1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Демографски пад - Зошто?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Anon, 14 февруари 2017.

  1. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    @Bender Rodriguez Муслиманите ти се благодарни за твојот алтруизам и желата да ја спасиш планетава. Додека тие го прават своето 5-то дете ти можеш комотно да одиш на варијанта ко на сликата: абортус и куче.
     
    На Згодно Момче и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.011
    Допаѓања:
    7.686
    Пол:
    Женски
    A ti do koe dete si stignat?
     
    На Konfetka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.324
    Imav eden kolega na fakultet koj napravi test so A+ po eden seriozno tezok predmet.
    Mu velam "daj da te slikam so testov pa ke pustam na majka ti da te vidi".
    On: " majka mi rodila 15 deca , neveruvam deka ke me prepoznae".:rofl:

    Ne e sala voopsto, cista vistina.

    I prababa mi rodila 12, se prasuvam dali gi poznava.
    Za poveke deca najveke e potrebno vreme i zelba da se ima.
    Pominaa vreminjata koga se menuva peleni, se hrani i se cuva da ne se udri (toa vo dr. tema go spomnav).:doh:
    Denes decata se cuvaat na sosem drug nacin za koj najvazno e strplenie. Treba se na tokmu da ti e da si smiren i posveten i malku sreka so parite.
    Ne sum od tie sto ke se otkazam od se za da ima za deteto, ako ne mislam deka ke mi stigne za se, ne vleguvam vo nikakvi prosiruvanja na semejstvoto. Ednostavno sum taa koja ke bide nervozna ako se ne i e na broj.
    So nervoza deca ne se gledaat, vo toj slucaj sedisi so edno ili niedno.
     
    На Sesil, Anon и LollySky им се допаѓа ова.
  4. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Па додека постојат луѓе што се плашат дека 3 месечното бебе ќе ги слушнело кај што водат љубов, и после дека би имало трауми... Нормално дека ќе опаѓа наталитетот...

    Порано многу им било гајле дали децата во иста соба ќе ги слушнат... Си работеле старите и секое летенце ете ти детенце :inlove:
     
    На Someonespecial, theowndemon, Anon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Поважно е кој се размножува, пред дали и колку се размножува.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    А кој е твојот предлог - затоа што муслиманите имаат по 5 деца, ние останатите да имаме по 6? :D

    Аргументов ти е као кога некој политичар ќе го обвинат за крадење, па он ќе каже - "Еее, ама оние пред мене многу поише крадеа". :D

    Ако некоја работа не е во ред, тогаш не е во ред - без разлика кој ја прави. И не е оправдување за нас да правиме нешто што знаеме дека е погрешно, само затоа што некој друг го прави истото.

    Религијата не е проблемот - проблемот е ниското образование и генерално, животниот стандард, како и потчинетоста на жената во овие "многудетни" општества.

    А решението за пренаселеноста е во едукацијата, но пред се и над се, во еманципацијата на жената.
     
    На Konfetka, Someonespecial, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Не сум женет и немам деца. Но, кога би бил женет би имал онолку колку што жена ми е спремна да роди.
    Сакам да ти кажам дека за да го решиш проблемот со пренаселеност, што за мене, воопшто не е проблем, ќе ти треба координирана акција и согласност на сите во светот. Ако ти сам на своја рака решиш да не се размножуваш со цел да го спасиш светот, наместо тебе ќе прават деца некои други.

    Дали не си свесен за тоа кои се негативните последици од слаб наталитет?

    Целата држава и општество одат во надолна линија. И после ќе се чудиш зашто ти воведуваат двојазичност, а после зашто и шеријат.... Во сопствената држава ќе бидеш малцинство. Твојата нација, култура, јазик... ќе ги нема.
    Не знам дали виде пред некој ден тоа што го кажуваа на вести. До не знам којa година, дали 2050, Македонија ќе биде мнозинско муслиманска држава. За да се спречи тоа би требало да се направат уште, еве да речеме, 2,000,000 плус Македонци.
    И сега кажи ми што е подобро, да ја нема Македонија и македонците или да придонесеме малку кон наводниот проблем со пренаселеност. И плус рачунај, ако ние вака великодушно се откажеме од размножување не значи дека и другите во светот ќе се откажат.

    Башка што државата не може да издржи таков товар на немање млади луѓе.
    Пензискиот и здравствен систем одат во крах. Пензискиот зошто оперира на систем на меѓугенерациска солидарност, што значи дека луѓето што сега работат и уплаќаат во фондот фактички ги плаќаат пензиите на тие што сега ги примаат. Ако дојде до таква ситуација каде имаш Х луѓе што уплаќаат во фондот, а 2Х луѓе што повлекуваат пари од фондот, тој фонд не може да издржи.
    Здравствениот систем ќе крахира зашто и тој функционира слично, со тоа што има дополнителен товар: старите луѓе трошат најмногу ресурси од системот. Погледнато по демографски ставки, старите имаат најголеми потреби од здравствена нега.

    И на крај да ти кажам зашто пренаселеноста не е проблем.
    Ако се секираш за храна, можам да ти кажам дека огромни количества на храна се фрлаат годишно низ светот. Башка што во иднина, нема да се оди на обично земјоделство. Се ќе оди со агропонски фарми - со вештачка светлина и системи капка по капка што ќе фукнционираат во нивоа нагоре, наместо само да се шират во хоризонтала.
    Што се имаат направено научниците и што се може да се направи во иднина:
    Јас ти гарантирам ако дојде до недостиг на храна ако треба луѓе ќе почнат да прават фарми на Месечина.

    Сите други проблеми како загадување, немање простор се решливи. Не знам дали знаеш, ама гледав некаде, веројатно на интернет, кажуваат дека во времето кога Кина беше во економски бум и секоја година вадеше двоцифрен раст на GDP, нивната влада ги субвенционирала градежните компании да градат повеќе станбени комплекси. Сега во Кина има толку многу станбени комплекси што седат празни, што комотно можат да се вселат цели 3.4 милијарди луѓе.
    Еве го најдов видеото. Делот што не интересира е 4:18.

    Понатаму што? Загадување? Погледни ги европските градови, како тие се справуваат со загадувањето. Има чисти технологии за се: греење, транспорт, се што ти треба...
    Друго што? Немање чиста вода за пиење? Абе ако треба ќе направат нуклеарни реактори што ќе прочистуваат морска вода со електролиза.

    Нема проблем што не се решава со доволно пари. Ако има недостиг скока цената, што го прави проблемот приоритет во економијата, што значи дека ќе се посветат ресурси и ќе биде економично да се реши тој проблем.
     
    Последна измена: 22 февруари 2017
  8. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    @Anon епа ете тоа е и разликата меѓу тебе и @Bender Rodriguez. А мора да кажам, вака од неутрална страна - дијаметрално спротивни гледишта имате.
    Ти си во фазон: Да му умре козата на комшијата. Зошто? Абе затоа што го мразам.

    Да ти објасам попросто, може ќе разбереш. На локално ниво, може тебе ти боде очи тоа што одредени луѓе, припадници на одредена група имаат многудетни семејства. Ама не ти сметаат Кинезите што ги има неколку милијарди? Може живееш во Карпош, ама Скопје, иако во Македонија, сепак е дел од оваа Планета.

    Проблемот лежи што малограѓанштината се занимава со политика, соседот од друга националност и Турските серии, додека ја полева тревата со питка вода. Жално е што ова нема да се смени уште долги години.

    И не, питката вода е необновлив избор. Да можеа до сега веќе ќе направеа вода за пиење од солената вода од мориња и океани. Загадување? Ни тоа не можат да го решат, па ако сакаат и на глава нека стојат. Тоа што е загадено - загадено е. Може само да реагираат и да го забават уништувањето.
    Не Македонија, планетата Земја оди во пропаст, бидејќи изворите за вода за пиење, за неколку години или декади ќе пресушат. За истото тоа време ќе се затрупаме во ѓубре, ама не ти и комшијата, туку целиот свет. Значи наредните генерации или ќе умрат од жед или од некоја болест или инфекција.
     
    На blueeparadise, Mishela, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    @Anon ти јa сфaќaм пoентaтa, aмa сo тoa штo немaш ни еднo дете не си ништo пoaрен oд жените сo aбoртус и куче. Твoите врсници aлбaнци веќе се женети и имaaт пo минимум две децa, just sayin..
    А зa двoјaзичниoстa и шеријaтoт aкo се случaт ќе си бидеме сaми криви, не штo не се мнoжиме кaкo зaјaци, туку штo дoпуштaме секaкви пoлитики дa се дoнесувaaт. Кaкo штo мoжaт aлбaнците сo 25% дa си ги имaaт сите прaвa, мoжеме и ние aкo се нaмaлиме нa тoлку мaлку дa ги имaме, сaмo требa слoгa.
    Ниеден вистински мaкедoнец не сaкa дa му јa снемa нaцијaтa, нo имa реaлни причини зoштo пoвеќетo мaкедoнци мoжaт дa си дoзвoлaт сaмo пo две три децa, кoи мнoгу oвде ги нaпишaa.
    Бaш сегa брoев, мoите бaби и дедoвци, сo нивните брaќa и сестри се 13, a oд нив 10 имaaт пo две децa, еден ниеднo и двaјцa пo три децa. Знaчи уште некaде вo рaните шеесети пoвеќетo престaнaле дa имaaт пo пoвеќе децa.
     
    На blueeparadise и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  10. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.011
    Допаѓања:
    7.686
    Пол:
    Женски
    Очигледно и тебе муслиманите треба да ти се благодарни што продаваш басми во виртуелен свет, а во реалноста и самиот си причина за демографскиот пад кој толку те загрижува.
    Нека ти најде бабо жена, ожени се, склепај 8 деца и рмбај некаде во Немачка или Швицарска по 16 саати на ден, за тоа време бабо и брачата твои ќе ја чуваат жена ти, а може и ќе и склепаат уште некое,сепак најбитно е да се спречи демографскиот пад.
    Е така се дига наталитет, а не со џаболебарење на женски форум и трошење време на огромни постови на возраст кога твоите муслимански другарчиња веќе имаат по неколку комада склепано додека ти си на постдипломски по менаџмент за човекови ресурси и слични курци палци.
     
    На Sesil и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  11. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    ОК. И сега? Немам право да зборам на темава?
    Отварам тема на форум за да разговараме на темава, не да се правам паметен зашто имам 8 деца.
     
  12. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Не сум поарен, ама барем јас забележувам проблем, кој проблем можам да го поправам со тек на време. Не го негирам проблемот и сл....
     
  13. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    „планетата Земја оди во пропаст“
    ОК тогаш да знам, најдобро ич никој да не прави деца ако така.
    Воопшто не сум во фазон да му умре козата на комшијата. Ти кажувам дека нема да пропадне планетава. Сигурен сум во тоа. Може да се зголемат трошоците на живот, може да биде намален стандардот, во смисла ќе се троши повеќе на храна, вода итн, отколку на коли и електроника и патувања, на пример, ама нема да изумреме.
     
  14. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.011
    Допаѓања:
    7.686
    Пол:
    Женски
    Otvorash tema za da gi kritikuvash onie bez deca, a i samiot nemash deca.
    Mislam deka e preochigledno dali imash ili nemash pravo da go pravish toa.
    Ako te interesira zoshto denes lugjeto ne pravat po 12 deca kako prababa ti i pradedo ti, ne mora da go prashuvash Bender Rodriguez ili bilo koj drug za prichinite, zaprashaj se zoshto ti samiot ne zhiveesh taka.
     
  15. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски


    Ти можеш да кажеш и дека има живот на Марс, ама guess what? - Нема!

    Кој дел од изразите необновлив ресурс и натрупување на ѓубре не го разбираш? Јас не зборам дека утре ќе изумре човечкиот род, ами за неколку години, еве нека бидат и декади.
     
  16. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    @Anon, се плашам дека ако продолжиме у насокава која ја даваш на дискусијава, ќе застраниме од темата за демографскиот пад. :)

    Јас веќе реков на што мислам дека се должи демографскиот пад – напредокот, образованието, познавањето на начините за контрацепција, еманципацијата на жената и нејзината еднаквост во општеството – но, демографскиот пад е глобална појава во развиените земји, а не нешто карактеристично само за Македонија.

    Ако зборуваме конкретно за Македонија, ќе се сложам делумно и со мислењата на другите на темава, дека за демографскиот пад се виновни и социо-економските услови во државата – невработеноста, ниските плати, скапите услови за живот, итн., но дури и финансиски ситуираните семејства во државава најчесто немаат повеќе од две, евентуално три деца – што значи дека за намалувањето на наталитетот во поголема мера се одговорни оние работи кои јас веќе ги набројав.

    Што се однесува на проблемите со кои Македонија се соочува како држава, мислам дека нивното решавање е многу покомплексно од едноставно зголемување на наталитетот. Исто така, мислам дека е надвор од доменот на дискусија на темава, па затоа ќе се потрудам да бидам што пократок во однос на ова.

    Двојазничноста не е резултат на огромната бројка на албанско население во државава, туку на лошите политики кои се водат со години наназад во Македонија. А за тоа дали до 2050-та Албанците ќе бидат мнозинство или не, не можеме да знаеме, бидејќи во суштина не ја знаеме нивната бројка ни денес – многумина се сомневаат и во бројката од 25%, но бидејќи не може да се организира попис со години наназад (не навлегувам во тоа од кои причини), оставени сме да нагаѓаме.

    Патем, Македонија се соочува со многу поголем и, би рекол, поитен проблем од намалување на наталитетот, а тоа е масовно иселување од државава – повторно, поради лошите социо-економски услови.Ако работите не се сменат, пред да исчезне Македонија како држава поради намален наталитет, ќе исчезне поради масовното иселување.

    Што се однесува до колапсот на пензискиот систем – во Македонија во моментов има околу 100000 невработени лица – според официјалните податоци на АВРМ, а поради тоа што луѓе тенденциозно се бришат од списокот за вештачко намалување на невработеноста, можеме да претпоставиме дека бројката е и поголема.

    За да функционира пензискиот систем правилно, потребно е да имаме однос на вработени и пензионери од 10:1, што значи – неговото функционирање е директно поврзано со бројот на вработени, а не со наталитетот. Да имавме 0% невработеност, а сепак да му се закануваше колапс на пензискиот систем, ќе можевме да збориме за тоа дека проблемот може да се реши со зголемување на наталитетот. Вака, јасно е дека проблемот може да се реши само со нови вработувања, а не со раѓање на деца. Дополнителен дел од проблемот е во тоа што најголем дел од вработените се со минимални и ниски плати, па делот кој го одвојуваат за пензискиот систем е исто така сразмерно мал.

    Но, да се навратам на демографскиот пад.

    Во теорија, точно е тоа што го велиш за пренаселеноста, недостигот на храна, питка вода, природни ресурси и загадувањето – ниту еден од овие проблеми во принцип не е нерешлив.

    Но, за решавање на секој од нив поединечно е потребна глобална иницијатива и заедничко дејствување.

    Истото како што ти велиш дека е „Џабе што јас ќе имам две деца, кога некој друг ќе има пет“, јас можам да го кажам за останативе прашања. На пример, „Џабе е ако ти возиш електрична кола, кога комшијата ти вози Југо“. Или „Џабе е што ти ја затвараш славината додека миеш заби, кога комшиката ги полева цвеќињата у бавча“. Или „Џабе е што ти се грееш на пелети, кога тој до тебе гори гуми и паркети“. За секој од овие проблеми е потребна кампања на глобално ниво и ресурси со кои истата ќе биде поддржана.

    Како што и самиот спомна – за решавање на проблемите на денешницата (а особено, на иднината) се потребни пари. А ако се навратиме на Македонија – ние како држава, немаме ни средства, ни ресурси за ниту еден од проектите кои ти ги наброја. А ако мислиш дека некоја друга земја ќе го финансира агропонското земјоделство, прочистувањето на водата и „зелените“ технологии за намалување на загадувањето во Македонија, од чисто алтруистички побуди, тогаш си навистина наивен. Богатите земји и индивидуи несомнено ќе најдат решение за своите проблеми, но истото не може да се каже и за сиромашните. Поради тоа и денес имаме земји кои фрлаат храна и земји кои гладуваат, земји кои расипнички трошат питка вода и земји кои немаат вода за пиење - овие драстични разлики се среќаваат и во една иста земја - помеѓу богатите и сиромашните.

    Затоа и реков дека демографскиот пад на глобално ниво во суштина е наједноставното решение за проблемите кои произлегуваат од зголемувањето на наталитетот. И што е најбитно, демографскиот пат се наметнува како нормален тек на работите, а не како нешто за што е потребно да се донесе свесна одлука или за што е потребно да има кампања и иницијатива.

    Никој од луѓето денес не рекол „Јас ќе имам само едно или две деца, затоа што сум загрижен за проблемот со пренаселувањето“ – особено не во Македонија. Желбата, односно потребата од помало потомство е нешто што логично следува од условите во кои живееме денес, а кои се доста поинакви од оние во минатото.

    Денес човек не мора да има 10 деца, за да се осигура дека барем едно ќе преживее – дури и ако имаш само едно, практично ти е загарантирано дека дочекаш да стане возрасен човек. Денес опстанокот не ти зависи од тоа колку деца кои ќе ти помагаат околу домашните работи ќе имаш – ретко кој е зависен од сопствено производство, речиси сите се некаде вработени. Денес не е доволно детето само да ти преживее – сакаш да му овозможиш што е можно повеќе – храна, вода, алишта, топло живеалиште, образование, внимание, љубов. Денес, бидејќи сите знаеме како се прават деца и за начините на контрацепција, можеш да имаш секс, без тоа секогаш да резултира со раѓање на ново дете. Денес жената има еднакви права со мажот и еднакво право во одлуката за тоа колку деца ќе има – повеќе не е само машиња за правење бебиња.

    И демографскиот пат е резултат на сите овие ствари кои ги набројав.

    И затоа и реков дека со зголемување на свеста кај луѓето, подобрување на животниот стандард, сексуална едукација и еманципација на жената, пренаселеноста е проблем кој најверојатно ќе се реши сам по себе – без потреба од иницијатива од широки размери – како што беше политиката на едно дете во Кина, на пример.

    Од друга страна, кажи ми што е поедноставно – да се реши проблемот со пренаселеноста, или да се решаваат сите проблеми кои неминовно ќе произлезат од неа?

    Да им се дадат еднакви права на жените во целиот свет или да се прават фарми на Месечината? :D
     
    На blueeparadise и Someonespecial им се допаѓа ова.
  17. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Па не ги критикував.
    Кажав дека е штетен феномен.
    Првиот пост на темава прашува за причините зошто се случува тоа. Прочитај го уште еднаш. Јас кога одговарав на темата одоговарав на таа идеа дека имаме страшен проблем со пренаселеност на планетава па затоа и ние во Македонија треба да не правиме деца, и плус треба самоинцијативно, без кооридинирање да го правиме тоа.

    Ребека чистата вода не е необновлив ресурс.
    Ѓубре? Ќе се рециклира.
    Ниеден од овие проблеми не е нерешлив. Ти кажав и погоре, ако треба ќе се произведува вода со електролиза од морска вода.

    Па фарми на Месечината се разбира. :D
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    @Anon епа зошто не ја филтрираат? Зошто во Африка луѓето умираат од жед?
    Да кажеме дека може да се произведе вода со електролиза. Знаеш кои се можните последици од пиење таква вода и дали животната средина би страдала после самиот процес?

    Ѓубре, еве го, зошто не го рециклираат?
    [​IMG]

    Јас не зборам што би било, кога би било. Ние веќе се соочуваме со проблеми, ама тебе ти боде очи тоа што ќе ти ја снемало државата, јазикот и знамето, јер некој решил да склепа 13 деца.
    А што правиш ти по прашање питка вода, ѓубре и "изумирање" на твојата нација? Седиш удобно пред твојот електронски уред и велиш дека треба да се врати трендот на многудетни семејства.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    Абе луѓе, што се секирате... Јас околу мене сум сведок само на раст на наталитетот. Девојки на возраст од 20-23 години ќе се мажат, две од нив чекаат бебе, кај и да е ќе биде сигурно и третото.
    И ова само од блиска околина. Сите околу мене зборуваат за деца и бракови, луѓе со кои до вчера сум одела во диско, за некој месец ќе чуваат бебе. Е сега, "децата" што ќе чуваат деца е веќе друга работа. Тие ќе го напуштат факултетот, немаат работа, а тие деца кој ќе ги чува и прехранува? Или нека биде онаа старата, секое летенце детенце, па нека ги чуваат родителите на 20 годишниците ако не, или нека умираат за глад.

    Не е работата само да се роди дете, тоа е живо суштество на кое му е потребно храна, вода, облека и си има други мал милион потреби. А за да се имаат деца, треба прво да си во ок финансиска состојба, да завршиш прво факултет, да најдеш стабилна работа, и исто така важно - да созрееш. Зошто што ако јас изродам 5 деца до 25 години пример, и уште 10 000 млади мајки истото го направат, ако мене наеднаш ми текне дека сум си ја скратила младоста и ги оставам децата да си кршат глава, без никој да се грижи за нив? Или битна е само бројката? А додека завршам јас факултет, магистратура, да најдам работа, да не зборуваме да си обезбедам свое место за живеење... веќе 30ката не ми бега. А и со кого ќе ги правам тие деца? Можеби во меѓувреме нема да најдам соодветен партнер, во кој ќе се заљубам, или што, и тоа треба да биде ради реда само колку да се роди дете? Кога веќе ќе стигнам до 30 години, под услов да ми е решено станбеното прашање, добра финансиска состојба, хармоничен брак and all that искрено и да сакам, кога ќе ги родам тие 5 деца?

    А муабетот за муслиманите... Ако на некои од нив им е целта да ја затруднуваат жената на секое, и таа како машина да им "штанца" деца само за тие да се во поголем број и бројно да ги надминат христијаните и слични болни замисли... јас не планирам да раѓам 10 деца заради таква цел, зошто тие во мојот живот не треба да претставуваат само бројка ко многу што прават пример, трето дете за паричен надоместок. На тие деца им е потребен дом, љубов и услови за живот. Ако тоа не можам да им го обезбедам, нема ни да ги раѓам.
     
    На AnastasiaWinter, Tanjamm, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Така се програмира популацијата затоа што е доволно населена планетава моментално и повеќе од доволно. Не ни треба да има многу луѓе, не сакам гужви. Единствена забелешка ми е што не се позастапени бледолики, природно русокоси луѓе со сини очи и црвенокоси исто.
     
    Последна измена: 30 март 2023