1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Демографски пад - Зошто?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Anon, 14 февруари 2017.

  1. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Сега сите "помодерни" повеќе се заосноваат на професионален план, второ, состојбата на населението сето тоа што за жал го одбележува 21 век, донесува страв кај поединците да основаат семејство, деца. Потоа здравствени услови, порано повеќе се боледувало точно, ама денеска напредува медицината, па се создаваат честички за да предизвикуваат неплодност кај жени па и мажи, со цел да се намали населението. Дрога, пушење, алкохол со текот на годините докажано е дека се повеќе и повеќе се употребува, нормално со тоа следат и последиците. Друго- социјалните услови, беда, луѓето ни физички ни психички не се спремни за деца. И веројатно ред други работи. Инаку јас би сакала 2 максимум, па колку ќе испаднат незнам, само нека се живи и здрави:inlove::l:
     
    На Tanjamm и elimkd им се допаѓа ова.
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Нашата планета е населена со 7 милијарди луѓе, а има ресурси за 4 милијарди, потоа продолжен е и животниот век кај луѓето со сите тие лекови, оние болните, изнемоштени и стари луѓе кои се непродуктивни. Точно е дека се поголема е и неплодноста, но од друга страна присутно е и инвитрото и напредната медицина за зачнување.
    Денес оваа бројка на население ќе беше можеби поголема да не беа во минатото сите тие 'чуми' како и војните каде милиони луѓе загинаа.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Сликата во воведот ме асоцираше на една од оние рекламите во склоп на владината кампањата за зголемување на наталитет од пред не знам колку години, коишто сè уште ги вртат на МТВ понекогаш :lol:
    Знаете, онаа со дедото кога се сеќава на дамнешни времиња: неговата баба имала *некој двоцифрен број* деца што ги одгледувала за време на Првата светска војна, па они биле 7/8 деца за време на Втората светска војна... немале многу, ама сепак убаво им било - за разлика од денешниве млади што чекаат дипломирање, работа... итн итн :D

    Зошто демографски пад? Поради промени во општеството што се сосема разбирливи за толку долг период.
    Луѓето во сегашните развиени земји и нации имаат повисоки критериуми за тоа што се нормални животни услови и ресурси (првенствено да можат да се издржуваат самите себе, па потоа и доволни за да создаваат потомство и да му пружат пристоен живот), имаат амбиции (и мажите и жените) да се посветат на надградување на образовен и професионален план, наместо семејството и децата да им е единствен приоритет...
    И тоа воопшто не го гледам како нешто негативно, ниту пак ми е логично во современово општество од тој аспект некој да жали по времињата во кои имале по 7-8 деца со кои најчесто живееле во бедни услови... Затоа и рекламава што ја опишав погоре, и ваквите споредби ми се ептен ирелевантни :tmi: 8-|

    Инаку, за мене лично - ако имам деца, би сакала едно или две.
     
    На Bender Rodriguez, Tanjamm, okcenzi и 3 други им се допаѓа ова.
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Јас располагам со точни податоци за сите членови на мојата фамилија од почетокот на 20-тиот век. Никој од нив немал повеќе од 4 деца. И тоа 4 деца во времето на бејби-бумот, по Втората светска војна. Претходно биле по 2-3. И знам дека до пред 50 години, на жените често им умирале новороденчиња. Ама претпоставувам дека доколку им преживееле, немало воопшто да ги раѓаат наредните, така што, веројатно би му дошло исто.
     
    На Someonespecial и Victorian им се допаѓа ова.
  5. akvarium

    akvarium Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    124
    Моите баби немале повеќе од 2 деца, а искрено познавам многу парови брачни кои што така седат без деца, не сакаат да ги имаат едноставно, неможат, и двајцата и мажот и жената одат на работа, и нема кој да ги чува, не е како порано, жената да седи дома и да ги чува децата.
    Башка некој погоре постираше за проблемот со пренаселеност на планетава и немање доволно ресурси, затоа и како што Ванѓа има предвидено, точно ради немање ресурси, и голема економска криза каква што е во моментов, ќе избувне и трета светска војна, и Америка ќе ја уништи Европа со современо оружје на замрзнување, тоа го предвидела Ванѓа, добро се разбира и тука е проблемот со ширење на радикалниот ислам кој ќе преовладее во Европа до 2060тите години.
     
    На Lolo5 и elimkd им се допаѓа ова.
  6. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Сосема е неточно дека има проблем со пренаселеност. Не има повеќе од 7 милјарди. И што се случи? Немаме за јадење? Немаме каде да живееме?

    Некои држави имаат проблем со пренаселеност. Ние имаме спротивен проблем.
     
  7. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.523
    Пол:
    Машки
    Па Македонија и останатите европски држави секако дека немаат проблем со пренаселеност, немаат проблем ниту Северна и Јужна Америка, ниту пак Австралија, ама затоа имаат, а ако не се промени ништо, во иднина ќе имаат уште поголем проблем скоро сите држави во Африка и муслиманските држави во Азија.
    А што се однесува до храната, храна има доволно за сите 7 милијарди, ама не може секој да си ја дозволи, па затоа околу 11% од светската популација се гладни.
    http://www.fakulteti.mk/news/15-08-08/okolu_11_od_svetot_ili_800_milioni_lugje_se_gladni.aspx
     
    Последна измена: 17 февруари 2017
    На elimkd и sjdgo им се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Природата се уништува во служба на нови населени места и други потрошувачки потреби.
    На оние неисконтролирано размножени народи ќе им треба животен простор и ќе тргнат по него. Така се менува демографска слика и паѓаат цивилизации.
    Ако, пак, сите народи почнат да се размножуваат со јак интензитет, цело време ќе има војни.
     
    На Konfetka, Someonespecial, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    ОК, ама тоа не е релевантно кон нашиов муабет. Јас зборам за Европа и конкретно за Македонија.
     
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Ние во Македонија немаме никакво влијание врз светската популација затоа што сме зрно песок во океан. На светско ниво бројот на населението рапидно е зголемено, посебно после втора светска војна и тој факт никако не може да годи, доведува до самоуништување, се уништува флората и фауната за да се градат живеалишта.
    Па еве и да збориме за кај нас, имаме проблем со главниот град-пренаселен е, има капацитет за 600.000 жители, а живеат повеќе, и што се случи? Презагаденост, застој, нефункционалност...
     
    На SuperGirl24 и Sashko1992 им се допаѓа ова.
  11. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.858
    Допаѓања:
    133.182
    Пол:
    Женски
    Прабабите, освен една сите се со 2 деца.
    Бабите 2те по 2
    мајка ми 2

    Не е до времето, до свеста нивна е. Едниот дедо, кој е уште жив, е роден 1936. Кога неговата мајка пред 80+години знаела за заштита, за проблемите од многудетно семејство, некако ми е безвезе млад човек во денешно време да се разраѓа куп деца и да си ја тепа главата како ќе ги одгледа. А во тоа време животот бил многу поедноставен од сега, немало ни пола од оваа технологија што се има сега. Секое време носи нешта кои сами по себе ти се наметнуваат сакал ти или не. Ако некогаш облеката се носела од дете на дете, сега модата се менува додека трепнеш, сигурно не сакаш детето да ти двои од останатите. Некогаш немало телефони, лап топи, таблети, сега има секое дете посебно. Нашите генерации на 5-6 години добиваа нинтендо, денешните деца на таа возраст веќе баратат со лап топите.
    Oд глобален аспект и потребен е демографски пад. Ресурсите се ограничени, се поголема сиромаштија би било ако се продолжи со пораст. Мора да се воведе некаква рестрикција, бар во земјите со демографски бум.
     
    На duffi, Rebecca_R, Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Многудетно семејство значи и ниска образованост и сиромаштија.
    Не сакам да чујам збор дека овде жените се криви што не раѓаат. Овде мажите се криви што сме пред демографска катастрофа. За ова пред крај на постот ке пишам.
    За почеток.
    Не може јас како македонка да си дозволам 5 деца, а сакам.
    Не можам затоа што државата не ми овозможила ништо.
    Ни здравство, ни образование, ни дом, ни работа, ни спокој.
    Најодвратни ми се оние кои начукале по 6-7 деца и ке излезат на телевизија да бараат помош бидејки живеат во нехумани услови и ке речат ние сме прави македонци. Не. Вие ште прави чергари, што очекувате јас да ви ги хранам вашите деца кои ги правевте во иста соба каде спијат другите. Добро бар немаат светло луѓето.

    Ке зборувам лично за мене.
    Кога на овој стандард мм би забаратувал 3-4000 евра, јас 3-4000 евра би размислила и за 5то дете.
    Не е работата роди ги 5-6 и две нека умрат за глад, две од болест, две од неписменост нека бидат аргати и нека се мачат. Ебати мајчинството.

    Државава ни нема градинки за деца од над 9 месеци, а не пак да можеш дете од 2 месеци да го оставиш и да се вратиш на работа.
    Кога јас би заработувала одлично и тие 2 месеци од породувањето би ми биле доволно, зошто ке можам да обезбедам дадилка, додека јас придонесувам за семејството и државата.

    Каде да се породам? Каде да ја водам бременоста? Се тоа приватно и со под ракав пари.
    Мене бременоста ми ја водеше приватен гинеколог кој секој преглед го наплатуваше премногу, а и специјалист кој мм го здроби од частење по илјадарче секоја средба, па винце, па виски, па за породувањето даде од специјалистот, анестезиологот, сестрите до чистачката. Вкупни 170 евра исто колку една количка.
    Ете кај живеам и ете какво здравство имам. Ги жалам оние кои немаат.

    За да детето си го запишеш во градинка, каде чекаат 100 деца на листа за примање, треба на директорката да и дадеш 100 евричи, на негователките по 50( за да ти го чуваат) и на чистачката се разбира кафе, благце и некое сокче.
    Ебати системот, ебати државата. И за тоа едно што го имам, ке треба да ја молам свекрва ми да ми го чува, а со тоа нашата македонска свекрва си зема за право да те држи во заедница и да ти се меша во бракот. Не раѓам.

    Не може една негователка да чува група од 30 деца.Не ги обвинувам.
    Во Шајцарија во јасли една негователка чува 2 доенчиња. Од 2 до 3 год, една негователка чува 4 дечиња, од 3-5 год една негователка чува 5 деца.

    Школите се ужас. Имаме смени, прва и втора. Сироти родители кои работат во смени.
    Епа во Германија тетка ми, односно братучедите одеа на училиште од 7 часот (може и од 5 и 30 да го оставиш детето) до 17 часот. И ги пречекуваат уште во двор. Детето покрај што има сабајле настава, има и два часа слободна активност, па одмараат ( спиење или гледање тв), па со учителките пишуваат домашна, па имаат и физикча активност секој ден.. Дома не носеа книги.
    Ако родителот работи подоцна, детето има право да остане во школото и после 17 часот односно до 22 часот. Негователка ти го чува детето.
    За образование, едукација и забава веке не ми се ни зборува како е.

    Кога ние купувавме стан, во гв секаде беше 600 евра квадрат. На пр: Ако еден од сопржниците зема 300 евра плата, значи еден квадрат ке го отплаќа два месеци. Ако пресметаме и камата од банките е престрашно.
    Ајде ке се одлучиш да земеш 60 м2=36000 евра=72 плати=6 год чисти пари без каматите.
    Ама ако еден зараборува 300 евра и цела плата ја дава за стан. А ако другиот е невработен? М? Ако земам минималец? Како ке изгледаш 5 деца со 12000 ден во 60 м2?
    Каде струја, вода, греење, храна, облека, лекови, книги, екскурзии, одмор итн? Или да живееме ко циганите?
    За почеток немаме стабилно и наше производство. Со приперки, домати и тутун нема напредија има живуркање. Ни треба тешка индустрија за да мрднеме малце од калта.
    Дојдоа странски фирми што ке заминат за најмногу 10 год. АЈ дигни кредит? Ке заглавиш коа ке останеш без работа.
    Во Швајцарија за 4то дете државата дава помош од 20000 евра годишно.
    Зборуваме со братучед ми пред некој ден и кажува за негов пријател кој на 19 заминал, се оженил и еве на 34 има 5 деца. Му рекол зошто да немам 5 деца. Жена ми работи со скратено работно време-зема плата, децата ми ги згрижува државата од градинки, образование, книги итн. Детски додаток земам и плус многу други придонеси. За деца од такви семејста екскурзии, одмори, зимовања се на терет на државата- ко кај нас грујо што ги прати 7 дена до Дојран.
    Вели секоја година може да прави по една кука од 80 м2 за секое дете. Овде кај нас. И точно е. 20000 евра секоја год. Тоа се мои 40 плати односно заработка од 3 год и 4 месеци.
    И мене државава да ми дава толку и јас да работам 4-6 часа дневно, ке бидам и мотивирана за работа и срекна дома и ке можам внимание да им посветам на децата. Да бидам и сопруга и мајка и работник.


    Денес дека сончево излегов да ја прошетам малата. Тротоарите и улиците се се дупки, што мислев дека тркалата од количката ке излетаа. Се преморив и изнервирав, а мислев ке се опуштам со шетањето.

    Искрено јас сакам да имам повеке деца и сакам и да работам, ама ако имам услови, како еврејките на пример. Не сакам да се мислам дали утре керка ми ке се омажи, ке живее со мажот во заедница во две соби и ке иде да ми кука, па да морам јас да ја прибирам кога бракот ке и се распадне, па да мислам што внучињата да ми јадат и како керка ми ке преживее. Па уште ако имам и други 3-4 оф мори мајко
    Не не не и не.
    Ке и озбезбедам образование и живеалиште нејзино, не моето ( кое секако ке го наследи коа ке заминам). Ке и обезбедам мирен живот за да и таа може истото да го постигне.


    Еве Израел е 5 милионски народ. Сите имаат, сите се срекни, сите се задоволни и станаа окупатори. Израел од 600000 народ стана водечка сила. Сега нивните жени раѓаат и по 4 деца, но кај нив за мажите е задолшително виско образование, задолжителна војска. За жените ако сакаат.
    Епа еврејката си живее лагоден живот и ке раѓа, ама кај нив има финансии, се помагаат, нема разводи, нема живеење во заедници по 3-4 генерации.
    Палестина е исто толкава по население но воглавно е неписмена. раѓаат повеке од израелците, но повеке и умираат, поради причините набројани погоре.
    Африканциве раѓаат и по 10 дечиња од кои 3-4 умираат од глад, 2-3 од сида, 2 ке поживат уште некоја год па ке умрат како нечиви робови.

    Во моментов кај нас шиптариве не си ни 17 %, ама тие со време отидоа по белиот свет, заработија, поткупија разни државници, конгресмени итн и денес ние мора да велиме дека се 25%. Ете што прави парата.
    Во своја држава каде сум мнозинство, се чуствувам ко граѓанин од 5ти ред.

    Друга приказна се нашиве мажиња. Она што го споменав на почетокот на постот.
    Уште се тфкаат со мама и тато, место да ги земат работите во свои раце, ама ај налет, тоа е веке друга тема. А ако некоја жена сама заработува, брка кариеа, одма следи мислење дека се ебе со газдата и за тоа успева. И нашите мажиња воглавно се плашат од успешни жени кои не се потчинуваат и не се покоруваат, па за тоа и разводи врчат постојано.
    Епа жена едно ке роди, ке види дека не те бива за татко и за сопруг, ке те остави и ке тера сама низ животот да му обезбеди на тоа дете. Таа нема да роди 4 други. Таа сама ке биде и ке гледа на тоа едно или две да им обезбеди нормално услови.

    Трета приказна се нашиве родители со муабети од типот „не се двои сине од нас, па макар и леб и сол ке јадеме ама заедно ке бидеме, во меѓувреме снајката ке ја малтретираме и деца нема да ти гледаме, ама тебе ке те галиме и секогаш на твоја страна ке бидеме“.
    Кога брат ми заврши со студии сакаше да отиде војска. Мајка ми фати врски да не го викнат. Касно дозна брат ми, а таа се оправда „абе синко за што те школувавме? Ако почне војна прво тебе ке те викнат. “ Да не го пишувам цел дијалог.
    Самоуништувачко проклето македонче.

    Друго што не ви е јасно?
     
    На dunika, duffi, Smilleeeeee и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Askopje

    Askopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    547
    Сите во Нов Зеланд таму има многу место :D
     
    На Anon му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.429
    Пол:
    Женски
    Баба ми 1
    Мајка ми 2
    Јас планирам 1
    Инаку нагло почнаа по три деца да раѓаат поттикнати од додатокот за трето дете.
    Првото го раѓаш зошто сакаш.
    Второто го раѓаш, за да не биде само првото и зошто сакаш.
    Третото за пари!
    Богами да си трето дете во овој период треба да се замислиш и тоа баш добро...
    Секоја чест на исклучоците, некои едноставно сака 3 деца без оглед на се, но поголем број го прават тоа за пари!
    Има и такви што самите си признаваатдека направиле трето дете за 8000 ден месечно, па после кукаат оо групине со прашањето: Има пари за трето дете?
     
    На LollySky, Askopje, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  15. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.170
    Пол:
    Женски
    1. Никогаш немало толку парови што не можат да имаат деца. Кој знае што јадеме и што пиеме!
    2. Абортусот никогаш не бил во волку голем ек. Сега и на девојчиња од 15 години им е достапен.
    3. Финансиите. Порано со плата од 18.000 можеше да се изгледаат 3 деца, а сега едно неможеш бидејќи имаме сметки за интернет, мобилни телефони кои ги менуваме на секои 2 години а ако сакаш да бидешво тренд треба да го купиш над 200еур. На свадба без нов фустан, нокти, фризура и шминка оди ли некој сега? Порано трајна правеа нашите мајки и кармин ќе стават и толку , а сега подлоги, фиксатори, хајлајтери и што уште не не постои. Коли има во секое домаќинство мин по една и нигде не се оди без кола, а бензинот скап, регистрациите скапи. Возачките за полагање порано беа 6000 преку сила а сега се над 500евра од прва ако положиш. Се излегува по кафичи, кафани порано тоа не постоеше. На гости моите си одеа и ги пречекуваа со сокче за растварање ино-спектар и кисела зелка салата, сега се прчосуваме пити, пици, поховани даско шо да ти расправам! Се си прави наредокот на општеството и се повеќе работи постојат на кои што мора да трошиш ако сакаш да се социјализираш. Има многу работи но ќе треба да пишувам до утре сабајле....
    И како ти ќе им овозможиш се на твоите деца ако ги имаш три или повеќе?
     
  16. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.523
    Пол:
    Машки
    Според Pew Research Center, американски сајт, кој меѓу другото се бави и со демографските трендови во светот, 10 држави во 2050 година ќе немаат повеќе христијанско мнозинство, меѓу тие 10 е и Македонија. Според нив во 2050 година во Македонија 56.2 % од населението ќе бидат муслимани (Албанци, Турци, Роми, Бошњаци). http://www.pewforum.org/2015/04/02/religious-projections-2010-2050/pf_15-04-02_projectionstables18/
     
  17. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    демографски пад зошто : ВМРО
    македонски жени со плитки стандарди/воодушевување од странски пасоши, зошто : ВМРО
    у германија македонки 'улични дами' зошто : ВМРО
    неможам да најдам работа според струка ни како магистер зошто : ВМРО
    само ја знам пет жени што се у дубаи на сомнителна работа зошто : ВМРО
    ја мразам државава и се надевам дека за максимум 5 години ке се иселам, зошто : ВМРО

    се што може да ти текне негативно што ти се дешава у твој живот или у живот на некој што го знаеш е поврзано со вмро, зошто : затоа што веке неам појма колку години се на власт, ако сорос беше крив требаше веке да преземат нешто одамна...подобро да се распадне државата наеднаш па тие што ке се вклопат ке се вклопат, тие што ке се искурваат ке се искурваат, тие што ке избегаат избегаат...отколку вака држава на стара слава, стара колку иљадниците километри што ги поминуваат јадните странци гладни за акција
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Накратко, демографскиот пад се должи на развојот и напредокот, додека многудетноста е одлика на недоволно образование, непознавање или недостиг на контрацепција, потчинетата улога на жената во општеството, лошите услови на живот, итн.

    Порано, на нашиве простори луѓето имале многу деца не од некакви алтруистички или патриотски побуди – едноставно, не знаеле дека работите можат да се прават поинаку или подобро. Грижата за децата била на многу ниско ниво, а здравството било практично непостоечко – најголем број од родените деца не живееле доволно долго за да станат возрасни. Од тој аспект, не сме биле многу поинакви од животните, кои се трудат да се размножуваат што е можно повеќе, за да се осигураат дека позади себе ќе успеат да остават потомство.

    Од друга страна, денес, никој нема потреба да има 10 деца – затоа што и да има само две, шансите дека тие две ќе преживеат се огромни – што не било случај во некои подамнешни времиња. Освен тоа, стандардот на живот денес е неспоредлив со оној од минатото и секој родител сака да му овозможи што е можно подобар живот на своето дете, наместо да се задоволи со негов гол опстанок. И секако, огромна улога игра и еманципацијата на жената, која денес е рамноправна со мажот и самата одлучува за своето тело и за тоа колку деца ќе има.

    Се на се, демографскиот пад не е лоша работа, напротив – како што веќе реков, тој е одлика на развојот и напредокот на човештвото.

    Форсирањето на национални кампањи за зголемување на бројот на деца во локални популации е појава на дешеницата која, барем за мене, е парадокс сам по себе.

    Од друга страна, изјавите како „Пренаселеноста не е проблем на Македонија“ се и повеќе од наивни. Исто како да речеме дека „Сечењето на дождовните шуми не е мој проблем, пошто живеам у Македонија, а не у Панама“ или „Озонската дупка над Антарктикот не е мој проблем, затоа што живеам у Македонија“.

    Сите овие проблеми се глобални, а не локални, и колку побрзо сите го сфатиме тоа, како жители на Земјата, толку подобро за сите нас. Проекциите се дека, ако продолжи сегашниов тренд, до 2050 година, на Земјата ќе има 9.3 милијарди жители. Човекот е единственото суштество за кое природата нема механизам за контролирање на популацијата – нема природни предатори, а болестите и неплодноста се работи кои повеќе или помалку, се лечат.

    Затоа, останува на нашата свест како човештво самите, свесно, да реагираме на вртоглавото зголемување на популацијата – пред да биде доцна. Затоа што необновливите ресурси немилосрдно се трошат, а обновливите се трошат побрзо отколку што им е потребно да се обноват.

    И ако не се реши проблемов во наредниве 100-200 години (а можеби и поскоро), нашите потомци, заедно со потомците од целиот свет, ќе гладуваат, ќе немаат чиста вода за пиење и ќе немаат кај да живеат. Затоа што, кога веќе ќе дојдеме до таа фаза за пренаселеноста да почне да станува осетен проблем, тогаш веќе ќе биде предоцна да се бара решение.

    И тогаш, на никој нема да му биде гајле што на почетокот на 21-иот век Македонија имала проблем со наталитетот и форсирала кампањи од типот „Имај трето дете“. И не, нашите потомци кои ќе живеат во оваа мрачна верзија на иднината нема да ни бидат благодарни што ние, на времето, сме се труделе со кампањи за многудетност да ја спасиме македонската нација од исчезнување. Затоа што тогаш исчезнување ќе и се заканува на целата светска популација.
     
    На theowndemon, Stellata, Rebecca_R и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Факт е дека ресурсите од планетава се трошат расипнички, иако се необновливи.

    Нема да ја бидне државава, се содека со вода за пиење ние се бањаме, миеме садови и переме теписони.


    Јас лично не би одбрала да израснам повеќе од две деца. Сметам дека освен финансискиот аспект, кој, без дискусија треба да е на едно задоволително ниво, целиот тој процес на растење на деца одзема време и енергија. А не би сакала да бидам затрупана во обврски околу домот и работата и на крајот од денот да не можам да им посветам квалитетно време на децата. Сметам дека родителот треба многу внимателно и со многу љубов да пристапи кон секое дете а секојдневните обврски ја скратуваат таа можност. Времето не ограничува и нема таква околност која би го сменила овој мој став.
     
    На Someonespecial, okcenzi, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Нашите бенефактори, филантропите, богатите, моќните не учат како да се „еманципираме“, истовремено ја стегаат економијата за да нема ресурси за посиромашните класи, туку само за нив, многу повеќе од она што реално им треба.

    И ти работи, прибирај уште за нив и радувај се како тоа си еманципиран човек, како тоа имаш слобода, како тоа „сите“ други скоро идентични на тебе се „позатуцани“ од тебе, а всушност стопанот ја контролира големината на стадото.