Како што постојат жени кои што не можат да имаат секс со некој со кој што не се емотивно приврзани, постојат и мажи.. И пред да го знам овој термин неколку 2-3 пати го имам кажано истово за себе... И да секој е различен, никој со никој не е ист.. И секој различно го доживува сексот, небитно маж или жена...
Не знам што да ти кажам или да аргументирам, сметам дека категоризација на сексуалност по тоа колку јако либидо имаш е глупаво и не може да се аргументира. Затоа што јас верувам дека постојат луѓе кои доживуваат сексуална атракција само откако ќе оформат емотивна врска, само нема да доделувам медали за тоа и етикети како демисексуалност, затоа што тоа е... нормална и честа појава лол. И дефинитивно не се повеќето мажи тука на форумов демисексуални.
Зборови кои се користат само на форум. Јас лично не ги сметам асексуалноста и демисексуалноста за валидни, мислам дека во принцип се работи или за намалено либидо или ако си на спектарот па природно поинаку ги доживуваш сексуалната привлечност и романтичните емоции за разлика од мнозинството. Нема ништо погрешно во ова, ама ми е малку кринџ да се користи неиронично, или уште полошо, као супериорна особина како што тука ја имаше некој опишано. Дали ќе имаш секс на прв дејт, после два дејта или два месеци е сосема лична одлука, нема потреба од посебни категории.
Некој погоре не читал доволно добро и внимателно па мисли дека „измислената категорија“ што важи само на „форум“ е показател за супериорност, а всушност тој некој друг сакал да каже дека другата страна претпоставува супериорност а не тој, тој напротив кажа „не замислувам дека сум поосебен, поморален, сите луѓе се посебни“ итн. Има живот и надвор од неколку секунди рилси и е потребно поголемо внимание, ама тоа е. Светот надвор од форуми е побавен, јбг.
Демисексуалност беше актуелно години пред да се појават рилс, уште кога беше ерата на 28383 родови. Не е ништо ново де, знаеме за што се работи. Не значи дека ти се осеќаш супериорно, ама дел од мислењава го даваат тој вајб и е мааалку смешно. Малку повеќе.
Многу непотребни коментари во темава и бранење без напад. Шо сте се фатиле за категории и ориентации како слеп за стап? Едноставен збор кој опишува дадена појава. Толку, крај. И друг момент, демисексуалноста не опишува ниту морали, ниту јачина на либидо, ниту број на партнери. Емоционална поврзаност може да се случи од прв разговор до години потоа. И како што почнала, така може и да заврши. Тоа мислам не се спомна никаде? Ако се влоши или исчезне емоционалната поврзаност , завршува и сексуалната привлечност. Ова ми е баш изразено и интересно. Веројатно е дел од спектар, не ми е позната таа тема. Важно ли е? Не е.