Демографски пад - Зошто?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Anon, 14 февруари 2017.

  1. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.777
    Пол:
    Машки
    [​IMG]
    Во далеку полоши услови, далеку поголема сиромаштија, далеку помала безбедност, во понекогаш и окупирана држава луѓето правеле повеќе деца. Не само во МКД туку и во Европа.
    Баба ми родила 5. А имам слушнато приказни за семејства со по 10 деца.
    Како го објаснувате тоа? Зошто луѓето сега кога имаат толку многу повеќе ресурси прават помалку деца од едно друго време кога ситуацијата била далеку полоша, а луѓето правеле далеку повеќе деца?

    Колку родиле вашите баби и прабаби, колку вашите родители, а колку планирате вие?
     
    На Јаневски, Згодно Момче, realGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.687
    Допаѓања:
    10.870
    Пол:
    Женски
    Се еманципираа жените, учат, работат и покасно стапуваат во брак. Контрацепцијата не е веќе баук, па нема секое летенце и детенце. Одлгедувањето дете бара повеќе трошоци што ги наметнува модерното општество... Да не должам, ништо чудно ако пред 100 години жената ја мажеле на 15 и поим немала ни од контрацепција, така да нема потреба да се чудиме од каде толку деца.
    Може да се разгледува темата од повеќе агли, а чисто за забава еве од мене:

    Прабаба ми - 9 деца од 2 ца мажи ( се омажила на 16, вдовица останала на 24 и се премажила)
    Баба ми ( учителка) 2 деца
    Мајка ми ( докторка) 3 деца

    Јас би сакала 3, здравје Боже.
     
    На duffi, SuperGirl24, Sesil и 12 други им се допаѓа ова.
  3. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.283
    Ne e deka site neznaele za kontracepcija.
    Mojata prababa imala 12 deca od dva braka.
    Pokojna baba mi kazuvase kako majka i nejzina i vikala da odi vo bakalnica da i kupi sungerce ama nikoj da neznae. Potoa toa sungerce go seckala na kockici i go upotrebuvala kako kontraceptivno sretstvo, da zadrzi s... da probie kaj sto treba.
    I nejze i bilo zdosadeno od deca ama sigurno moralo toa tajno da se raboti.
    Baba bese prva medicinska sestra posle vojnata i so nea mozese da se pravi apla acik moabet pa taka mnogu raboti sum gi doznala sto zenite pravele vo ranite godini vo minatiot vek.

    Prababa 12 deca
    baba 2 deca
    majka mi 2 deca
    jas 1 dete
     
    На Sesil, Victorian, ♡BuBaLe♡ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    3.133
    Допаѓања:
    29.755
    Пол:
    Женски
    Многу е лошо кога правиме споредба за некоја проблематика во различни временски периоди.
    Жената вложува во образование, кариера, па чека да се вработи па го одложува бракот и раѓањето, кога ќе дојде до некоја поодмината возраст има тешкотии да забремени, и да успее да забремени ќе роди едно, максимум две деца.
    Од друга страна пак голем дел од младината е невработена и не се одлучува на деца баш ради лошите финанскиски услови.
     
    На duffi, Victorian, ♡BuBaLe♡ и 2 други им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.740
    Допаѓања:
    110.602
    Ќе излажам ако не речам дека сум се смеела на воведната слика безразлика што од двете страни, и од кај мајка ми и од кај татко ми, се во просек со 2-3 деца. Сепак тука имаат многу работи улога, а тоа е дали жената ќе гради кариера, дали има соодветна контрацепција и сл.
    Ете ќе почнам од баба ми од страна на татко ми, јас сигурна сум дека она ќе имала повеќе деца доколку дедо ми не починал кога татко ми и чичко ми биле 2 со 4 годиники. Од друга страна другата баба има три деца и едно мртвородено. Мајка ми и татко ми ме имале мене 10 години па после дојде брат ми. Разликата е што првата баба се премажи да, ама цел живот беше посветена на работата, неможеше да си дозволи да има повеќе деца зошто пред да се премажи поголем процент мораше да се посвети на тоа тие да имаат да јадат, да се облечат, да не ги делат во училиште. Откако се омажи, дедо ми (секогаш го викав дедо, никогаш не ме делеше Бог да го прости, не му вервав на мојте ко ми кажаа дека не ми е вистински дедо), имаше две ќерки ама постари кои отидоа да студираат, оттаму имаше трошкови и за нив, па баба ми пак се посветуваше нејзините две деца да имаат, а не да прави повеќе и да има кој да носи дома. Од друга страна другата баба е типична домаќинка, нема работено во смисла на работно место туку на нива и дома. И да била трудна можела до одреден месец да работи, а после ѝ помага свекрвата, комшивката, сваќата и така натаму и од таму таа можи да си дозволи дома да си гледа повеќе деца, и со работата која ја вршеле на село имале повеќе приход. Јас растев со моите дури моите граделе куќа, брат ми се роди непосредно пред да се преселиме и искрено ако причината беше тоа јас сосема сваќам.
    Во глобала мислам дека ете тие се причините, кариера + финансиски проблеми + контрацепција.
    Јас лично, сакам 3 деца, ама ќе речам, ако ми дозволат финансиите, ако не веројатно и јас ќе намалам бројка. Баш ѝ кажав на мајка ми сликата вчера и ѝ викам „Еден ден сакам три деца, друг ден сакам три мачки. Ами шо ќе прам ако еден ден имам три деца и сфатам дека сакам три мачки?:lol:
     
    На Sesil, Victorian и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  6. AnastasiaWinter

    AnastasiaWinter Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2017
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    2.148
    Пол:
    Женски
    Луѓе да признаеме дека денешното општество не само што не поддржува мајки на работното место, туку и ги казнува. Се сметаат (за жал) за товар на фирмата. По породувањето жената може да биде и уназадена, а помала плата зимаат жените секако. И нормално дека секоја жена која вложила труд да се образува и да го добие тоа место, колку и да е голема желбата за дете, ќе го искалкулира ризикот. Плус многу е битна поддршката од семејството, многу е важно да имаш некој кој може да ти причува и припомогне во секое време. Треба да се смени менталниот склоп, да се има повеќе разбирање и да се понудат олеснувања за младите семејства...само така повеќе луѓе би се одлучиле за поголемо семејство, сепак треба да му понудиш некаква сигурност на тоа дете што доаѓа на свет и шанса за добар живот. Животот денес и пред 2-3 генерации по многу работи не е ист..
     
    На akvarium, Victorian и theowndemon им се допаѓа ова.
  7. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    9.526
    Порано имале многу деца, ама се знае дека мажите беа главни во куќата т.е најстариот. Тогаш за жените немало кариера (остај што требало да го праша свекорот за да оди кај нејзините, ги прашувала и деверите колку и да биле па на крај мажот :headbang:), таа да чисти по дома, на нива, кај кравите, кај козите итн. Тоа време било потешко за жената, а па сега ние за се и сешто кукаме, како е немаштија, како имаме болки и ред други работи. Сега е поголема немаштија затоа што ние не можеме едно бахче да засадиме, не па и крави да чуваме, во ова време срамота е тоа.
    Кога ние сегашните жени би се споредиле со нашите баби - прабаби, ние сме шампити наспроти нив.
    Како и да е на оваа тема има баш многу да се пишува, сега да си напишам за себе дека јас сакам да имам многу деца:lol: тоа многу се рачуна од 6 нагоре, ама мајка ми ми вика најдобро било 3. Ама морам да се контактирам најпрво со донаторот :D сама не можам да ги направам. Некогаш па кога ми текнува за породилни болки и јас тогаш мислам да си посвојам мачка:lol:
     
    На Victorian и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  8. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.996
    Еднaтa мoјa бaбa имa две децa. И другaтa имa две. И пoвеќетo брaтучеди штo се генерaцијa нa мaјкa ми и тaткo ми се две децa, реткo пo три. Зaтoa престaнете дa јa прaвите oвaa пoјaвa кaкo мoдa нa рaзгaлените девoјки oд 21 век. Абoртусoт не е измислен пред десет гoдини, бaбa ми ми имa кaжувaнo зa нејзини пoзнaнички штo се "чистеле" нa времетo. И мoите бaби не ни биле мнoгу емпaципирaни, немaле висoкo oбрaзoвaние, oделе нa рaбoтa нo немaле некoјa кaриерa, пo дoмa се рaбoтеле и зa oдење некaде бaрaле дoзвoлa oд мaж им.
    Еднoстaвнo времињaтa се менувaaт, пoвеќетo прoцениле декa мoжaт дa имaaт нaјвеќе две децa и дa им oвoзмoжaт нoрмaлни услoви зa живoт. Бидејќи oд oчигледни причини не се исти трoшoците зa дете нa пoчетoкoт и нa крaјoт нa двaестиoт век.
    Пoрaнo се живеелo oд нивa и децaтa oд мaли рaбoтеле, не oделе пoвеќетo мнoгу нa шкoлo, ги oблекувaле вo aлиштa oд пoстaри брaќa и сестри и дo двaесет гoдини мaксимум веќе биле oмaжени и oженети, тaкa дa трoшoкoт не бил гoлем, oсoбенo aкo се земе вo превид декa пoлa умирaле пред дa нaпoлнaт пет гoдини oд бoлести штo денес се искoренети. Денес, пa и пред четириесет гoдини зa дететo требaaт пaри зa лекoви, aлиштa, книги, oбрaзoвaние, фaкултет и мнoгу други рaбoти штo ги немaлo вo времетo кoгa рaѓaле пo 12 децa. А зa пaри требa и двaјцaтa рoдители дa имaaт дoбрo рaбoтнo местo. А зa рaбoтнo местo требa дa се пoсветиш нa рaбoтaтa, штo сo пoвеќе децa е пoтешкo, oсoбенo кoгa истo тaкa требa дa гoтвиш, чистиш, переш и oпштo дa се грижиш зa куќaтa.
    Oвa е сaмo oд финaнсиски aспект, мнoгу мaжи и жени се сaкaaт дa се врзувaaт сo oбврски oд млaди гoдини или вooпштo, сaкaaт дa шетaaт, дa се зaбaвувaaт и oпштo имaaт пoрaзлични сфaќaњa зa живoтoт oд пoрaнo.
    Јaс, aкo вo иднинa имaм дoбрa рaбoтa и мaж сo кoјa зaеднo ќе се грижиме зa дoмoт и децaтa, би сaкaлa дa имaм три децa, нo имa уште мнoгу време зa тoa.
    Истo тaкa и мaчкa или три.
     
    На Bender Rodriguez, Sesil, Victorian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Stellata

    Stellata Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2017
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    На повеќето нашите прабаби и баби не ги ни прашувале туку ги давале, па и со мираз само некој да ги земе, не пак да имаат избор колку деца ќе раѓаат. Крава се прашува дали сака теле секоја година? Во време кога школо не е за женско, жена се слуша за две работи кога рече ајде да јадеме и ајде да си легнеме, а деца си требало за едно да трча по кокошките, едно по козите, едно по телците итн.
    Не се враќа тоа време.
     
    На Asparagus, Sesil, okcenzi и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    32.745
    Пол:
    Машки
    [​IMG]
     
    На Asparagus, Sesil, okcenzi и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.978
    Допаѓања:
    5.445
    Моите баби една со 4, друга со 3 деца. Моите тетки, чичковци, сите по 2 деца. Финансиите се важни во денешно време. Не е како порано, само да ги има децата на број. Сега е поинаку. Од мало на детето му треба мобилен, курсеви, облека, што порано било лускуз.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.646
    Допаѓања:
    49.416
    Пол:
    Женски
    Да живеев во минатиот век, сега веројатно ќе имав две деца веќе. Ама ете...
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    1.519
    Пол:
    Машки
    Финансиите во Македонија и во многу други земји од Источна Европа се, ама во Западна Европа и не се баш главна причина поради демографскиот пад, доказ за тоа е Германија, која е една од најдобрите земји за живеење, а има најмал природен прираст во Европа и дневно губи некаде околу 700 луѓе.

    Во Македонија финансиите се главна, ама има и други причини поради кои брачните парови ретко се одлучуваат за 3 или повеќе деца. Мислам дека луѓето во денешно време се плашат од многу обврски, сакаат што е можно полесен и полежерен живот, а колку повеќе деца, толку повеќе обврски.
    А неможе да се спореди времето пред 50-60 и повеќе години со сега, тогаш луѓето имале повеќе деца ама имало кој да ги чува, мајката постојано била со нив, бидејќи тогаш ретко која жена работела, денеска е поинаку, многу жени работат и ако не живеат со бабите и дедовците, мораат да ги праќаат децата во градинка или забавиште, а тоа чини пари. Исто така порано биле потребни многу помалку финансии за да се израснат децата, денеска е поинаку, има многу работи кои во минатото ги немало а сега секое дете сака да ги има (телефон, компјутер и сл.), а за родителите сигурно е најтешко кога неможат да го обезбедат она што го сакаат нивните деца.

    Al Jazeera Balkans, овие денови обработува тема со наслов ,,Nestajanje'', во која се говори за демографијата во поранешна Југославија, па еве една емисија и прилог во кои се говори и за Македонија.
    http://balkans.aljazeera.net/video/regija-mariova-ostala-gotovo-prazna
    http://balkans.aljazeera.net/video/kontekst-nestajanje
     
    Последна измена: 15 февруари 2017
  14. Frose Nose

    Frose Nose Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2017
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Демографскиот пад не е само од економски причини туку и поради тоа што жената македонка го напушти оној стар принцип дека на жената и е местото само во кујната и да чисти низ дома, туку почна да гради кариера, да внимава на својот изглед, да сака да излезе а не да биде роб во домот....
    Сега се чувствува тој демогравски пад поради тоа што сега тие што имаат по 70-80 години и се на крајот на нивниот век во нивно време се рагале по 7-8 деца а сега едно-две и нормалнмо дека ќе има поголем морталитет отолку фертилитет. Мислам дека за десетина години тој пад ќе заврши и ќе тргне по нагорна линија затоа што сега повторно е во мода да се има 2-3 па и повеќе деца.
    Додека кај албанците посебно во руралните средини фертилитетот е сеуште голем но со текот на времето и таму ќе почне да опаѓа затоа што и албанската жена се повеќе почна да се еманципира да оди на работа, да гради кариера... но сеуште тој процес во руралните средини е позабавен и нема толкава прогресија.
    Она што придонесува за колку толку балансирање и да не дојде до драстична промена во едничата демогравска слика на Македонија е тоа што кај албансата популација иселувањето е подрастично,м не само оние од економски причини туку и фактот што многу од женската популација се мажи во Турција, Албанијам Косово, Швајцарија, Германија со што трајно се иселуваат.
    За оние кои не ги познаваат овие факти ако го гледаат само фертилитетот и морталитетот ќе помислат дека се они над 30 проценти што не е точно, да беше така ќе сакаа да се направи попис. Но тоа е веќе друга тема за некоја друга дискусија.
     
    На Victorian и Tanjamm им се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.083
    Пол:
    Женски
    Тоа не се случи преку ноќ, туку започнало некаде во пресрет на 20-тиот век. 7+ деца, кои не биле реткост во минатите столетија, се свеле на 3-4 во просек. Поврзано е со зголемената миграција од село во динамичниот и понапреден градски живот, а дури и руралните области почнале да претрпеле влијанија од градот и се прилагодувале на новото време (што се одразило и врз бројот на деца). Денес, секако, просекот е уште повеќе опаднат, интересно е да се спомне дека белата раса е најпогодена од овој „феномен“.
     
  16. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    1.519
    Пол:
    Машки
    Европа е најпогодена од ,,белата чума'', а во Азија и Африка популацијата ненормално расте, на пример Нигерија во 2006 година имала 140 милиони жители, а сега има околу 190.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.083
    Пол:
    Женски
    :D


    Страшно... После цела планета трпи последици од пренаселеност. Зошто не се трудат да ги едуцираат?
     
    Последна измена: 16 февруари 2017
  18. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    1.519
    Пол:
    Машки
    Па незнам, можеби се трудат, ама очигледно нивниот труд е залуден, битно многу брзо се зголемува популацијата во цела Африка, без разлика на која религија припаѓаат луѓето, а во Азија најлошо е во муслиманските земји. Во Африка сега има околу 1 милијарда и 100 милиони луѓе, а ако не се подобри ситацијата, се проценува дека во 2050 ќе има околу 2 милијарди и 500 милиони, а во 2100, 4 милијарди и 400 милиони, па доста е дел од овие да тргнат накај Европа, и готови сме, поцрневме :D.
     
    Последна измена: 16 февруари 2017
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.083
    Пол:
    Женски
    Нека им воведат закони. Политика за планирање на семејството.
     
    На Victorian и Sashko1992 им се допаѓа ова.
  20. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    1.519
    Пол:
    Машки
    Треба да ја земат за пример Кина, таа од 1979 до 2015, имаше политика на едно дете, и успеа значително да го намали природниот прираст. https://en.wikipedia.org/wiki/One-child_policy
     
    Последна измена: 16 февруари 2017
    На Victorian и sjdgo им се допаѓа ова.