Демисексуалност

Дискусија во 'Секс' започната од Amellie13, 30 јули 2018.

  1. TwistedSister

    TwistedSister Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2026
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    475
    Битна ми е емоционалната врска, но повеќе би рекла многу сум внимателна со кого би имала секс отколку дека сум демисексуалец.
    Не го подразбирам толку едноствно сексот му давам повисоко значење отколку само потреба, ме привлекувале сексуално личности со кои не сум била емоционално врзана но дали со истите би имала секс тоа е веќе прашање.
    Некогаш можам да се напалам само физички на некој/а но многу поголема сексуална желба би имала ако им го знам карактерот, интелектот и сл.
    Што значи кај мене е свесен избор а не демисексуалност.
     
    На Mumoftwo30, JasBee11 и Vikktorr им се допаѓа ова.
  2. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.199
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Машки
    Значи повеќе а прашање на внимателност, за тебе, ако јас добро разбрав?
     
    На Малечка Малинка и TwistedSister им се допаѓа ова.
  3. TwistedSister

    TwistedSister Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2026
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    475
    Да, веројатно.
    Ако демискесуалност подразбира да мора да постои прво емоционална поврзаност па потоа сексуална привлечност тогаш не сум демисексуалец. Ми се случувало рендом тип на улица сексуално да ме привлече и сум имала желба да имам секс со него али не би го направила тоа.
     
    На Mumoftwo30 и Vikktorr им се допаѓа ова.
  4. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.199
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Машки
    Разбирам, разбирам. Да, тогаш не влегуваш во „категоријата“, претпоставувам.

    Edit: И ова е добра илустрација дека сексуалноста не е толку едноставна ни кај мажи ни кај жени, и не соодвествува на стереотипите.
     
    На Mumoftwo30 и TwistedSister им се допаѓа ова.
  5. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    5.041
    Допаѓања:
    25.255
    Пол:
    Женски
    Едит: Секако дека во минатото сум бранела демисексуалност, игнорирајте го тоа плс. :D

    Не ми е јасна потребата за оваа категорија, освен секако, дека сакате да се чувствувате посебни. Сексуалноста си е нешто лично и секој ја доживува различно, никому не му е гајле дали, колку и под кои услови сакате да имате секс.

    Оваа "сексуалност" и асексуалност, доаѓаат под претпоставка дека останатите се прцаме како животни, се палиме на секој што ни е физички привлачен и притоа немаме никакви емоции. Right...

    Исто како што пансексуалност се по дефиниција разликува од бисексуалност по тоа што "пансексуалци не гледаат полови органи, само душа" и со тоа се демек поморални.

    Сексуалност треба да одговара само на прашањето кој пол ти се допаѓа и има само три одговори: другиот, својот или двата. Секој друг идентитет е апсолутно непотребен.
     
    На Angie1432 и JasBee11 им се допаѓа ова.
  6. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.199
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Машки

    Не се чувствувам нешто попосебен од другите, ниту пак сакам да бидам, зошто воопшто би бил? Едноставно сакам да сум јас јас. Мислам дека сите луѓе се посебни, неповторлива еволутивна, биолошка и културна комбинација. Не се чувствувам ни поморален. Дали сум реално и докажано морален/етичен, зависи од конкретни постапки, систематски, и конзистенто со други постапки, а тоа останува на други да проценат.
    Не претпоставувам дека останатите или „нормалните“ или строго хетеросексуалните само се „пр*цаат ко животни“.
    Сексуалноста е интимна работа, но исто е интимен и разговорот за тоа дали и како се справуваш со свекрвата дома, дали сакаш чоколаден или ванила сладолед, која ти е омилена книга..
    Сексуалноста не одговара само на прашањето со „кого“, туку и „кога, во кои услови“, како што напишав погоре.

    Дали некому му е гајле? Не знам. Но, еве некој сакал да коментира за темата. :)
     
    Последна измена: 1 мај 2026 во 15:40
    На Mumoftwo30, Малечка Малинка, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Unknown_7

    Unknown_7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2025
    Пораки:
    250
    Допаѓања:
    2.363
    Пол:
    Машки
    Уште од дете сум демисексуалец, ако немам емоција кон партнерката, не сум можел да имам односи, и ништо не се будело во мене, едноставно да ми извините но половиот орган, не реагирал воопшто.За мене сексот е чин од двајца партнери со силни емоции, чувства, страст, сите овие работи даваат совршен резултат :)
     
    На Vikktorr, EvAngelos и eliesaab им се допаѓа ова.
  8. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.232
    Допаѓања:
    18.661
    Е уште демисексуалец ако го ставам у си-ви и готово.
     
    На Mumoftwo30, Касија, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    11.210
    Пол:
    Машки
    Ова што го викате „демисексуалност“ е уствари нормална, природна, здрава сексуалност. Онака како што треба да биде. Ама во оваа доба на разврат, блудничење, перверзии, hook up култура, каде што луѓето за секоја перверзија си измислуваат „име“, морале ете и на ова да му стават име. Демек ова е една од многуте сексуалности.
     
    На Mumoftwo30 и eliesaab им се допаѓа ова.
  10. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.199
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Машки
    Основи на добро CV. Го составуваш така што да се совпадне со позицијата за која што аплицираш. Значи, ако аплицираш за медицински брат, нема да внесеш дека си одел во играорно друштво, ако аплицираш за виолинист во оркестар, нема да спомнеш дека си добар во правење цезар салата, ако аплицираш за HR, нема да кажеш дека си истрчал маратон за 2.15 часа.
    Досега не сум видел CV каде се бара сексуална ориентација. Можеби и некаде се бара. Јас лично не сум видел. Но, ако тоа некој го бара за одредена позиција, задача, цел, вештина, итн. и воедно има опција демисексуалност и мислиш дека тоа ќе ти е од корист за конкретната позиција, можеш тоа да го наведеш, да. :)
     
    Последна измена: 2 мај 2026 во 12:18
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    4.915
    Пол:
    Машки
    Јас прв пат го слушам терминов и не сум знаел дека има термин за ова..
    Јас лично не можам да имам секс со девојка со која немам емотивна врска, ниту ме привлекува сексуално за да посакам да имам секс а да не сум во емотивна врска.. Дури кога ќе излезам од емотивна врска и престанам да чувствува нешто кон таа личност не осеќам сексуална привлечност.. Во одреден период од животот сексуална привлечност осеќам само кон една личност..
    Физички некој да ми е привлечен да, во смисла да ми се допадне коса, градба, лице, ама никогаш до степен сексуално да ме привлече.
     
    На Mumoftwo30 и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  12. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.726
    Допаѓања:
    62.613
    Пол:
    Женски
    Сте ја живнале темава што сум ја заборавила дека ја имам отворено. :D

    Сексуалноста на човекот е цел спектар, и повеќето мислам дека не се наоѓаат на краевите. Не знам дали би го нарекла ова преференца, бидејќи навистина има луѓе што им треба да искусат емоционална поврзаност со некого за да се појави потоа и сексуална привлечност. Додека други можат целосно да одвојат секс од емоции, така да не мислам дека демисексуалност е толку "норма". Лично и мене не ми се допаѓа хук ап културата, најмногу бидејќи недолжни луѓе остануваат повредени од тоа.
    Сѐ уште мислам дека би се нарекла демисексуалец, не можам уште да се замислам да сум интимна со некој со кого не сум блиска барем малку. Но има луѓе кои можат. Терминот си стои за разграничување, и не гледам зошто би сметал.
     
    На Mumoftwo30, Intergalactic, Vikktorr и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    11.210
    Пол:
    Машки
    И за здравјето се вели дека е спектар. Некој е малку болен, некој повеќе болен, некој во терминална фаза. Тоа што некој се пали на деца, животни, луѓе од исти пол, за некои е преференца, спектар, за други е изопачување, девијации на сексуалниот нагон.

    Или, некој сака да се поврзе со некоја личност, а сексот го гледа како кулминација на нивната поврзаност. А друг користи непознати луѓе само за да си доживее оргазам и да си ги испразни јајцата.
    Дали едното е употреба, а другото злоупотреба на сексуалноста, тоа вреди да се дискутира. Зошто луѓето остануваат повредени после hook up? Затоа што барем едниот од нив се поврзал и емотивно, а потоа бил/а повредена. Тоа е уште еден доказ дека сексот поврзува. При сексот се лачи голема количина на окситоцин - хормон кој има поврзувачко дејство. Тоа е истиот хормон што се лачи кога мајката ќе го роди бебето и ја создава таа иницијална силна мајчинска поврзаност. Исто и кога дои се лачи истиот хормон. Сексот поврзува и истиот е најдобро и најздраво кога се користи при веќе поврзани луѓе.

    Ама такви сме ние луѓето, сакаме инстант задоволства, без труд, без обврски. Па затоа и ќе си измислуваме имиња и спектри на сексуалните девијации, за да ги нормализираме истите.

    п.с. Извини што те цитирам, не ти се обраќам само тебе, туку општо на темата, иако почнав од твојот цитат.
     
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.444
    Допаѓања:
    45.581
    Пол:
    Женски
    IMG_4232.png
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.199
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Машки

    Еве јас те цитирам намерно.

    1. Дури и да прифатиме дека здравјето е спектар, зошто сексуалноста не би можела да биде спектар кога знаеме дека и сексуалноста е здравје? Ја користиш аналогијата против самиот себе :)

    2. Сексуална изопаченост варира низ историја и култура, но, не е исто што и сексуална ориентација, преференца, или како што некој погоре кажал карактер.

    3. Ако некои луѓе не се чувствуваат добро после хук-ап и не чувствуваат емоционална поврзаност, дали тогаш проблемот е во хук-апот, или недостаток на комуникација и усогласени очекувања меѓу луѓето?

    4. Окситоцинот се лачи и при прегратка, и при доверба, и при социјална интеракција, не е ексклузивен за секс. Ако окситоцинот е доказ дека сексот поврзува, тогаш и прегратката со пријател треба да создава иста врска. Аргументот е биолошки преедноставен.

    5. Некои луѓе сакаат инстант задоволства некои не, некои сакаат само во одреден период. И ова секако нема врска со сѐ претходно кажано погоре.

    Низ целиот „аргумент“, правиш генерализација за „луѓето“, а релативизација за „сексуалноста“. Зошто тоа ти е потребно?

    Од сѐ погоре кажано не, не произлегува дека затоа се измислуваат разни „етикети“ било за сексуалност, било за девијации, било за „нормализирање“. Ако нешто е нормализирано тоа е „хетеросексуалноста“ низ разни култури, времиња, историја.
     
    На Intergalactic му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    290
    Пол:
    Машки
    Le gasp. Луѓето измислуваат термини, како што биле измислени сите зборови во нашиот речник? :^)

    Демисексуалноста постои како термин бидејќи има огромен број на луѓе во светот за кои не важи воопшто. Дефинитивно не била застапена по дифолт во минатото како што имплицираш - најверојатно има повеќе хомосексуалци во светот отколку што има демисексуалци.