Деновиве читам по електронските медиуми ќе се спремал закон против т.н. демнење (англиски stalking), поточно следење или прогон, реално според мене малтретирање. Што мислите, дали е издржано, дали е потребно? Јас мислам да, под одредени издржани критериуми - навистина се процени дека има опасност од насилство. И уште, со оглед на некои појави на форумов, дали и на форумов има некој облик на сајбер демнење и дали и тоа ттеба да биде предмет на гонење?
Браво за темата. Јас сум ЗА да има ваков закон. И демнењето е насилство. Физички последици можеби нема да имаш, но психички да. За на форумов мислам дека е невозможно затоа што поголем дел сме анонимни. Ама затоа има опции пријавување и членот што го вршел тоа сајбер - демнење си добива бан.
Закон нека се воведе, но да нема отстапки и дупки како и во останатите во нашиов правен систем. Нормално дека е потребно, верувам повеќето сме биле изложени на таков стрес или имаме некој близок кој се соочил со демнач. Најмногу ме радува фактот што ќе следува затворска казна од 3 год, односно доколку претходно биле во врска или брак и до 5год. Без разлика дали било онлајн или физички, треба да се санкционира!
Мора да се воведе таков закон, но во нашава држава колку тоа би држело вода? Додека се докаже, утврди, убеди...поминаа години.
Се согласувам да има закон,но да има и ПОЧИТУВАЧИ И СПРОВЕДУВАЧИ на законот,а не само закон на хартија и толку.
ваков закон е изгледа претежно заради насилства меѓу крвно сродни лица и поранешни сопружници што обично затоа полесно се докажува. иако, во развиените големи земји е често и заради јавни лица, претежно жени пејачки, глумици и сл. за да не бидат жртви од лудаци. само што, од тој аспект мислам дека нема потреба за кај нас, речиси сите домашни себеумислени т.н. "старлети" (тамара, елена и сл.) не би ги ни погледнала двапати и би ги одбегнувала да ги начекам некаде. дури мислам дека тие заради фама би си измислувале демначи колку за да ги вртат по медиумите.
Кај нас од мое лично искуство законот важи само за сиромаштијата. Пример Вмро направи толку криминал, 90 % од нив се шетаат слободни. Умре Амди Бајрам, полицијата правеше пратња наместо да апси. Нема одговорност има голема корупција. Џабе закони кога истите се само хартија, во пракса ништо не функционира. Додека не се смени ништо во поглед на имплементацијата на законите и нивно вистинско функционирање, ние ќе бидеме таму кај што сме. Затоа ЕУ и Франција не не сакаат. Не сакаат друга Бугарија. Во која политичарите ќе крадат. Толку на теми со закони.
А тоа што некој што украл храна добива поголема казна отколку некој што убил некого? Само се надоврзувам на мислењето
да, навистина. затоа пишав да има издржани критериуми и проценка на опасност. има безопасни занеси, дечко да се појавува на исти места како девојка бидејќи му се допаѓа, а таа да се направи на шмизла да каже дека ја демне. мислам дека обично најчест случај вознемирување е телефонски повици, пораки на мобилен или на социјалните мрежи. има затоа поставувања за занемарување (игнорирање), а ако се смета дека е претерано, има полиција. иако, сепак треба да се запази моментот на вознемирувачот јасно и недвосмислено да се каже да се прекини контакт. а што мислите, дали има демнење на форумов?
Најпаметно е едните да не демнат односно да не зјапаат а за другите е да ставаат на блок без многу врева.
Да, поддржувам. А верувам и форумов, дека доблесно експресно споделува и поддржува кампањи против врсничко насилство(веднаш штом се спомнат дури). https://mk.hive-mind.community/blog...a-prezemete-ako-ste-zrtva-na-onlajn-nasilstvo https://www.slobodnaevropa.mk/a/koj...akonik-mozhe-da-odi-i-vo-zatvor/32503581.html