сo дечкo ми. Искренo мене oвa мaлку ми пречи aмa пoдoбрo вaкa негo секoј ден сo некoј рaзличен:D
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Самата дефиниција на поимов го дефинира како сексуална ориентација, а да не зборам за наставката
    -сексуалност, која алудира на истото.

    А ако се работи за преференција или инкланација, тогаш сум уште поише против користење на зборов, затоа што само внесува дополнителна конфузија, наместо да служи за поедноставување на работите - што во основа е и поентата на компонирање на нов збор.

    Инаку, се сложувам со тезата дека човечката сексуалност е многу посложена и најчесто поопсежна од она што го налагаат класичните дефиниции, но за мене тоа е причина плус против напливот на новопечени и недоквакани дефиниции за сексуалноста и сексуалните ориентации.

    Стварно не сфаќам зошто во златното доба на сексуалната еманципација, кога во суштина секој може да практикува каков секс сака и да ја изрази својата сексуалност во било каков облик, ние сме се фатиле ко слеп за стап за дефинирање, категоризирање, класификација, поделба и разграничување на сите можни сексуални преференции, желби, фантазии и фетиши, па уште инсистираме дека сето тоа спаѓа во категоријата „сексуалност“.

    Ја не ја исклучувам можноста дека демисексуалноста постои, и тоа точно во тој облик како што е дефинирана у моментов, едноставно викам дека нема ни приближно доволно научни истражувања за сексуалноста за истата да биде докажана или потврдена у моментов. На крајот од статијата од википедија која си ја линкала под точката Research можеш да видиш колку малку студии има за асексуалноста во генерала, а за демисексуалноста како посебен тип на сексуалност - ниту една.

    Кога се работи за нешто што е предмет на истражување на науката, не е доволно ние самите да си измислуваме зборчиња, дефиниции за нивното значење и да се декларираме како такви. :)
     
    На Joi, Briar Rose, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    11.369
    Пол:
    Женски
    Море што не ќе измислат. Сега да не знам дали сум сапиосексуалец или демисексуалец. :D

    Сите овие поими некој сексуално неискусен ги има измислено.
    Прво фрустрација пошто не можам да дојдам до партнер/ ка од Х причини, па помирување со судбината. Кога ќе заостанеш на тоа поле, а веќе си зрел човек во повозрасни години си го правдаш сопствениот неуспех и нереализацијата на сексуално поле ја проектираш на другите "сите се глупи, а јас физичка интеракција можам да имам само со интелигентни, сапиосексуалец сум"- апсурд на веков, баби и жаби мешање. И еве сега ова новово, пошо сапиосексуалец е fail измислица, дајте нешто што има повеќе смисла. :)
     
    Последна измена: 2 август 2018
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Како внесува дополнителна конфузија, ако некој ти рече: преференција ми е демисексуалност?

    Која сексуална еманципација, кое златно доба, кои црни камења во Македонија.. ти се молам... Оди на темите за секс, ќе видиш кој зборува за тоа. Тука само филозофираме, реланоста е дека луѓето кај нас не зборуваат за секс. Не мора да има истражување, па да знаеш на што се палиш. Еве, овај збор конкретно, важи за тие кои полесно доживуваат возбуда кога се емотивно поврзани со партнерот. Што ти е конфузно?

    Не се поделби и разграничувања, туку дефинирање и обзнанување на сите различни сексуални преференции и акти. Поентата е да се види дека различни луѓе, се возбудуваат на различни работи.. и дека е во ред тоа.

    Кински бил првиот човек кој се зафатил со 'попис' на различните сексуални преференции, фетиши, практики итн. И тоа ли било со цел да се разделат на групи сите луѓе, или да видиме што се' има по светот? Ако не, да му го џитниме в ѓубре она што го работел 30 години...
     
    На honest girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Така што сексуалност е нешто вродено, а преференција е личен избор, не знам што не е јасно? :D Користењето на збор кој би требало да означува тип на сексуалност за опишување на преференција е конфузно, а и погрешно, сакале ние да признаеме или не.

    Ја воопшто не зборував за Македонија, туку генерално, ама и Македонија ако ја земеме за пример, сексуалната еманципација, колку и да е на ниско ниво сама по себе, пак е повисока отколку што била во минатото.

    Ја пак ќе речам - за дефинирање на нов тип на сексуалност е потребна цела низа обемни научни истражувања, набљудувања и анализи - све друго е тресење на работи од ракав и измислување на зборови и дефиниции за ствари кои уште не се докажани дека постојат. :)
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254

    Пишува дека може да биде и преференција и инклинација, не стриктно ориентација.
     
  14. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Многу појасно е некој ако ги опише преференциите со еден збор/фраза отколку да ти филозофира па ти иди сфати го што сака да каже.


    Screenshot_20180802-104927.jpg Screenshot_20180802-104909.jpg Screenshot_20180802-104713.jpg yup:D
     
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Мене не ми се јасни сега овие теми со нови некои називи..не ќе ги учам допрва, шо ќе ми се, не сум сексолог.:?:
     
  16. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Чисто од општа култура да ги знаеш. :D
     
    На baba Rada и WildMk им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Кога ќе изислите збор кој ќе значи -Сексуално се возбудува најмногу кога има полна месечина, овулација, кога е скарана со партнерот, некогаш тригер е добар разговор а некогаш само добро тело, некогаш асексуална, некогаш не знае за доста...да ми јавите.
     
    На WildMk, Desi1991k, Harper и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    23 годишно девојче. Ало?
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Ти си со сплет на различни преференции... како и секој човек на планетава. :)